Контакт

Македонија

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Објавено пред

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години квалитетот на воздухот во Скопје ќе се подобри 50 отсто, а во градовите каде што исто така состојбата е алармантна, загадувањето ќе се намали од 30 до 50 отсто. Ова го најави заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, на денешната прес-конференција нарекувајќи го овој план историски за нашата земја. Според процените што биле направени изминатиов период, најголеми загадувачи се домаќинствата што користат нееколошка топлотна енергија и транспортот.

„Направивме план интервентно да дејствуваме во помош на домаќинствата што се греат со алтернативни горива што не се еколошки. Тие самите не се виновни и нивната економска состојба тоа го налага и државата ќе им помогне со замана на начинот на затоплување. Предвидено е намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто за оние што ќе се приклучат на централната мрежа за греење, потоа стимулативни кредити за купување печки со пелети итн.“, рече Макрадули.

Што се однесува до трнспортот, кој се посочува како втор најголем виновник за загадувањето, Макрадули вели дека ќе се преземат мерки, како воведување училишни автобуси, набавка на возила со елктричен погон,  стимулирање на велосипедскиот сообраќај, рацинално користење на возилата.

Со индустриските загадувачи државата ќе се справува со ангажирање повеќе инспектори, континуиран мониторинг и вложување во акредитирани лаборатории. Мерните станици, според Макрадули, се само за да имаме увид во бројките, но поважно е да се лоцираат и да се отстранат загадувачите.

„Мерните станици што моментно не работат треба соодветно да се поправат за да имаме точен увид во загадувањето со ПМ-честичките. Но, она што е поважно е да се работи на причините на загадувањето и тие да се отстранат. Планот е направен врз целосна и детаљна анализа на експерти и тој почнува да се спроведува оперативно од денес“, рече Макрадули.

Во стратегијата за борба со аерозагадувањето ќе се обезбеди помош и од европските фондови, а на вчерашната седница како првични средства за оваа намена во буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постојните потенцијали од донаторската заедница.

Македонија

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на повеќе места провејува снег

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози, информираат во попладневното соопштение од Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму додаваат дека слаб снег кој не се задржува на коловозот, провејува во Битола, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Попова Шапка, Маврово и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Од 15. ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15. март 2019 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фазлиу: Реновираниот пат Лакавица-Србиново покажува дека се грижиме за жителите во помалку развиените региони

Објавено пред

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на реновираниот регионален пат Лакавица-Србиново и на почетокот на изградбата на новиот пат кој води до депонијата „Русино“ во Гостивар, со должина од 2,5 километри.

Како што информираат од ресорното министерство, со овој значаен инфраструктурен чекор се создадени подобри услови за безбедно движење на сообраќајот за жителите на седум села од Србиновкиот регион, додека со патниот правец кој води до регионалната депонија, започнува реализацијата на проектот од регионален карактер.

„Министерството за локална самоуправа во континуитет ги поддржува градежните инфратуктурни проекти, а ова го потврдуваме и денеска со пуштањето во употреба на реконстуираниот дел од реновираниот пат. Обезбедивме над 4 милиони денари со што беше уфрлен чекор за реализација на овој проект. Голема заслуга имаат и луѓето од овој крај кои помогна во реализацијата на работите. Се надевам дека за жителите оваа инвестиција е добредојдена, уште повеќе кога се знае дека во планинските села се потребни вистински инвестиции кои ќе придонесуваат за намалување на миграцијата, која сега стана главна пеокупација за сите нас. Се надевам дека жителите на овој регион новиот асфалтен пат ќе го користат долго и безбедно“, истакнал Фазлиу и додал дека Министерството за локална самоуправа и во иднина ќе продолжи да работи во насока на подобрување на условите за живот на жителите во селата и помалку развиените региони.

Прикажи повеќе...

Македонија

Штрајкот прекинат, затворениците ќе преговараат со Владата за амнестија

Објавено пред

Затворениците што издржуваат казна во затворот „Идризово“ од утрово го прекинаа штрајкот со глад. Директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски, вели дека разговарал со нив и се договориле тој да ги испрати нивните барања до Владата, телото за помирување (Собранието) и премиерот Зоран Заев. Затворениците, пак, велат дека штрајкот го прекинуваат оти се договориле Мојсоски, освен да ги испрати, да ги претставува нивните барања пред институциите.

„Тие имаат четири барања и тие се однесуваат на казните. Дојдовме до заеднички јазик дека ништо нема да се реши со штрајк со глад, туку со преговори“, рече директорот Мојсоски за „Макфакс“.

Затворениците бараат општа амнестија за сите кривични дела за кои е дозволено со Уставот, преиначување на казната за осудениците осудени на доживотен затвор, ревизија на сите кривични дела за кои сметаат дека се монтирани процеси, а на осудените лица што се странци да им се прегулира статусот како што е предвидено во европското право.

Договорот меѓу директорот и затворениците е причина и за откажувањето на најавениот протест на фамилиите чии роднини изржуваат казна во „Идризово“. Тие требаше утре да протестираат пред Владата.

Пред еден и пол месец затворениците најавија генерален штрајк. Тогаш тие рекоа дека не може поголеми криминалци од нив да шетаат слободно и постојано да се амнестираат помеѓу себе, а други за пушење марихуана и украдени ќебапи и ајвар да лежат во затвор.

Со Законот за амнестијата, кој беше донесен на 15 јануари годинава, целосно ослободување од затвор добија речиси 815 лица со правосилна пресуда, а намалувањето на казната од 30 проценти опфати над три илјади осуденици. Законот не предвидуваше амнестија за сторителите на убиство, кривични дела за силување, избори и кривични дела против државата.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Штрајкот прекинат, затворениците ќе преговараат со Владата за амнестија

Затворениците што издржуваат казна во затворот „Идризово“ од утрово го прекинаа штрајкот со глад. Директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски, вели...

Македонија2 часа

(Видео) Дебата: Секоја амнестија и насока за менување на обвинението е упад во правосудството

Секоја амнестија или аболиција претставува упад, односно мешање во судската власт бидејќи законите се обврзувачки за Обвинителството и за судствто,...

Македонија3 часа

(Видео) Анкета: Што ви значи датумот 27 април?

„27 април е обичен ден, мислам дека не е празник“, „ме асоцира на крв и насилство“, „фингирана партиска работа“, се...

Македонија3 часа

Тасева ќе оцени дали Ласкова влијаела за грантот на нејзината снаа

До 20 декември „Транспаренси интернешнал – Македонија“ треба да ја заврши проценката на ризик за четирите компании добитници на грантови...

Македонија5 часа

(Видео) Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа на Клиничкиот центар

Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа во Клиничкиот центар од 10 до 10:30 часот и не им дозволуваа да наплаќаат...

Европа5 часа

Захарова: Ќе се одмаздиме ако Киев не обезбеди сигурност за руските дипломати

Москва ќе преземе мерки и ќе се одмаздиме доколку Киев не обезбеди целосна сигурност и безбедност на руските дипломати во...

Екологија6 часа

(Видео) „О2 иницијатива“: Зошто нема казни за бурето со оган пред Собрание?

„Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република...

Македонија6 часа

Папата ќе ја посети Македонија во мај

Македонската Влада и Ватикан соопштија дека папата Франциск ќе допатува во Македонија на 7 мај следната година.  Претходно, минатиот месец...

Крвав четврток6 часа

Отец Пимен: Ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не му била намерата да влезе во Собранието

,,Еден ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието”, рече отец...

Македонија8 часа

Во УБК билe следени телeфоните и на сопругата и братот на Мијалков

На денешното рочиште за предметот за масовното прислушување, „Таргет – Тврдина” продолжи да сведочи ексвработениот инеженер во МВР, Ѓоко Лазаревски....

Европа8 часа

Нов дипломатски скандал поради руски шпион

По одлуката на словачките власти за протерување руски дипломат од земјата, Москва реагираше со реципрочна мерка, објави „Спутник“. Минатата недела...

Европа8 часа

Меј: Ќе продолжам со мојата мисија за реализација на брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, по синоќешното гласање изјави дека сега ќе продолжи со својата „обновена мисија” да ја извади Велика...

Свет9 часа

Уште еден Канаѓанец исчезна во Кина

Канада соопшти дека се обидува да стапи во контакт со нејзин државјанин во Кина, кој исто така бил испитуван од...

Европа9 часа

Издадена потерница по напаѓачот од Стразбур, според полицијата, станува збор за исклучително опасна личност

Француската полиција издаде потерница по 29-годишниот Шериф Чекат, кој е осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур. Тој во...

Свет10 часа

(Видео) Воз излета од шините во Турција – девет мртви и 46 повредени

Деветмина патници загинаа, а 46 се повредени кога брзиот воз на линијата Анкара – Конја се судрил во машина за...

Македонија22 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет23 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски24 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија1 ден

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Досие