Македонија
(Видео) Прес-конференција на Филипче за зголемување на платите во здравството

Во Владата, министерот за здравство одржа прес-конференција по повод одлуката за зголемување на платите во здравството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кадиев: Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари

Адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, по судењето за случајот „Рекет“, изјави дека имало неконзистентност во изјавите и потврди дека на неговата клиентка ѝ оди во прилог тоа што сведоците рекле оти таа не барала пари.
„Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари“ рече Кадиев.
Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, по рочиштето за „Рекет”, рече дека сведоците на Обвинителството на денешното судење дале контрадикторни изјави.
“Има неверојтни контрадикторности во изјавите”, рече Дуковски. На дополнително прашање на новинарите дека во обвинението пишува за рекет од 1,5 милион евра, а во судницата се спомнуваат само 710 илјади евра и 350 илјади евра, рече дека тоа е најмалата контрадикторност.
Следното рочиште за „Рекет” е закажано за 25 декември кога треба да сведочат Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Влатко Бошков.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за Законот за употреба на јазиците

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за Законот за употреба на јазиците и негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија, изјави пратеникот Драган Данев.
„Власта ја загрозува европската иднина на Македонија. Венецијанската комисија јасно потенцираше дека Законот за употреба на јазиците е спротивен на Уставот и надвор од европските практики. Почитувањето на препораките на Венецијанската комисија е обврска за Република Македонија. Нон пејпарот на Франција според кој ќе се изготви новата методологија за почеток на преговори со Унијата бара и почитување и имплементацијата на кажаното од Венецијанска комисија. Забелешките на Венецијанска комисија се во согласнот со забелешките на ВМРО-ДПМНЕ кои ние како партија ги поднесовме уште пред година ипол, кога владината коалиција насилно го туркаше злоупотребувајќи европско знаменце“, рече Данев.
Тој ја повика владејачката СДСМ да ги поддржи амандманите.
Исто така, додаде тој, власта треба да се охрабри и да ги прифати и предлозите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за гласање на закон за забрана за амнестија на политичари, како и забрана за занимавање со политика на лица кои биле амнестирани.
„Заев се плаши и да прифати закон за утврдување на потекло на имот на политичарите, кои преку ноќ се стекнале со огромни богатсва. Доколку Зоран Заев има барем малку чест и храброст тој ќе го прифати и предлогот на претседателот Христијан Мицкоски за измени во Законот за избори и воведување на кандидат мандатар, со што претендетот за премиер нема да може после избори да се крие зад пратеничкиот имунитет и ќе си замине од политиката“, рече Данев.
Македонија
(Видео) Стоилковски: Чекаме реакција од Јавното обвинителство да го испита случајот со уништениот инсулин

Аферата со уништување на инсулин покажува дека се фатени живи во сомнеж за постоење на криминал. Документите несомнено покажуваат дека уништен е инсулин со валиден рок на траење. А, сето ова отвора простор за кривично гонење од основното јавно обвинителство, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Аргументите на министерството за здравство се лажни и неуверливи. Јавно ги повикуваме да го објават датумот кога уништениот инсулин е набавен. Ако се знае дека нема инсулин со рок на траење поголем од две години, а уништениот имал рок на траење уште 6 месеци, јасно е дека инсулинот е набавен во време на оваа власт. Дополнително министерството за здравство нема никакво образложение за причините зошто тој инсулин го прогласува за сомнителен.
Напротив ова е известување на Aгенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) од октомври 2017-та година, што покажува дека е направена анализа на инсулинот при што констатирала дека инсулинот е во одлична состојба и не се најдени никакви недостатоци.
Го повикувам Венко Филипче да каже кога е произведен инсулинот кој беше уништен, а беше со рок до 6-ти односно до 7-ми месец 2020 година. Ова известување на Агенцијата покажува дека Венко Филипче лаже кога тврди дека порано е набавуван инсулин со сомнителен квалитет. Ова не непобитен доказ дека е уништен здрав инсулин. Ова отвора сомнеж дека владата и Филипче уништиле здрав инсулин за да има нов тендер каде добитник ќе биде компанија блиска до власта. Филипче треба кривично да одговара за овој скандал.
Јавното Обвинителство би требало да реагира согласно нивните обврски, да реагира по допрен глас. Да реагира по се што е укажано од ВМРО-ДПМНЕ досега неколку пати го има посочено Јавното Обвинителство како место каде што се закочува правото и правдата и се отвора сомнеж за правната држава во оваа земја. Злоупотреба на службена должност не е само се сработи нешто, туку и непостапување е кршење на службената должност во Јавното Обвинителство. Чекаме одговор од Венко Филипче, а чекаме и реакција од Јавното Обвинителство да го испита случајот“ порача Стоилковски.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци