Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку млади животи треба да бидат загрозени за Спасовски да понесе одговорност

Објавено пред

Република Македонија го допре дното и на економски, и на политички и на безбедносен план. Безбедноста во главниот град на државата е загрозена, а криминалните вооружени пресметки се секојдневие и во остатокот од државата. Наместо живот, Заев и криминалниот картел донесоа насилство, убиства, закани и уцени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, десетици убиства сред бел ден повеќе од една година се неразјаснети, а институциите, наместо да работат во согласност со законите, се ставаат во заштита на криминалот. „Уште колку млади животи треба да бидат загрозени за Спасовски да понесе одговорност за хаосот што го креира? 21-годишниот Никола Саздовски го загуби својот живот кога беше брутално нападнат на автобуската станица во Автокоманда.
Спасовски пред медиумите на СДСМ правеше спектакуларни прес-конференции за неизмиено возило, а око не му трепнува за прерано загубениот млад човечки живот.
Тоа се лицемерството и двојните стандарди на СДСМ“, се додава во соопштението.

Партијата смета дека додека „во државата владее безредие и хаос, економијата тоне, а граѓаните стануваат сè посиромашни. Зад Зоран Заев стои само еден проект, а тоа е уништување на сè што е македонско“.

„Тој ја запечатува судбината на државата и го менува името за кое генерации и генерации се бореле и го дале животот за идејата за своја држава. Кусо кажано, во неговата агенда стои само уништување на Македонија како на меѓународен така и на домашен план. Се надева дека до распродавањето на највисоките државни и национални интереси ќе ги покрие криминалот и неспособноста.

Економијата повеќе од една година е во целосен колапс. Платите паѓаат, а цените растат. Државниот завод за статистика потврди дека цените на мало во јуни оваа година се повисоки 2,8 отсто од јуни минатата година, а трошоците за живот во истиот период 1,4 отсто.
Главниот мотор на економијата, градежништвото, што со себе носи 20 гранки, е во слободен пад од 37 проценти. Имаме нула раст на БДП, а откако СДСМ е на власт, горивото се покачи 30 проценти. Земјоделците се принудени да го фрлаат својот производ на буниште затоа што државата не успева да обезбеди пласман и сигурен откуп. Наместо животот што го ветуваше, Заев донесе донесе чемер и јад. Со СДСМ на власт животот на граѓаните е полош од кога било. Со СДСМ и Зоран Заев граѓаните се понижени и изневерени. Граѓаните не се должни да живеат во страв и насилство и затоа ова мора веднаш да престане“, се вели во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сашо Мијалков не се појави на денешното рочиште за „Таргет-Тврдина“

Објавено пред

Сашо Мијалков не се појави на денешното рочиште за Таргет-Тврдина бидејќи судот поради краткиот временски период по синоќешното приведување на Мијалков не издал навремена наредба за негово спроведување на денешното рочиште, информираат оттаму и додаваат дека поради овие причини главна расправа се презакажува за 4 декември.

Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО, вчера вечер околу 20 часот беше приведен и спорведен во затворот во Шуто Оризари.

Од Специјалното јавно обвинителство посочија дека Мијалков бил приведен по нивно барање, како мерка на претпазливост за случајот „Таргет-Тврдина“.

Притворот на Мијалков е во време траење од 30 дена.

Прикажи повеќе...

Македонија

Директорот на затворот „Шутка“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Објавено пред

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со масовното прислушкување, вели директорот на затворот „Шутка“, Ѓоко Котевски за „Макфакс“. Мијалков засега е сместен во ќелија со други затвореници и нема посебен третман, како што е случај со Орце Камчев кој е сместен во „хашките ќелии“ поради висок холестерол, тврди Котевски.

„Самата институција, вработените и секторот за обезбедување ги преземаат сите потребни мерки за безбедност на Сашо Мијалков, исто како и за сите други затвореници. Секако, ќе му бидат обезбедни сите права кои му следуваат, а тоа се два часа прошетка на чист воздух, посета од најблиското семејство, адвокат, присуство на рочиштата“, вели директорот Котевски за „Макфакс“.

Директорот на затворот „Шутка“ додава дека се завршени здравствените прегледи на Мијалков, но резултатите се уште не ги знае.

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вчеравечер беше спроведен во истражниот затвор „Шутка“ поради опасност од бегство, а по барање на СЈО. Кривичниот совет попладнево на Мијалков му ја одредил мерката притвор од 30 дена. Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт по бегството на експремиерот Никола Груевски. Претходно приведени беа поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Објавено пред

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски, тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил.

,,Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите членки и земјите кандидати на ист начин. Клучно е за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што Унгарија поддржува членство во ЕУ за Македонија, но, не ја смета за безбедна”, напиша Хан.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Директорот на затворот „Шутка“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија12 минути

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет39 минути

(Видео) Напад во Денвер, едно лице загина, двајца напаѓачи се уапсени

Доцна синоќа во центарот на Денвер две лица отвориле оган при што неколкумина беа ранети, а едно лице загина. Шефот...

Свет55 минути

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија58 минути

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија11 час

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија13 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија15 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија15 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized18 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија18 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски19 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија20 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски20 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија23 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет23 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија23 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“24 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Досие