Контакт

Македонија

(Видео) Извлекување патници од превртениот автобус

Објавено пред

Спасувачки екипи на автопатот Скопје – Тетово во моментов работат на извлекување на патниците од автобусот што попладнево се преврте во близина на селото Ласкарци.

Неофицијално, во автобусот, кој ѝ припаѓа на компанијата „Дурмо турс“, патувале околу 50 лица, а бројот на повредени засега е непознат.

Местото на несреќата е блокирано од страна на полициски екипи, а медицински тимови во Скопје се мобилизираат за да им пружат прва помош на повредените.

Очевидци на настанот велат дека до несреќата дошло поради експлозија на една од автобуските гуми.

Македонија

Здружението на приватни стоматолози: Да бидеме подготвени да помогнеме со кадар ако добиеме таков налог

Објавено пред

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина, ја поздрави одлуката на министерот за здравство за времено прекинување на редовната работа на стоматолошките ординации поради пандемијата со COVID -19 .

Ваквата одлука, Министерството за здравство ја донесе согласно одредбите од Законот за здравствена заштита кои се однесуваат на работа на Министерството и здравствените установи во вонредни околности.

„Сосема е извесно дека во доста здравствени домови постојниот број на тимови кои пружаат итна стоматолошка заштита во нормални услови нема да можат да ја извршуваат работата во ново настанатата состојба и потребата од ангажирање и на тимови од ПЗУ ќе биде неминовна. Согласно Законот, во услови на вонредна состојба министерството може да ги ангажира сите постојни кадровски потенцијали таму каде што е најпотребно. Затоа, почитувани колеги да бидеме спремни да помогнеме на Здравствените домови со својот кадар, па и со своите ординации ако за тоа добиеме налог од Министерот“, велат од Здружението.

Оттука додаваат дека истовремено треба да бидат подготвени ако епидемијата добие неочекувано поголеми димензии, согласно Член 285 од ЗЗЗ , некои од нив да бидат распоредени и на други задачи при справување со епидемијата, односно задачи кои не се поврзани со нивната редовна дејност.

„Во услови кога сите дејности ги најавуваат своите загуби и бараат помош преку мерките кои ги превзема Владата, мораме и ние да ги истакнеме финансиските импликации врз ПЗУ поради кризата со корона вирусот. Прво, поголемиот број на ПЗУ во мрежата имаат мал број на пациенти и приходите по основ на капитација не овозможуваат исплата ни на минимална плата за вработените , а да не збориме и за фиксните месечни расходи . Во услови кога ординациите не работат , овие ПЗУ не се во состојба да остварат никакви дополнителни приходи , кои во нормални услови донекаде ја ублажуваат матерјалната состојба“ се додава во соопштението од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина

Поради тоа уште еднаш го актуелизираме предлогот на Здружението доставен до ФЗО , за месеците на криза на сите ПЗУ во мрежата да им исплатува иста сума по тим на солидарен принцип , се разбира освен на оние кои ќе бидат ангажирани со активна работа во приспособени услови во вонредни околности. Второ , да не ги заборавиме ПЗУ од областа на стоматологијата кои работат надвор од мрежата. Тие ќе бидат и најтешко погодени од кризата во матерјална смисла , бидејќи нивниот извор за економски опстанок се само средствата наплатени од пациентите за извршени услуги. Во овие услови услуги не можат и не треба да прават , а треба да преживеат . За нив мора да бараме помош преку општите мерки на Владата за ублажување на финансијските штети од епидемијата кај други дејности . Најблиско за споредување се штетите во туризмот и угостителството . Не располагаме со точни податоци колку ПЗУ и со колку тимови работат надвор од мрежата. Ваков податок баравме од Министерството, ама за жал не го добивме . Затоа ги молиме сите колеги основачи на ПЗУ кои работат надвор од мрежата , да се пријават на Мејлот на Здружението или на Фејзбух страната на здружението . Сакам да ги слушнеме и нивните предлози. Истото важи и за ПЗУ заботехнички лаборатории , кои ќе доживеат финансијски колапс, бидејќи и тие опстојуваат исклучиво со своите услуги . И за нив сме должни да бараме какво такво санирање на состојбата , па затоа ги молам да се пријават на иста адреса. Трето , уште еднаш упатувам апел до ФЗО да го замрзне процесот на промена на матичен стоматолог за време на вонредната состојба и кризните месеци. Четврто , уште еднаш упатувам апел до раководството на Стоматолошката комора да не молчи по предлогот на Здружението за ставање на мораториум на КСУ за 2020 год. и сите доктори стоматолози да добијат по 20 едукативни бодови , потребни за обновување на лиценцата за работа“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонски туристи од Перу слетаа во Виена

Објавено пред

Четворица македонски граѓани кои беа затекнати како туристи во Лима, Перу, слетаа во Виена.

Тие слетале со чартер лет, по телефонски разговор помеѓу министерот за надворешни работи, Никола Димитров и автрискиот министер, Александер Шаленберг.

„Во исклучително отежнати услови за репатријација особено за затекнатите граѓани на други континенти, упатуваме голема благодарност до министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, како и до австриското МНР, за солидарноста која е повеќе од потребна во овие моменти при заемното помагање помеѓу земјите“, вели Димитров.

Од Министерството за надворешни работи нагласуваат дека се во постојана комуникација со надлежните власти на земјите од регионот и од земјите членки на ЕУ, правејќи напори за преземање на нашите граѓани од другите континенти со заеднички прекуокеански лет, како што беше и случајот со Австрија.

Прикажи повеќе...

Македонија

1082 граѓани дојдени од странство се во државен карантин, денес се очекуваат авиони од Минхен и Љубљана

Објавено пред

Два авиони од Љубљана и Минхен со наши државјани се очекува денес да пристигнат во земјава, извести техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Вчера во земјава со хуманитарен авионски превоз од Малме и Загреб се вратиле 290 граѓани. Сите се однесени во државен карантин.

„Во моментов вкупно 1082 граѓани се сместени во државен карантин. Досега вкупно 19 објекти се приспособени за оваа намена, а распоредот за сметување го прави Генералниот секретаријат на Владата. Полициските службеници преземаат мерки за обезбедување на транспортот и спровод на лицата од државните граници до објектите како и внатрешно и надворешно обезбедување на државните карантини“, рече министерот Чулев.

Тој не кажа бројка на лица однесени во карантин поради непочитување на мерките за изолација и самоизолација но рече дека надлежните институции во моментов преземаат мерки за приспособување на објектите кои ќе бидат наменети за оваа категорија граѓани кои нема да ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација, а кои согласно одлуките на Владата ќе бидат сместени во државен карантин на сопствена сметка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пациентка од Струга утрово почина од коронавирус

Утрово од коронавирус почина пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга, информираат од Министерството за здравство. Таа и...

Македонија3 часа

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет3 часа

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Европа4 часа

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува...

Македонија4 часа

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија6 часа

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Економија6 часа

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од НБРМ. „Во повеќе наврати истакнавме дека...

Македонија6 часа

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе...

Македонија6 часа

Забрана за движење за викенд за сите граѓани од 16 до 5 часот

Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија7 часа

Од скопските општини најмногу заболени има во Карпош

Во Скопје најголем број заболени со коронавирус се пријавени во десет општини, од кои најмногу во  Карпош – 27, потоа...

Македонија23 часа

И официјално станавме 30-та членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Денеска, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон...

Македонија1 ден

Седум пациенти на Клиниката за инфективни болести се во потешка состојба

Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти...

Македонија1 ден

Симптоми на коронавирус забележани кај вработен на Кардиологија

Вработен на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на коронавирус, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Вработениот немал...

Македонија1 ден

Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација – Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сè уште течат и...

Свет1 ден

Како ќе заврши коронавирусот – руски епидемиолог објави три сценарија

Кинезите за сузбивање на коронавирусот презедоа мерки без преседан и организираа карантин каков што досега не е виден во историјата...

Македонија1 ден

Вработен во ЈСП позитивен на коронавирус

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие. Оттука нагласуваат дека...

Македонија1 ден

Регистрирани 18 нови случаи на заразени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив,...

Свет1 ден

(Видео) Британскиот премиер, Борис Џонсон, позитивен на коронавирус

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е заболен од коронавирус и се наоѓа во самоизолација, но сè уште ќе ја...

Свет1 ден

Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот

Од 3 до 10 проценти од пациентите со Ковид-19 повторно биле позитивни на коронавирусот откако биле излекувани и отпуштени од...

Свет1 ден

Вчерашниот ден најсмртоносен од почетокот на пандемијата

Бројот на заразени со коронавирусот во 202 земји и територии ширум светот вчера надмина половина милион, при што САД ја...

Досие