Контакт

Македонија

ВМРО-НП предлага укинување на „Државната лотарија“: Покрај сите досегашни нерегуларности во кои била вклучена институцијата, се нанесува и непотребна финансиска штета

Објавено пред

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата во врска со „Државната лотарија“ и во контекст на тоа предлагаме вклучување на РС Македонија во рамките на Европската лотарија и во веќе постојните транснационални игри „Евро милионс“ и „Евро џек пот“, со можност за нејзино, односно учество на нејзините државјани во игрите на среќа организирани од страна на Европската лотарија, велат од ВМРО-НП.

dobivaj vesti na viber

„Со ваквиот чекор ќе се овозоможат повеќе видови игри на среќа, кои ќе овозможат со исти уплати како и досега граѓаните пак да играат и за добивки од 80.000.000 евра, но и надворешна европска контрола, која ќе превенира во однос на некакви малверзации во поглед на организирањето и реализирањето игри на среќа.

По воспоставувањето на ваквиот систем, ВМРО-Народна партија предлага и укинување на институцијата „Државна лотарија“ од проста причина што покрај сите досегашни нерегуларности, во кои била вклучена и самата институција, се нанесува и непотребна финансиска штета, која во голема мера влијае на финансиското работење на РС Македонија.

Воедно ,ВМРО-Народна партија дополнително предлага и укинување на институцијата Фонд за иновации затоа што само во последниот период од 10 години токму таа институција бележи расфрлање на буџетските пари, без конкретни резултати при реализација на финансирани „иновативни проекти“.

Сведоци бевме на бизарни проектни предлози, кои во текот на годините успеале да приберат огромна сума буџетски финансиски средства, без финален производ за кој биле и финансирани“, соопшти ВМРО-НП.

Македонија

„Вреди“: Поранешниот државен секретар за култура Азири го продаде албанскиот идентитет за работно место

Објавено пред

Валмир Азири, поранешниот државен секретар за култура, направи срамен и неприфатлив чин, кој не само што го посрамува лично, туку и секој Албанец. На конкурсот во 2021 и почетокот на 2022 година, тој без двоумење го промени својот идентитет од Албанец во Македонец, само за да си овозможи лична корист и да обезбеди работно место кое беше наменето за македонската заедница, реагираат од коалицијата „Вреди“.

dobivaj vesti na viber

Ова, според нив, е чин на незамисливо предавство кон Албанците и сериозно кршење на вредностите кои нè дефинираат како нација.

„Демократската унија за интеграција, која постојано зборува за заштита на интересите на Албанците, не се двоумеше да ја продаде секоја вредност и идентитет на Албанците кога станува збор за лични интереси. Овој скандал е јасен одраз на хипокризијата и неспособноста на оваа политичка партија, која продолжува да профитира од позициите и да манипулира на грбот на Албанците. Се поставуваат важни прашања по овој скандал: Која е договорената шема што го натера Валмир Азири да направи ваков чекор? Дали неговото молчење додека беше државен секретар беше дел од агенда за деградирање и маргинализирање на Албанците во културата? Дали може поинаку да се нарече индивидуа која е подготвена да го продаде својот идентитет за лични интереси?“.

Ова, како што оценуваат во „Вреди“ е чин кој не смее да остане без последици.

Коалицијата, нагласуваат од таму, е решена да се бори против секој обид за манипулација и газење на албанскиот идентитет за тесни и лични интереси.

Бараат итна одговорност за овој, како што велат, тежок скандал и се обврзуваат да обезбедат дека лица како Валмир Азири нема да имаат место во институциите што треба да ги штитат интересите и вредностите на Албанците.

Ова, нагласуваат од коалицијата, е јасна порака за сите оние кои мислат дека можат да ја предадат албанската култура и идентитет за лична корист.

„Коалицијата „Вреди“ нема да запре и ќе продолжи да ги брани интересите на Албанците и нашиот национален интегритет“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Митева за разрешувањето на Коцевски: Јавниот обвинител покрај правна, подлежи и на општествена одговорност

Објавено пред

На денешната седница беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое владата отвори сериозна дискусија, информира на прес-конференција Марија Митева, портпаролка во Владата.

dobivaj vesti na viber

„Постапувајќи по заклучокот кој беше донесен на претходната владина седница со која го задолживме Министерството за правда да преземе активностите во однос на поведување на постапка за разрешување на Јавниот обвинител, Министерство за правда го достави мислењето во кое се нотирани следниве состојби: Како прво: нарушениот углед на институцијата со која раководи јавниот обвинител, затоа што чувањето на угледот на институцијата е должност која потекнува од Законот за јавно обвинителство, конкретно член 4 став 1“.

Целокупната јавност, потсетува Митева, во изминатиов период беше сведок на низа скандали, нарушена функционалност на ЈО, незаконски постапувања и корупција, неефикасност и повреда на принципите и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите.

Ваквите состојби, како што рече, се комплетно спротивни на обврските кои произлегуваат од законските надлежности.

Според неа, во случајот, не станува збор само за перцепција само на Владата, туку тоа е констатирано од стручна јавност, констатирано е во извештаи кои имаат конкретни, мерливи и објективни показатели.

„Во оваа смисла, Владата цени дека придонесот од јавниот обвинител за овие состојби е значителен и е резултат на низа пропусти и повреди во неговото постапување и извршување на функцијата. Овие дејствија со кои се предизвикани тешки последици по функционирањето на јавното обвинителство со што е направено намерна и неоправдана крупна професионална грешка се правните аргументи со кои што ќе побараме разрешување на Јавниот обвинител пред истекот на мандатот. Дополнително како Влада цениме дека јавниот обвинител покрај правна одговорност, подлежи или би требало да подлежи и на поширока општествена одговорност, особено пред органот кој што го избрал, а пред се пред граѓаните чии интереси треба да ги штити. Согласно вака утврденото мислење, Владата го задолжи министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител, кое пак Владата ќе го достави до Советот на јавните обвинители од каде согласно законските одредби потребно е да се добие мислење“, нагласи Митева.

Прикажи повеќе...

Македонија

Извршен увид во документацијата во Вишото јавно обвинителство Скопје

Објавено пред

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска изврши увид во Вишото јавно обвинителство Скопје и обезбеди докази во постапката за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување и Малтретирање во вршење на службата поведена против јавен обвинител, се истакнува во соопштението.

dobivaj vesti na viber

„Јавниот обвинител и стручни соработници од ОЈО Штип ги документираа податоците внесени во уписниците и начинот на внесување на предметите. Притоа, се вршеше и споредба со исказите на оштетените лица – пријавители за начинот на кој наведуваат дека се интервенирало при распоредување на предметите.

Увидот во документацијата е извршен во целост во согласност со одредбите на Законот за кривична постапка и за истиот ќе биде изготвен записник со констатации за сите присутни лица“, се истакнува во дописот.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија11 часа

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Владата донесе одлука со која се ограничува маржата во трговијата на големо и трговијата на мало на 102 групи на...

Свет12 часа

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Сергеј Лавров, министерoт за надворешни работи на Русија, кој беше дел од делегацијата во Ријад, на прес-конференцијата рече дека Русија...

Свет12 часа

Рубио по состанокот меѓу САД и Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина кој е прифатлив за сите страни

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека мирот во Украина е клучот за отворање економски можности со Русија. По...

Македонија13 часа

(Видео) Митева за разрешувањето на Коцевски: Јавниот обвинител покрај правна, подлежи и на општествена одговорност

На денешната седница беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое владата отвори сериозна дискусија, информира на прес-конференција Марија...

Свет16 часа

По четири и пол часа заврши состанокот помеѓу САД и Русија, стигаат првите реакции

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека четири и пол часовните разговори меѓу Русија и САД...

Македонија18 часа

Коцевски: Ако се утврди дека се работи за тешка дисцилинска повреда јас самиот ќе се повлечам

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека самиот ќе се повлече доколку се утврди дека направил тешка дисцилинска постапка, но...

Свет18 часа

Путин е подготвен за средба со Зеленски ако е потребно, рече Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара со украинскиот лидер Володимир Зеленски,...

Македонија20 часа

Новите методи на САД за некои се неконвенционални, но конвенционалната дипломатијата, досега, донесе повеќе војни, вели Муцунски

Во рамките на посетата на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде две интервјуа за најголемиот...

Македонија21 час

Намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе значително намалување на сметките на граѓаните, велат од СДСМ

„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%, ќе донесе значително намалување...

Свет21 час

(Фото) Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа во Саудиска Арабија пред разговорите...

Македонија21 час

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што биле измерени -10 степени, -6 било во Маврови Анови, -5 во Крушево,...

Македонија21 час

ДУИ: Диспропорцијата во односот кон соседите испраќа загрижувачка порака за насоката на нашата држава

„Со жалење и сериозна загриженост го констатираме преседанот што се случи оваа година — по првпат, институциите на државата, вклучително...

Македонија22 часа

Изет Меџити на државната церемонија за 17-годишнината од независноста на Косово: „Нашата поддршка никогаш нема да се разниша”

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, присуствуваше на државната церемонија по повод 17-годишнината од независноста на Република...

Свет22 часа

(Видео) Авион се преврте на писта во Канада: „Висевме како лилјаци“

Најмалку 18 лица се повредени при превртување на авион на пистата на аеродромот Пирсон во Торонто. Меѓу повредените има и...

Свет23 часа

Човекот на Путин: Само ние и Американците ќе се сретнеме во Ријад, тоа е билатерална средба

Јури Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, по неговото пристигнување во саудискиот главен град Ријад изјави...

Свет23 часа

(Видео) Протест против Маск и Трамп во Америка: „Никој не го избра Маск“

Илјадници демонстранти се собраа вчера во Вашингтон за да протестираат против Илон Маск и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Европа23 часа

Шпанскиот премиер: Ова е одлучувачки момент за ЕУ

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави вчера дека со оглед на тоа што прашањето за Украина повторно доаѓа во преден план,...

Европа23 часа

Шефот на НАТО: Европа е подготвена да преземе водечка улога во осигурувањето безбедносни гаранции за Украина

„Европа е подготвена и има желба да истапи во корист на Украина“, изјави вчера вечер генералниот секретар на НАТО Марк...

Македонија24 часа

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски на владина седница

Владата денеска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Од владината прес-служба информираа дека...

Свет1 ден

Мировниот договор мора да биде траен; на Киев не може да му се наметне диктат – Стармер и Шолц со пораки од Париз

Британскиот премиер Кир Стармер сподели кратко видео на социјалните мрежи од француската престолнина, велејќи дека сите сакаат мировен договор –...