Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до Уставниот суд да не може на погодените семејства да им се исклучува струјата

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд, темелена на европски искуства и воведена практика во повеќе земји од Европа, а во насока на помош и заштита на стандардот на граѓаните за оневозможување исклучување од струја каде најпогодени се социјално ранливите категории на граѓани, изјави Стојанче Геровски.

„Власта преку политизираната Регулаторна комисија дозволи покачување на цената на струјата, што подразбира поскапи сметки, а посиромашен народ, згора на тоа кршејќи го Уставот се дозволува неограничено исклучување на струја со што особено се погодени најзагрозените категории граѓани“, рече Геровски.

Со самоволното исклучување на струјата од страна на Универзалниот снабдувач на електрична енергија, додаде тој, оваа институција самоволно и без никаков акт на надлежен орган, самата себе се става во позиција на извршител, наметнувајќи товари кон граѓаните кои се апсолутно недозволени. Сето ова, кажа Геровски, е дозволено од Владата и одговорните институции.

Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 59 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 115, во ковид центарот во Гостивар 54, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежи 71 пациент, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот.

„Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1248 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Матичните лекари ќе помагаат во болницата во Прилеп, засега нема потреба од нови мерки

Објавено пред

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше во посета на Прилеп, каде со градоначалникот Илија Јованоски разговараа за актуелната епидемиолошка состојба во градот. Посетата следи по интензивните разговор кои министерот изминативе денови ги водеше со директорите на здравствените институции во Прилеп, како и првиот човек на општината.

Прилеп е во третина од градовите во нашата држава во кои се уште има благ пораст на инциденцата на новодијагнистоцирани случаи поседните две недели, во однос на оние претходни две. Но, и во Прилеп се бележи благо намалување на притисокот во однос на број на папциенти кои доаѓаат за преглед и преием во болницата.

„Вчера информиравме детално за епидемиолошката состојба во земјата. На национално ниво достигнато е едно „плато“ изминативе три недели, односно еднаков е бројот на новодијагностицирани случаи во болниците, посебно во Скопје, а тоа го констатиравме и денеска за болницата во Прилеп. Тоа значи дека има благо намалување на притисокот во однос на број на пациенти кои доаѓаат за преглед и за прием. Мора да потенцирам дека со оглед на тоа што огромен број од прогнозите, не се остварија и тоа не само кај нас туку насекаде во светот, а тоа е поради непредвидливоста на вирусот, мора да бидеме претпазливи. Не сакаме да даваме никакви предвидувања во смисла дека се ова трендови, се уште чекаме да видиме каква ќе биде ситуацијата во следните денови. Но притисокот кој беше во првите денови од ноември, сега е намален“, изјави Филипче.

Во Прилеп нема потреба да се воведуваат дополнителни рестриктивни мерки, посочи Филипче, бидејќи вака како што се димензионирани мерките даваат резултат. Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок ја анализираше состојбата за Прилеп, но и за сите останати градови низ дражавата и заклучокот е дека нема потреба од воведување на нови или дополнителни мерки.

„Со затворени угостителски објекти после 21 часот, забрана на групирање во текот на 24 часа постепено се олабавува ситуацијата, па затоа заеднички заклучивме дека нема потреба за дополнителна рестрикција, бидејќи не би имала некаков позначаен ефект од тоа што го даваат мерките кои се сега на сила. Во сите земји во Европа ваква комбинација на мерки даде резултат, а тоа е задолжителното носење на маски, забраната за групирање, елеминирањето на можноста да се групираат во угостителски објекти подолг временски период“, рече Филипче.

Министерот рече дека болницата во Прилеп е организирана, пациентите се сместени на 5 одделенија мобилизирани се сите лекари, медицински сестри помошно технички персонал. Тој ја поздрави иницијативата на матичните лекари од градот кои се одзваа на апелот на градоначалникот да почнат да волонтираат во болницата како би го покриле отсуството на нивните колеги лекари кои се ковид позитивни и мора да бидат во излоација.

„Очигледно е дека матичните лекари се свесни за оваа ситуација и сакаат да дадат свој придонес да се намали притисокот кон здравствените работници кои што во овој момент работат навистина со намалена бројност заради нивните колеги кои што се заболени“, рече Филипче.

Министерот најави дека наскоро во Прилеп ќе започне тестирање со брзи тестови на пациенти како би се одредила патеката за нивно хоспитализирање, терк кој што веќе се применува во други болници низ државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Бугарските политичари треба да клекнат пред споменикот на паднатите борци од НОБ

Објавено пред

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски упати неколку пораки во текот на своето обраќање пред граѓаните.

„Првата порака е до политичарите кај нашиот источен сосед. Ако мислите дека измисливте, пронајдовте или поддржавте квинслинг или квинслиншка влада овде во Македонија, се лажете, ниту тој квинслинг, ниту оваа квинслиншка влада од нашата колективна меморија и од нашите срца ќе ја избрише улогата, ликот и делото на Даме, на Гоце, на Питу, на Хаџи Арсов, на Хаџи Николов, на Поп Арсов затоа што тие се бореа за нова современа македонска држава“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека политичарите од Бугарија наместо да велат дека Мицкоски предводи анти-бугарска хистерија во Република Македонија, најдобро би било при првата посета на Скопје, пред споменикот на паднатите борци, недалеку од зградата на Владата, да клекнат, да го следат примерот на Вили Брант и да се извинат на македонскиот народ на тоа што им го направиле.

Втората порака тој ја упати кон претставниците на меѓународната заедница.

„Сум разговарал со многумина, сум ве гледал во очи, дека вие имате голема сипматија кон овој мал народ и оваа мала држава. Немојте да дозволите некои политичари од земја членка, наместо политика на иднина, да шират политики од среден век, ревизионистички политики, хегемонски политики на големи држави и нации. Немојте да дозволите да се погазат политиките на Де Гаспери, Аденауер и Шуман, ајде да зборуваме за вештачка интелигенција, да зборуваме за почист воздух, ајде да зборуваме и да му помогнеме на овој народ, да и помогнеме на Македонија еден ден да седне со вас на маса во европското семејство, во обединета Европа и да зборуваме за квалитетно образование. Дозволете му на овој народ на отпочне преговори со Европската унија, а овој народ ќе ви врати, ќе ви врати со сето срце и знаење кое го има, и ќе го изоди најбрзиот пат до полноправно членство во Европската унија“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати порака и до Владата, до Зоран Заев, по никоја цена да не помислат да го продаваат македонскиот идентитет.

Од македонскиот народ, пак, побара да и помогне на својата татковина.

„До македонската нација, до Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците, Египјаните, до сите наши сограѓани, излезете браќа и сестри и помогнете и на Македонија. Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет, да не дозволиме, и од утре внимателно да ја блокираме Македонија секој нареден ден и да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата, тие одамна си го продале својот ген на ѓаволот“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт2 часа

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа4 часа

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Македонија5 часа

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Свет6 часа

Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра. Дијамантите се запленети од камион на...

Свет7 часа

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се оправиле од Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале,...

Македонија7 часа

Охридскиот градоначалник со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги...

Свет19 часа

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија21 час

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија22 часа

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија24 часа

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија1 ден

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија1 ден

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија1 ден

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија1 ден

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет1 ден

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет1 ден

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет1 ден

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет1 ден

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Досие