Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо да биде конструктивна опозиција, реши да служи на енергетската мафија во државата
„СДС наместо да биде конструктивна опозиција, таа реши да служи на енергетската мафија во државата. Денешната прес конференција на СДС е последица на хаотична загриженост поради најавената смена на раководствата на МЕПСО и ЕСМ и ревизијата на нивната работа“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Методија Илиевски.
„Не е проблемот Сања Божиновска туку фактот што СДС и ДУИ 7 години полнеа џебови од криминалот во МЕПСО и ЕСМ. Денешните прес конференции се лицемерни, најмалку поради два аспекти. Првиот, кога тоа долг на компанија е кривично дело? Второ, СДС имаше 7 години апсолутна власт со ДУИ. Ако имало криминал тогаш што правела СДС? Јасно е дека СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа тие се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат. Во отсуство на идеи, обременети со внатрешни проблеми и расколи, СДС која имаше 7 години власт не успеа да докаже ништо, и сега со маалски прес конференции, редовно во прашална форма се трудат да привлечат внимание. Кога веќе сме на темата ајде да збориме за тендерите за увоз на јаглен, за ископ, за тендерите на струја. Зарем толку СДС е погодена што овие денови внучето на Али заработи кривична пријава“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дождот не го изгасна целосно, но го стави под контрола големиот пожар во Мариово
Дождот кој заврна попладнево помогна да се стави под контрола големиот пожар во Мариово, но сепак сѐ уште не е целосно изгаснат. Гори на неколку места со слаб интензитет, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Дождот кој заврна во прилепско помогна во гаснењето на пожарот во мариовскиот крај. За жал с уште не е изгaснат целосно, има горење со слаб интезитет на неколку места“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Временските прилики им помогнаа на лицата кои веќе една недела на терен учествуваа во борбата со огнената стихија, која беше со периметар од над 100-тина километри и зафати површина од околу 15.000 хектари. Под контрола се и останатите два пожара во прилепско.
Македонија
За една недела 25 нови случи на голема кашлица
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информира дека од 30 август до 5 септември во Македонија пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период, кога беа регистрирани 17 новозаболени.
Најголем број заболени се во Скопје -14 каде случаи се регистрирани во сите скопски општини; во Тетово – 5, Кратово – 3, Куманово – 2 и еден случај во Крива Паланка.
„Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под една година. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста. Од новите случаи 5 заболени се хоспитализирани“, велат од Институтот за јавно здравје.
Македонија
Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)
Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј периметар се прошири на 110 километри, а е во должина од над 30 метри, се гасне од земја. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изјави дека пред неколку часа на помош на пожарникарите од Прилеп и од повеќе други градови, како и на војската и полицијата пристигна еден ер-трактор. Другите два ер-трактори кои ги има државата, за жал, се неисправни, изјави Ангелов. Директорот на ЦУК соопшти дека заврна дожд во Мариово и дополнително ќе извести дали пожарот е целосно изгаснат.
Ангелов изјави дека е тежок пожарот над викенд населбата во скопско Катланово. Тој нагласи дека пожарот создава голем чад и дека тешкотија претставува непристапниот терен. Како што рече, вчера гаснел еден армиски хеликоптер, а денеска пожарникарите од скопската бригада.
Во продолжение е видео-изјавата од Ангелов и за другите пожари во земјава.