Македонија
Во Бугарија без ПЦР-тест ќе влегуваат учениците и студентите од Македонија

Од денеска учениците и студентите од Грција, Турција, Србија, Северна Македонија и од Романија, кои патуваат дневно или барем еднаш неделно во Бугарија поради образование, повеќе не треба да обезбедуваат документ со кој се докажува негативен тест на коронавирус при влез во земјата.
Истото тоа важи и за студентите што живеат во Бугарија, но патуваат во една од петте земји со цел образование, секојдневно или барем еднаш неделно.
Наредбата ја издаде бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Јаневска: Доцни исплатата на стипендиите, а на студентите не им се исплатени ни парите за студентски оброк

„Учениците и студентите останаа без поддршка од државата. Доцни исплатата на ученичките и студентските стипендии. Наместо државата да ги мотивира, но и да им помогне на младите во овие кризни времиња, кога голем дел од семејствата одвај врзуваат крај со крај, тие се оставени да преживуваат како знаат и умеат“ рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Јаневска посочи дека „учениците кои се стекнале со право на стипендија во оваа учебна година, не добиле ниту денар. Од друга страна, резултатите од конкурсот за студентски стипендии за студиската 2022-2023 година уште не се објавени, а кој знае кога ќе им се исплатат парите на оние кои што ќе се најдат на списоците“.
„Нема пари ниту за субвенциониран студентски оброк, иако беше ветено дека ќе се исплаќа месец за месец. Министерството за образование и наука не може да го исплати износот од 120 денари, а не пак, како што најави да го зголеми тој износ. И се ова е малку па натаму додаваме. Учениците запишани во Математичката гимназија цела недела губат часови по математички и информатички предмети. Немало средства да им се исплатат платите на професорите“ порача таа.
Македонија
Муцунски: Ветив дека ќе работиме поинаку и на дело го покажуваме тоа

Деновиве заврши реконструкцијата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром. Проект што целосно се реализира со средства првично планирани за кабинетот на градоначалникот, кои беа пренаменети за овој проект по иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски.
„Ветив дека ќе работиме поинаку и на дело го покажуваме тоа. Реализираме проекти што за дечињата значат многу. Сега родителите веќе не треба да водат грижа затоа што дечињата ќе учат во модерни и реновирани простории. По обновувањето на фасадата на училиштето и извршената реконструкција, важно е дека до крајот на оваа година планирано е да почне и доградба на училишната зграда. Со тоа ќе го зголемиме капацитетот на училиштето и ќе обезбедиме подобри услови за реализација на училишните активности“, истакна градоначалникот при посетата на основното училиште.
Инвестицијата во висина од 30 илјади евра, средства целосно обезбедени од буџетот на Општина Аеродром, опфати санација и реконструкција на дел од училишната зграда, реконструкција на училницата за дневен престој, санација на санитарните јазли, промена на вратите и промена на подот во дел од училниците.
Со овој проект уште еднаш покажавме дека инвестициите во објекти наменети за децата се исклучително важни. Сите механизми на општината им се ставени на располагање за дечињата да спортуваат и рекреираат во модерни објекти, каде има соодветни услови за нивен раст и развој. Новиот начин на управување, одговорното и транспарентното работење и пренамената на непродуктивните трошоци кон проекти за нашата иднина се уште еден доказ за нашата намера да го направиме Аеродром поубава општина за сите генерации.
Македонија
Победа на хуманоста: Mozzart и ракометарите собраа 663.000 денари на СП

Македонија ги заврши настапите на Светското првенство (СП) на 27. позиција, но сепак, на овој планетарен ракометен настан победи хуманоста. Компанијата Mozzart продолжи со хуманитарните акции и како општествено одговорна компанија, како дел од кампањата „Повеќе од гол“, донира по 3.000 за секој гол на македонската ракометна репрезентација.
Со големо внимание се следеа дуелите против Норвешка, Холандија, Аргентина, Алжир, Тунис, Мароко и Јужна Кореја и се навиваше за гол повеќе – за успех на Македонија, но и за што е можно поголема бројка на погодоци во чест на оваа акција на регионалниот лидер во приредување игри на среќа која се одржува втора година по ред. На крајот на акцијата беа собрани вкупно 663.000 денари.
На овој шампионат, нашите ракометари беа најефикасни против Алжир и Мароко кога и на двата меча постигнаа по 40 гола, а границата над 30 гола беше надмината и со Јужна Кореја кога се постигнаа 33 погодока.
„Им благодариме на нашите ракометни асови, за нас тие се победници. Големо задоволство ни е што ја препознаа нашата акција „Повеќе од гол“, што ја поддржаа и што заедно станавме дел од еден голем проект, преку кој, на оние на кои им е најпотребно, барем малку ќе им ја вратиме насмевката на лицата и ќе им го направиме животот поудобен.” – изјавија од менаџментот на компанијата Mozzart.
Нашите ракометари со главниот амбасадор на оваа акција Филип Талески ќе одлучат кому и каде ќе биде упатена оваа донација. На ова Светско првенство, Талески беше втор стрелец со 27 гола, додека лидер беше нашиот лански амбасадор Филип Кузмановски со вкупно 37 постигнати гола.
„Мило ми е што бев вклучен во овој хуманитарен настан на Mozzart. Повторно, жалиме што не успеавме да ја минеме првата групна фаза, но во разигрувањето за пласман и Президент купот ја подобривме нашата игра и со тоа направивме и износот на донацијата на крајот да е поголем”, изјави Филип Талески, еден од нашите најдобри ракометари и член на ракометниот клуб Вардар.
Ова беше втора акција „Повеќе од гол“ на Mozzart, по ланската, на Европското првенство, кога низ натпреварите се постигнаа вкупно 70 гола и беа собрани 350.000 денари.
ПР