Македонија
Воведен еднонасочен сообраќаен режим на адвокатската улица

Општина Центар воведува еднонасочен сообраќаен режим на улицата Св. Климент Охридски – позната како адвокатска улица.
Еднонасочниот сообраќаен режим ќе биде воспоставен во правец на движење од страна на булеварот Крсте Петков Мисирков кон улицата Филип Втори Македонски.
Овие теренски активности се изведуваат во согласност со проектот за смирување на сообраќајот и зголемување на безбедноста околу општинското основно училиште „Св. Кирил и Медотиј“.
„Со поставување нови сообраќајни знаци во овој дел на Центар, ќе се овозможи регулирање и намалување на сообраќајот, како и зголемена безбедност за сите учесниците во сообраќајот, особено за учениците од локалното училиште. Апелираме до граѓаните да бидат внимателни во текот на денешниот ден додека се изведуваат теренските активности, а понатаму да го почитуваат новопоставениот сообраќаен режим“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев повторно се кандидира за претседател на СДСМ

Актуелниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, се кандидира за уште еден мандат на чело на партијата. Тој вети нова програма, а изборите ќе се одржат на 21 март.
„Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател на СДСМ – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Пред членовите на партијата излегувам сo програма: „Нова политика – СДСМ прв во промените“! Ја барам поддршката за нов мандат како претседател на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март“, напиша тој на „Фејсбук“.
Заев најави досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја.
„Доколку ја добијам довербата, со мојот нов мандат најавувам досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја почнувајќи токму од СДСМ. Нова политика – пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото дејствување на #СДСМ и Република Северна Македонија“, напиша тој.
Македонија
Повредени седум полицајци и осуммина приведени на протестот за „Монструм“

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“ се повредени седум полицајци.
Од МВР исто така информираат дека се приведени осум лица и дека се работи за пронаоѓање и приведување уште лица учесници во протестот.
Неколкупати попладнево демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Фрлаа шишиња, запалки, столови кон полицијата, а некои од нив, маскирани со фантомки, со цело тело се фрлаа во полициските штитови, но полицијата не им дозволи да се доближат до судовите.
Протестот заврши кога полицијата ги потисна демонстрантите кои имаа намера да одат до Собранието и ги принуди да се вратат кон Бит-пазар.
Македонија
Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања, а прашањето за Гоце Делчев не било ниту отворено иако било на дневен ред, соопшти Министерството за надворешни работи.
Изминативе два дена Комисијата ја одржа 12. средба. Според предложениот дневен ред за работа, тема на дискусија беа прашањата поврзани со изготвување препораки за учебниците по историја со цел надминување на споровите што произлегуваат од различните и силно политизирани толкувања на минатото и усогласување текст-препорака за заедничко чествување на Гоце Делчев.
„Во однос на дискусијата за учебниците по историја, како и на претходната средба, не беше постигнат напредок. И покрај конструктивната дискусија и желбата да се постигне напредок, не беше постигната согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Остануваат големите разлики во пристапите и разбирањето на улогата на историското образование и образовните политики. Со оглед на продолжената дискусија за учебниците по историја, на оваа средба Комисијата не го отвори прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување иако беше на дневен ред“, соопшти МНР.
Дискусијата по овие теми ќе продолжи на следната средба на Комисијата, која треба се одржи на 22 и 23 април.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер