Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Скандал од невидени размери ја тресе Владата, масовно прислушување на граѓаните на Македонија
„Нов скандал ја тресе Владата на Димитар Ковачевски и Али Ахмети со масовно прислушување на граѓаните на Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако ВМРО-ДПМНЕ информираше дека директорот на ОТА извршила незаконска набавка на опрема за прислушкување без дозвола од МВР и почитување на Правилникот на Агенција, а за истото Ковачевски како премиер мора да даде согласност, владата на СДС и ДУИ ја тресе нов скандал“, соопштуваат од партијата.
„Имено, медиумите пренесуваат дека сега македонската ОТА имала нацрт договор со грчката разузнавачка служба за користење на нелегален софтвер за прислушкување наречен Предатор. А според информациите дури и шефот на шпионажа на Грција потврдил дека постои драфт договор за користење на шпионски софтвер од страна на Република Македонија. Во Грција овој нелегален софтвер се користел за прислушкување на грчките политичари, новинари и бизнисмени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата го прашува Ковачевски дали целта му е преку преслушкување на политичките опоненти, антивладини новинари и луѓе од бизнис заедницата кои ги критикуваат штетните политики на владата да ги уценува и да им се заканува.
„Уште во какви други криминални дејствија е вмешана владата на СДС и ДУИ? Ковачевски свесно ја нарушува приватноста на граѓаните и го крши уставните право на слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење и правото на приватност.
ЈО наместо да работи под директива на Ковачевски, веднаш да реагира и да отвори истрага со која ќе испита зошто е набавена опрема за прислушкување спротивно на законите и процедурите, и зошто ОТА имала драфт договорот со грчката разузнавачка агенција за користење на нелегален софтвер за прислушкување.
Ова е скандал од невидени размери. Владата на СДС и Ковачевски ќе одговора за злосторничко здружување за масовно прислушкување на граѓаните и злоупотреба на службена положба и институциите“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Црвениот крст од Кочани однесе помош за човекот кој на 112 пријави дека три дена е оставен без храна
Службите на Црвен крст од Кочани утрово однесоа помош до Ванчо Димитров, неподвижен човек во селото Видовиште откако тој вчера самиот се пријавил на бројот за итни случаи 112 дека е во многу лоша здравствена состојба и три дена е без храна. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) го пријавија случајот, но неколку институции се прогласиле за ненадлежни да му помогнат.
Црвениот крст кај Димитров дома однесе два хуманитарни пакети со конзервирана храна.
Македонија
Магла на патниот правец Шипковица – Попова Шапка, видливост до 40 метри
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози.
На патниот правец Шипковица – Попова Шапка има појава на магла со видливост до 40 метри, информира Автомотосојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Петрушевски: ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, но одбраа да приредуваат политички циркус
ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, и како одлучува Уставниот суд, но и покрај тоа одбраа да приредуваат политички циркус, за да го одвлечат вниманието од јавноста од тоа што 20 години ја крадеа државата, изјави на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
Тој истакна дека ДУИ 20 години ги краде Албанците и Македонците, а секогаш се повикува на Албанците кога треба да краде или кога се спречени во тоа, како сега.
-Стравот на ДУИ е затоа што доаѓа време за одговорност на нивните криминални функционери, кои додека продава патриотизам дебело се нафатирале, а граѓанинот Албанец и Македонец се иселил. ДУИ се демаскирани, сите гледаат дека нивното политичко делување последните неколку месеци е само во насока на заштита на политичките криминалци кои ја ограбија државата. Наместо да седат на ладно, подобро ќе биде да се реформираат како партија, зошто бргу од денес доаѓаат локални избори, да не им се случи уште поголемо изненадување, вели пратеникот.
Петрушевски нагласува дека Владата нема да дозволи никаква опасност по мирот. Институциите се на висина на задачата и заедно со нашите меѓународни партнери разменуваат информации, ја следат состојбата и ќе делуваат според потребата.