Контакт

Македонија

(Во живо од Битола): Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ поради договорот за промена на името

Објавено пред

Проследете го во живо од Битола протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ каде голем дел од граѓаните пред се подржувачи и членови на партијата ќе го изразат своето незадоволство од, како што велат, лошите внатрешни и надворешни политики кои ги води актуелната влада на Република Македонија на чело со премиерот Зоран Заев.https://www.facebook.com/makfax/videos/10155811675803353/?notif_id=1529234962638915&notif_t=live_video_explicit

Протестниот марш започнува од спортската сала во Битола, потоа преку Широк Сокак се до Домот на културата каде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има свое обраќање пред граѓаните.

Главните причини за денешниот марш е 28 роденден на партијата и договорот за промена на името помеѓу Грција и Македонија кој утрово беше потпишан од министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Виктор Јованов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Костадинов: Сиљановска е транзициски профитер, кога таа била министерка нејзиниот сопруг добил фри-шоп

Објавено пред

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска, е пример за транзициски профитер и симбол на непотизам, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што кажа тој, во нејзиниот мандат како министерка во првата влада по независноста, сопругот на Сиљановска добил бизнис со фри-шоп, што според портпаролот на владејачката партија, во тоа време бил еден од најдоходовните бизниси.

„Таквиот чин на непотизам, судир на интереси и злоупотреба на функцијата, во тоа време наидува на жестока критика токму од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Собраниските архиви говорат дека Силјановска за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не била ‘симбол на правото и правдата’, туку узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка, како што била опишувана во Собранието во 1994 година токму од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ“, посочи Костадинов.

Како што истакна тој, дури и самата Сиљановска во интервју за „Сител“ телевизија признала дека фри-шопот постоел.

„Единствениот кој го игнорира доделениот фри-шоп и очигледниот конфликт на интереси на Сиљановска како министерка во транзициската влада е Христијан Мицкоски. Јасно е лицемерието на Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа загубија во првиот круг и затоа ќе загубат уште поубедливо во вториот круг“, кажа портпаролот и додаде дека граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности да застанат на чело на државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дежурни билетарници на ЈСП за велигденските празници и за 1 мај

Објавено пред

Во пресрет на претстојните велигденски и првомајски празници ЈСП информира дека ќе има три дежурни билетарници на ЈСП Скопје.

Во петок (26.04.2019 година), недела (28.04.2014 година), понеделник (29.04.2014 година) и во среда (01.04.2014 година) дежурни ќе бидат билетарниците кај Зелен пазар од 7-19,30 часот, во Ѓорче Петров од 7-13 часот и кај Транспортен центар од 7-19,30 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Објавено пред

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од Судот, во изјава за „Макфакс“ вели дека нема да прави тензии и дека нема со насилство да ја преземе функцијата во ИВЗ туку тоа ќе прави по институционален пат.

Според Бузаку моментно објектот на ИВЗ е под окупација и рече дека денеска прво ќе побара асистенција од полицијата за да влезе на своето работно место, а истовремено ќе упати барање до Финансиската полиција да изврши проверка во работењето на ИВЗ и да ја утврди фактичката состојба.

Бузаки вели дека има решение од судот и дека е правосилно и објавено во Службен весник со што, како што рече, Реџепи практично нема право на жалба.

Бузаку за „Макфакс“ додава дека ништо не се решава со тензии и дека тој не е тука за да навредува некого туку да шири љубов и да ги сплотува луѓето и да ја извршува мисијата на ИВЗ.

Тој вели дека ИВЗ не смее да се меша политиката затоа што ИВЗ не е политичка партија туку верска заедница.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од Судот, во изјава...

Македонија34 минути

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, за „Макфакс“ вели дека е невозможно реисот Сулејман Реџепи да оствари средба со...

Македонија2 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет2 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија16 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет21 час

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија22 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ23 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ23 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет1 ден

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ2 дена

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа2 дена

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20192 дена

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет2 дена

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 20192 дена

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Досие