Македонија
Во Битола се поставува монтажниот ковид-центар

Увид во теренските активности за поставувањето на објектите од модуларнот ковид-центар во Битола денеска извршија битолската градоначалничка Наташа Петровска и директорката на Клиничката болница, Билјана Гагачовска.
Во предвидениот рок од три недели битолските јавни претпријатија беа активно вклучени во расчистување и рамнење на теренот по што беше поставен канализациски и водоводен систем од страна на КЈП „Нискоградба“ и ЈКП „Водовод“.
На овие активности им претходеше вонредната седница на Советот на Општина Битола, на која едногласно, од страна на советниците, беше донесена одлука за донација на 40.000 евра од општинскиот буџет во вид на услуги и добра на ЈЗУ Клиничка болница „Трифун Пановски“ – Битола за изградба на модуларна градба.
Модуларниот ковид-центар во Битола се реализира од страна на Министерството за здравство и Општина Битола, а се состои од 3 монтажни градби, од кои две наменети за интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Над 200 казни за скопјани поради сообраќајни прекршоци во еден ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон.
Изречени се 19 санкции за непочитување на брзината на движење, четири за минување на црвено светло, 69 мерки за непрописно паркирани возила и 20 за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Македонија
331 санкциja за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 331 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Kовид-19.
Македонија
Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен.
Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот ден ќе се префрлат и останатите 4 пациенти од центарот на Клиниката за уво нос и грло и во текот на денот и тој центар ќе биде затворен.
Инаку во Скопје во моментот хоспитализирани се 283 лица, од кои 30 во последните 24 часа.
„Бројот на приеми во изминативе денови во глваниот град е стабилен и утрово до 8 часот имало 163 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, велат од Министерството.
Голем дел од пациентите кои се лекуваат во Скопје се на кислородна поддршка.
Што се однесува до другите градови, во моментот во болниците се лекуваат 359 пациенти.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 27 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 40 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 13, Кавадарци 22, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ целата држава е 620 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид центрите.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира