Контакт

Македонија

Во државава е поевтино да се облечеш, отколку да се храниш

Објавено пред

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека во октомври индексот на трошоците на живот забележал мала дефлација од 0,2% во споредба со септември. Тоа се должи на поевтинувањето на транспортот за 6,1%, мебелот и одржувањето на домаќинствата за 0,3%, како и на образование и култура за 0,1%. Индексот на цените на мало бележи слично благо намалување, на 98,7 поени.

Сепак, ова благо месечно намалување не го менува годишниот тренд. Во однос на октомври 2024 година, индексот на трошоците на живот пораснал за 4,5%, а индексот на цените на мало за 2,8%, што покажува дека граѓаните сè уште се соочуваат со висок инфлаторен притисок.

Највидливо поскапување е регистрирано кај храна и безалкохолни пијалаци, кои за една година се зголемиле за 7%, како и кај алкохолни пијалаци и тутун (+6,7%) и облека и обувки (+2,8%). Мали месечни зголемувања има и кај домувањето, вода, електрична енергија и гас, како и ресторани и хотели, со раст од околу 0,2%.

Минималната синдикална кошница во октомври пораснала за 467 денари, а за просечно четиричлено семејство месечните трошоци изнесувале 65.544 денари. Најмногу се зголемиле трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври достигнале 23.772 денари, што е раст од 378 денари за еден месец.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Регион3 минути

Со виљушкар спасувал патници од возот во Хрватска: „Тоа беше моја граѓанска должност“

Во 10:05 часот меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци, се случил судир на товарен воз на...

Регион10 минути

(Видео) Судир на патнички и товарен воз во Хрватска, 20 лица повредени – шестмина потешко

Два воза се судрија утрово во Хрватска, меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци. Во судирот учествувале...

Македонија23 минути

(Видео) СДСМ бара мораториум за нови комерцијални дата центри, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Националниот дата центар е во корист на граѓаните

СДСМ побара мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода, оценувајќи дека во...

Регион54 минути

Вучиќ: Не верувам дека војната во Украина брзо ќе заврши, не разговаравме со Зеленски за воена соработка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не верува оти војната во Украина брзо ќе заврши. Одговарајќи на новинарски прашања...

Спорт54 минути

Пропадна траснферот на Аслани во Лајпциг

Трансферот на Фисник Аслани од Хофенхајм во РБ Лајпциг, кој изгледаше како завршена работа, беше откажан во последен момент. Иако...

Спорт1 час

Чоло Симеоне го според Алварез со Гризман

Тренерот Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го потврди ставот на клубот за иднината на Хулијан Алварез, ставајќи крај на шпекулациите за...

Регион1 час

Вучиќ и Зеленски во Белград: Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина

Претседателите на Србија и Украина, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, се обратија пред медиумите по средбите во Палатата Србија во...

Спорт1 час

Арсенал го насочи вниманието кон Кенан Јилдиз

Арсенал извиси за потписот на Винисиус Жуниор, па спортскиот директор Андреа Берта веќе наде нова цел. Англискиот првак е заинтересиран...

Македонија1 час

Потребно е време за водата во Гостивар да се прогласи за чиста за пиење, рече Ангелов

Состојбата со водата е значително подобрена и последните наоди покажуваат подобрување, но потребно е време таа да биде прогласена за...