Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Системска корупција доведе дo несреќа од 44 жртви, одговорност и оставки на Спасовски и Бочварски

Објавено пред

„Системска корупција доведе до несреќа од 44 жртви, одговорност и оставки на Спасовски и Бочварски.

Спасовски и Бочварски веднаш да си поднесат оставки, 3 дена по несреќата не се знае кој се е починат, а кој преживеан.

Автобусот на „Беса транс“ немал потребна документација, тој поминал царина, поминувал полициски контроли, инспекторати и бил пропуштен во меѓународен сообраќај, не еднаш, туку неколкупати, и ниту Оливер Спасовски ниту Бочварски не наоѓаат вина кај себе.

Во автобусот очигледно немало ниту потребна опрема за спасување при несреќа, која опфаќа обични чекани за кршење стакла, ниту противпожарни апарати.

Три дена по несреќата, државата не располага со податоци кои лица се починати, колку луѓе имало во автобусот, колку се спасени. Оставени се и семејствата на починатите и јавноста на нагаѓањето на медиумите.

Сѐ што требаше да се направи е да се побара список од компанијата кои луѓе се качиле во Македонија, колку од нив се вратиле и кои во кој автобус биле. За оваа проста операција на власта ѝ требаат три дена.

Случајот изнесе на површина и дека во изминатиот период секакви возила биле пуштани во сообраќај и за тоа мора некој да сноси одговорност“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија

(Видео) Бочварски – Сабев: Ги разгледуваме можностите за авиолинија Скопје -Софија и либерализација на товарниот транспорт за трети земји

Објавено пред

Воведувањето на нова авиолинија од Софија до Скопје ќе допринесе во зближување на двата народи, како и развој на економските односи и туризмот. Во следниот период до одржување на заедничката седница на двете влади кон крајот на овој месец, ќе се договорат деталите околу воведување на авиолинијата.

Ова го договорија двајцата министери за транспорт и врски Благој Бочварски и Николај Сабев при денешната официјална посета на владината делагација од Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков.

На средбата министерот Бочварски го отвори прашањето за либерализација на транспортот на стока за и од трети земји. Двајцата министри договорија соработка на мешовити комисии за транспорт кои треба да работат на условите на целосна либерализација на транспортот на стока. Исто така, министерот го потенцираше и прашањето за модернизација на граничните премини, како и отворање на нов граничен премин Клепало, кај Берово.

Во однос на железничкиот Коридор 8, се разговараше за изградба на заедничкиот граничен тунел што ќе ги поврзе овие две земји како дел од проектот за железничко поврзување. Министерот Бочварски информираше дека вкупниот проект ќе чини преку 600 милиони евра, со тоа што делницата од Куманово до Крива Паланка ќе започне со изградба на пролет, а делот од Крива Паланка до границата со Бугарија веќе следната година.

Во делот на патната инфраструктура, Република Северна Македонија инвестира преку 200 милиони евра во модернизација на патната мрежа кон Република Бугарија, со тоа што веќе средината на 2023 година со изградбата на експрениот пат Ранковце – Крива Паланка ќе имаме нова, модерна и безбедна патна делница од Скопје до граничниот премин Деве Баир.

Двајцата министри договорија интензивни средби се со цел побрзо регионалното поврзување и реализација на проектите од заеднички интерес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Маричиќ – Вегенин: Соработка на сите нивоа и чекор по чекор решавање на отворените прашања

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ се сретна со Кристиан Вегенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, во рамки на денешната официјална посета на бугарската делегација предводена од премиерот Петков.

Од разговорот се испрати заедничка порака дека мора да се прошири полето на соработка помеѓу двете земји и чекор по чекор да се решаваат отворените прашања.

На средбата беа отворени повеќе теми на разговор со фокус на соработката помеѓу двете земји и на сите нивоа, како и важноста од евроинтеграцијата на Северна Македонија за регионот.

Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ на средбата истакна дека од суштинско значење е да се воспостави блиска соработка и комуникација на сите полиња и нивоа. Во таа насока, Северна Македонија ќе започне со активирање на работните групи и тела кои се потребни за отпочнување на еден динамичен процес на евроинтеграција, а на кои треба да се гледа како на мостови за натамошна транспарентна и инклузивна соработка меѓу двете земји.

Според Маричиќ и Вегенин од заеднички интерес за двете земји е и меѓусебно поврзување на невладиниот сектор, бизнис заедницата и академската фела, што ќе резултира со подобрување на атмосферата помеѓу народите на двете земји.

Вегенин на Маричиќ му врачи подарок во знак на гостопримство и пријателство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Град Скопје формираше Совет за поддршка на женското претприемништво

Објавено пред

Денеска во Град Скопје се формираше Советот за поддршка на женско претприемништво, којшто на првата седница го разгледа програмскиот акт на Советот со цел посветување на поголема поддршка на жените претприемачи, креирање политики за родово буџетирање, унапредување на родовата рамноправност и програми за финансиска поддршка за жените кои ја почнуваат својата претприемачка приказна.

Во своите општи цели Советот, пред се, ќе креира политики за да го олесни пристапот во учеството на жените во оштественото дејствување. Ќе дејствува во насока на подобрување на родовите улоги и елиминирање на ограничувањата, а ќе креира и можности за економско зајакнување на жените.

Во своите конкретни цели Советот гo вклучува унапредувањето на родовата перспектива во градот Скопје, како и вклучувањето на неколку принципи на родовите аспекти во креирање на главните политики на Градот, собирање анализа на податоци специфични за родот, еднаков пристап и користење на услугите, еднаква вклученост во одлучувањето, еднаков третман во процесите на управување.

Важно е да се работи на родово сензитирано буџетирање во Градот Скопје, кое како инструмент на финансиска политика за родова перспектива ќе значи праведно распределување на буџетот.

Советот има за цел да креира програми и создава можности за финансиска поддршка на жените претприемачи, но и да креира стимулативни програми за започнување на нови бизниси за жените.

Како прв Совет од ваков вид во градот Скопје, Советот за поддршка на женско претприемништво ќе работи на натамошно развивање и вмрежување со преостанати организации, со цел подигнување на нивото на жени претприемачи во општеството.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион43 минути

(Видео) Несреќа во Бугарија: Автобус со патници од Косово излета од патот, повредени се 29 луѓе меѓу кои има и деца

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој се...

Македонија2 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Свет3 часа

Нов скандал во Австралија: обезбедувањето на аеродромите конфискува мобилни телефони без објаснување

Нов скандал избувна во Австралија откога многу патници се пожалија дека обезбедувањето на аеродромот без објаснување им ги одзело мобилните...

Македонија3 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа4 часа

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија6 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет7 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија8 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија16 часа

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија20 часа

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија23 часа

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија1 ден

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија1 ден

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија1 ден

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет1 ден

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт1 ден

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Регион1 ден

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат во сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години што не се вакцинирани...

Свет1 ден

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа може полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Досие