Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, без срам, сега им нуди септемвриско покачување помалку од колективниот договор

СДСМ им се закануваше и ги уценуваше просветните работници, кои го користеa уставно загарантираното право на штрајк. СДСМ користеше манипулации и деградирања, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ ги дискриминира вработените во детските градинки и им ги скрати априлските плати. СДСМ ги погази обврските од колективниот договор и сега на крајот се фали со некаков дијалог.
Ај што се неспособни, па уште и се бесрамни. Сега нудат повисоки плати, дури од септември за 15 %, иако, според колективниот договор, тие треба да пораснат 18 %.
Платите на просветните работници сега не се доволни да ги покријат поскапувањата, а како што тргнало, до септември покачувањето ќе биде доволно за едно влегување во маркет“, додаваат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Сервисни информации
Без вода дел од скопски Карпош

ЈП „Водовод и канализација“, информира дека поради технички зафати жителите во дел од скопската општина Карпош во одреден временски период ќе останат без вода за пиење .
„Поради технички зафати во водоводната мрежа, (изведување на приклучок), на ул. Козле бр.3/33, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Козле – крак бр. 3. (Општина Карпош)“, информираат од оваа институција.
Сервисни информации
Без струја делови од неколку скопски општини

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје информира дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 1515 во нас. Пинтија. (Oпштина Кисела Вода),
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: Ефтим Спространов и Димитар Мирачиев. (Oпштина Кисела Вода),
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Бриселска. (Oпштина Карпош).
Македонија
Сончево и многу топло со температури до 38 степени

Утре претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=8
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Во наредните денови ќе следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.
Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена. И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер, најави УХМР.