Контакт

Македонија

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Објавено пред

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на социјалните мрежи дека во примерок од водоводот се најдени три вида бактерии е лажна, велат од ЈП „Водовод и канализација“. Лабораторијата на „Водовод“ на своја иницијатива направила анализа по објавата на социјалните мрежи од минатата недела во која стои анализата од лабораторијата „Авицена“ со откриените бактерии.

Екипа од „Водовод“ пред три дена му се јавила на човекот што ја нарачал анализата во „Авицена“, која се споделуваше на социјалните мрежи. Во негово присуство екипата зела примерок од чешмата од која наводно и тој однел примерок на анализа.

„Примерокот беше земен од наш техничар во присуство на сопственикот, а во согласност со стандардите за земање примероци. Направена е бактериолошка анализа на примерокот, при што е користена Quanty tray sealer plus за брза идентификација и користена е стандардна мембранска техника со засејување селективни подлоги. Притоа, по поминатото време во контролирани услови, на подлогите не е развиена ниедна колонија, што укажува дека водата е бактериолошки исправна. Во лабораториите на Секторот за санитарна контрола направена е и основна физичко-хемиска анализа, при што е констатирана нормална состојба на параметрите, како и во претходните мерења во таа област. Врз основа на добиените резултати може да се констатира дека испитуваниот примерок е хемиски и бактериолошки исправен во согласност со критериумите дадени во Правилникот за безбедност на водата“, велат од Секторот за односи со јавност во ЈП „Водовод и канализација“.

Во исто време, од „Водовод“ велат дека направиле и теренски мерења, при што констатирано е присуство на резидуум хлор во концентрација од 0,3 мг/л, што укажувало на нормална состојба во системот. Оттаму апелираат до граѓаните да не шират лажни вести, кои предизвикуваат немир и паника, и посочуваат дека е невозможно градскиот водовод да има три вида бактерии кај само еден корисник.

Одговори за случајот со откриените бактерии во водата во наредните денови најавија и од лабораторијата „Авицена“, во која, според објавите, е направена анализата.

Објавениот резултат со откриените бактерии ги испаничи скопјани, кои пијат вода од изворот Рашче и од бунарите Нерези – Лепенец за кои од „Водовод“ велат дека се под строга контрола. Проверките и безбедносните мерки се зголемени, особено од почетокот на пандемијата од кога, како што велат од „Водовод“, се постапува како во кризна состојба.

Од претпријатието велат дека се неосновани и тврдењата дека се подготвува приватизација на „Водовод“.

Македонија

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Објавено пред

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 3.562, од кои најголем дел се од Аеродром (699), Карпош (547) и Центар (519). Над 400 заразени во моментов во Скопје има во Гази Баба (450) и Кисела Вода (417). Зад нив е Ѓорче Петров со 286 активни случаи, и Чаир и Бутел со 166 односно 152 активно заразени лица. Останатите скопски општини засега бележат двоцифрени бројки.

Во другите градови, најмногу заразени има во Струмица(434), Тетово (408), Куманово (331), Прилеп (316), Кочани (212), Штип (201).

Битола, Велес, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Делчево и Кичево имаат над 100 заразени со коранвирус, а останатите се со двоцифрени бројки. Во моментов нема град без активен случај.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во последните 24 часа се заразиле 561 лице, оздравени се 197 пациенти, а починале 22 лица на возраст од 35 до 88 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919.

Прикажи повеќе...

Македонија

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Објавено пред

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од: Скопје-91, Куманово-7, Штип-8, Прилеп-18, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-3, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-16, Радовиш-2, Кочани-9, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Свети Николе-4, Кичево-4.

Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64г), еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408. Денеска се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 11473, активни 3562
• Куманово 2124, активни 331
• Дебар 321, активни 57
• Штип 1548, активни 201
• Прилеп 1087, активни 316
• Тетово 1923, активни 408
• Струга 774, активни 78
• Велес 508, активни 151
• Битола 542, активни 182
• Охрид 604, активни 167
• Кавадарци 429, активни 176
• Гостивар 1105, активни 144
• Гевгелија 332, активни 180 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 736, активни 434
• Крива Паланка 204, активни 75
• Радовиш 201, активни 74
• Крушево 22, активни 2
• Кочани 644, активни 212
• Пробиштип 159, активни 29
• Демир Хисар 72, активни 10
• Македонски Брод 100, активни 4
• Пехчево 57, активни 9
• Берово 193, активни 57
• Валандово 92, активни 40
• Виница 163, активни 59
• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 37, активни 11
• Свети Николе 452, активни 70
• Кичево 481, активни 124
• Ресен 224, активни 55
• Неготино 120, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1901 теста се преку: ИЈЗ-528, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-511, Биотек-229, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -93, Систина со PCR метода -139 , лабораторија Лаор –121, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-88, Инфективна клиника-2, ГАК-11, Синлаб-32, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 235.038 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 137 пациенти. На кислородна поддршка се 97 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 166
• Гази Баба – 450
• Аеродром – 699
• Карпош – 547
• Центар – 519
• Кисела Вода – 417
• Ѓорче Петров – 286
• Бутел – 152
• Шуто Оризари – 26
• Студеничани – 7
• Сарај – 24
• Арачиново – 10
• Илинден – 63
• Сопиште – 30
• Чучер Сандево – 14
• Петровец –21
• Зелениково – 9
• Странец – 22
• Нераспределен- 100

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Објавено пред

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по завршувањето на Конгресот.

Тој образложи дека со новите измени за првпат една политичка партија својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно, а изборот ќе се случува следната година во првото полугодие кога истекува мандатот на ова раководство.

Тоа значи дека секој член на СДСМ ќе може да гласа и директнто да одлучува кој ќе ја води партијата.

„За претседател на СДСМ ќе може да се кандидира секој член со најмалку 5 години работа во партијата и 1 мандат како член на Централниот одбор со право на глас“, рече Заев изразувајќи надеж дека овој пример понатаму ќе го следат и другите политички партии.

Со новите измени црвената боја станува боја на СДСМ.

„Тоа е бојата на социјалдемократијата. Боја што ја отсликува силата и вербата во подобра заедничка иднина. Тоа е боја на нашето македонско знаме“, рече Заев на прес-конференцијата.

Понатаму, тој кажа дека првпат во историјата на партијата, Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија со измените се регулираат како трајни и статутарни форми на организирање, чие постоење не зависи од политичката волја на моменталното раководство. Претседателите на Форумот на жени и на СДММ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас.

За првпат се формира и Форум на пензионери.

„Целта на Форумот на пензионери е да ги мотивира највозрасните членови и да ги искористи нивните капацитети, искуства и знаење за унапредување на мерките и животот за сите граѓани“, рече Заев.

Денеска беше усвоен и извештајот за победа на парламентарните избори, а партијата воведе и Кодекс на однесување на членовите на СДСМ.

„Ние сме нова генерација која може да креира нова дефиниција на политичари со висок морал кои сами на себе треба да бидат најсилна контрола“, рече Заев.

СДСМ го одржа својот 25 Конгрес, за првпат дигитално. Претседателот на владејачката партија оцени дека Конгресот бил одржан во победничка и демократска атмосфера.

Е.Тарчуговска

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет10 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија11 час

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија13 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион14 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион16 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа17 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион18 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ19 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија20 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија21 час

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија22 часа

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија1 ден

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија2 дена

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион2 дена

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет2 дена

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет2 дена

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија2 дена

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија2 дена

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија2 дена

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Досие