Македонија
ВМРО и СДСМ продолжуваат со обвинувања поврзани со пописот на населението

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања и несогласувања за претстојниот попис на населението.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека СДСМ и Зоран Заев со насилни и криминални процедури постапуваат за избори, а тоа ќе го направат и за пописот.
Според ВМРО-ДПМНЕ, власта турка насилен и криминален попис што може да резултира единствено со фалсификувани резултати.
„Законот за попис се носи на насилен начин. Стандардите според кои треба да се спроведува пописот се по добро познатите теркови на Заев. За меѓународни стандарди за ваква процедура власта воопшто нема интерес. Земји од Европската унија како Германија, Ирска, Романија поради пандемијата со корона ја одложија оваа статистика операција за следната 2022 година. Ама Заев може да истурка попис во пандемија затоа што тој планира да направи политичка, а не статистичка операција, по неговите добро познати насилно-кримнални мерки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се додава дека попис со диктирање на податоци и со врзани потписи на две политички партии не може да биде ништо друго освен политичка операција која ќе резултира со фалсификувани резулати.
Претходно, вчера од опозициската партија посочија дека ќе почнат со процедура за собирање на потписи со кои што ќе се бара поништување на законот за попис, ако власта, во меѓувреме, не го повлече овој закон.
Со коментар за пописот утрово се огласи и СДСМ. Оттука, пак, велат дека пописот ќе се спроведе оваа пролет, а институциите ќе приберат точни и квалитетни податоци, потребни за носење издржани среднорочни и долгорочни политики и стратегии.
Законот кој е во собраниска процедура, велат од СДСМ, гарантира попис по сите светски стандарди и по сите прописи на Евростат, а обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја спречат оваа статистичка операција се злонамерни и деструктивни.
„Државата, 19 години е без попис, токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, која не успеа да спроведе попис во 2011 година. Разбирливо е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по шест изборни порази, имаат страв од граѓаните, но не треба да се плашат, на пописот не се гласа, тоа не се избори, тоа е статистичка операција, во која нема губитници и победници“, смета СДСМ.
Социјалдемократите се категорични дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да спречат одржување на попис на населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ангелов: Скандирањето „УЧК“ и каменувањето на полицајците не водат кон помирување

Скандирањето „УЧК“, „Етничка Албанија“, мавтањето со мапи на „Голема Албанија“ како и каменувањето на полицајците кои само си ја вршеа својата работа, за време на вчерашниот протест за Монструм, не одат во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, истакна директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Тој е дециден дека таквите појави треба да бидат цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори.
„Иако правото на протест е неприкосновено, сепак иритира фактот дека вчера се протестираше против судски пресуди со кои за виновни се прогласени убијци и помагачи на убијци на 5 лица од кои 4 деца. И сетоа тоа без трошка сочувство кон семејствата на убиените деца“, вели Ангелов.
Тој нагласи дека сето ова е штетно е за кревкиот процес на меѓуетничко помирување бидејки вистинското помирување е двонасочен процес во кој активно и внимателно треба да бидат вклучени двете страни.
Македонија
Владата нема конкретен датум за пристигнувањето на кинеската и руската вакцина

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека во следните неколку дена би можел точно да каже кога ќе пристигнат кинеските и руските вакцини во земјата.
„Не би сакал да шпекулирам“, рече министерот Филипче, пршан кога овие вакцини ќе ни бидат доставени.
Тој нагласи дека продолжуваат интензивните разговори со производителите.
Македонија
Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да гласаат на првите непосредни внатрепартиски избори на 21 март, соопшти владејачката партија.
Согласно Правилникот за критириумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на третседател на СДСМ, Централна изборна комисија, на 26 февруари одржа седница на која беа потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ.
„Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев“, велат од партијата.
Претходно беше отворен јавен повик за поднесување кандидатури за претседател на кој можеше да се пријави секој член кој ги исполнува условите согласно Правилникот.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер