Македонија
Во болниците низ земјата има 1.275 ковид-пациенти и 230 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.275 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министертството за здравство.
Од таму додаваат дека во последните 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 780 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
„Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 49 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 91, во ковид-центарот во Гостивар 58, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 11, Кавадарци 54, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се посчува дека бројките се менуваат од час во час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители.
Премиерот Зоран Заев соопшти дека ја прифатил понудената помош од Србија, преку претседателот Александар Вучиќ.
„Како што знаете, во последната недела дена бараме поддршка и од други земји, да ни дадат помош за да можеме час поскоро да почнеме, додека не стигнат првите 5.850 дози во февруари. Сакам да ја споделам оваа среќна вест со граѓаните, понудената помош од Република Србија, преку претседателот Вучиќ ја прифативме. Денеска разговаравме утрово со претседателот Вучиќ, тие прифатија да ни помогнат. Деталите ќе ги утврдиме во текот на денот. Знам дека она што можат да го потврдат е 8.000 вакцини од фајзеровите, а другите имаат договори кои што треба да ги проверат, клаузули дали можат тоа да го направат“, изјави Заев пред Граѓанскиот суд.
Српскиот претседател Вучиќ понудил вакцините да се доделат како донација, но Заев инсистирал тие да бидат платени, по што се договориле Македонија да ги добие вакцините по нивната набавна цена.
Во минатите недели, Бугарија и Грција сами се пријавија да ни отстапат дел од ковид-вакцините со кои тие ќе располагаат, но се уште нема ни трага од нивната помош за Македонија.
Македонија
Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние коишто се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од вкупно 729 донори. Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.
„Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма“, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале Ковид-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.
Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус. Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.
Македонија
Времето денеска сончево и студено

Времето денеска ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -15 до -6, а максималната ќе достигне од -6 до 4 степени, јави УХМР.
Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 1 степен.
Во вторник ќе преовладува ведро и студено време со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Од среда ветерот ќе го промени правецот во јужен и температурите ќе бидат во пораст. Облачноста ќе се зголемува, а од четврток кон крајот на денот во западните делови ќе почнат врнежи од дожд, а на планините од снег.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира