Македонија
Возете внимателно – магла на повеќе патни правци

Поради појава на магла намалена видливост од 100 -150 м има на патниот правец Куманово – Скопје, од 30 – 40 м на патните правци Скопје – Тетово и Тетово – Попова Шапка, од 20 – 30 м на патниот правец Велес – Катланово, до 50 м на патниот правец Штип – Велес, до 100 м на патните правци Куманово – Св.Николе и Неготино – Градско и од 50 – 100 м на патните правци Неготино – Д.Капија и Д.Капија – Удово.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Езерото Треска жртва на урбаната мафија заштитена од власта

„Езерото Треска пред очите на целата јавност станува жртва на урбаната мафија заштитена од власта. Она што се случува во моментот таму е илигален грабеж и руинирање на она што преставува државна сопственост и заедничко добро на сите“, соопшти Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, градоначалникот Петре Шилегов не ја кажува вистината и лаже кога се обидува таквиот грабеж да го престави како некое ревитализирање.
„Шилегов да каже од кога тоа корнење канделабри, рушење на објекти и кршење бетон преставува ревитализирање а не грабеж.Во моментот се случува руинирање на општествено добро за кој директна одговорност има Шилегов кој ветуваше враќање на стариот сјај на езерото. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во целост ги поддржува барањата на авто камперите, и бара од градоначалниците на градот Скопје, општината Сарај и Владата решавање на овој прпблем. Воедно во текот на денешниот ден Советничката група ќе побара на тековната седница Советот на град Скопје да расправа во однос на состојбата со Езерото Треска.Уништувањето на Езерото Треска станува неславен заштитен знак на владеењето на Шилегов“, се вели во соопштението.
Македонија
С.Македонија и БиХ меѓу земјите каде што состојбата со коруцијата највеќе се влошува

Индексот на перцепција на корупција на Транспаренси интернешнл (ЦПИ) за 2020 година ги рангира Северна Македонија и Босна и Херцеговина (БиХ) меѓу земјите во светот каде што состојбата на корупција најмногу се влошува. Двете балкански земји се најдоа на 111. место на листата од вкупно 180 земји, позиција којашто ја делат заедно со Панама и Монголија. Земјава бележи пад од осум места во споредба со состојбата во 2012 година.
Северна Македонија е најлошо рангирана во регионот, со 35 бодови. Словенија има најдобра позиција во регионот со 60 бодови, по што следи Хрватска – 47, Црна Гора – 45, Србија -38 и Косово со 36 бодови. Најдобри земји на глобално ниво според Индексот на перцепција на корупцијата се Данска, Нов Зеланд, Финска и други западни земји со висок степен на демократија. Земјите погодени од војна, беззаконие и диктатура се најдолу на листата, а годинава меѓу нив се најдоа Сирија, Сомалија и Јужен Судан.
Според извештајот пандемијата на Ковид-19 ја одбележа изминатата година, но и целосно го разоткри најтемното лице на корупција, чија цена граѓаните, за жал, ја плаќаат со својот живот. Институциите парализирани од корупцијата му дадоа приоритет на бескрупулозниот грабеж на јавни средства, на штета на обезбедувањето соодветна здравствена заштита.
Македонија
Наутро ќе провејува снег, преку ден сончево и студено

Наутро ќе има услови за појава на слаб снег на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје наутро со мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.
Од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни ноќта кон сабота во западните делови и в недела. Претежно во источните делови од земјата утре ќе има засилен северен ветер, а в сабота ветерот ќе биде силен.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома