Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во коалиција со политичари oд црната листа на САД и прават бизнис со анти-НАТО фирми

СДСМ е во коалиција со политичари на црната листа на САД и прават бизнис со анти-НАТО фирми, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференција на Богданка Кузеска.
Од опозициската партија потестуваат дека во коалицијата со СДСМ се Мендух Тачи и Љубе Бошкоски – и двајцата на црната листа на САД.
„СДСМ е спремен со кој било да коалира, само за пари и власт. Институциите со кои СДСМ управува даваат тендери на анти-НАТО фирми. Во СДСМ се спремни на сè, имаат двојни аршини и прават криминал“, се наведува во партиската реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Бегај бе таму, хеј сус“ – Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Тие од прес салата на Собранието посочија: „Ароганцијата и забеганоста немаат нација. Но и имаат име и презиме“. На останатите транспаренти пишуваше и: „Сите што позади седат, ех маму ви е**м“, „Сите од службата, конкретно седници, одма кај мене“. Ова всушност се зборовите на Џафери кои се слушаат на објавената снимка, а кажани по 71. седница во Собранието, кога микрофонот во салата требаше да биде исклучен.
„Поминаа повеќе од десет дена, а претседателот на Собранието не само што не се извини за неговото безобразно однесување кон вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило. Крјано недозволиво е од човекот кој прв го потпишал Етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност, а со пратениците од власта да се обидуваат да го сокријат под тепих овој скандал“, порача пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа рече дека најмалку што можел Џафери да направи е да се извини и да поднесе оставка од функцијата.
„Сакаме да му порачаме дека колку и да бега од одговорност, дамката која ја остави зад себе секогаш ќе го прати, а ние секогаш ќе бидеме тука да го потсетиме дека со неговото однесување и работа е еден од најлошите и најнеспособните претседатели кои го имало Собранието“, додаде таа.
ВМРО-ДПМНЕ побара седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на која ќе се расправа за прекршувањето на Етичкиот кодекс од Талат Џафери.
„Доколку Џафери не поднесе оставка, ќе даде до знаење на сите пратеници дека Етичкиот кодекс на кој сите заедно работевме, повеќе не важи во овој законодавен дом“, кажа Стојановска.
Македонија
Министерот Беким Сали учествува на 75-та Асамблеја на СЗО во Женева

Министерот за здравство, д-р Беким Сали учествува на 75-та Асамблеја на Светската здравствена организација во Женева, Швајцарија.
Во рамки на своето обраќање, на тема „Здравје за мир и мир за здравје”, министерот Сали се осврна на реализираните активности и подготвеноста на здравствениот систем за што поуспешно справување со ковид пандемијата, што е добра основа и за соочување со идни кризни состојби.
-Последните две години пандемијата КОВИД-19 беше предизвик за сите нас. За жал, пандемијата одзеде човечки животи и во Република Северна Македонија. Сето ова претставуваше вистински предизвик и ја подигна потребата од цврста основа за брзи и долгорочни мерки за подобрување на тековниот одговор на КОВИД-19, како и за зајакнување на подготвеноста на Северна Македонија за различни кризни состојби воопшто, рече министерот Сали.
Во однос на трагичните последици со човечко страдање и загуба на животи, како и лишување на цели заедници од здравствена заштита во контекст на актуелната состојба со Украина, министерот Сали се осврна на принципите на Уставот на СЗО, потенцирајќи ја потребата да продолжиме да го штитиме и унапредуваме здравјето како основна вредност за постигнување мир и безбедност, дури и во најтешките ситуации.
– Веруваме дека оваа иницијатива ќе придонесе за зајакнување на мостот што ги поврзува хуманитарната помош, долгорочниот одржлив развој и градењето мир, заклучи Сали, додавајќи дека здравјето и мирот треба да се градат неразделно бидејќи тие се единственото вистинско решение за секоја ситуација.
На маргините на Асамблејата, министерот Сали оствари билатерални средби со генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, со д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, со португалската министерка за здравство, Марта Темидо, како и со федералниот министер за здравство на Германија, Карл Лаутербах.
Македонија
Шефот на грчката дипломатија Дендијас во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес во Скопје, ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, кој доаѓа во работна посета на земјава.
Предвидено е министрите да дискутираат за евроинтеграциите, за билатералните односи, во тој контекст напредокот во развојот на стратешкото партнерство, случувањата во регионот, посебно од аспект на неговите интегративни процеси, случувањата во светот, како и обврските и спроведените активности согласно Преспанскиот договор и исполнувањето на утврдените цели согласно Акциониот план за соработка и имплементација на Преспанскиот договор.
За време на посетата, министерот Дендијас ќе оствари средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и со заменикот на претседателот на Владата, Бојан Маричиќ, задолжен за европските прашања.