Контакт

Македонија

Во „Канал5+“ бил вработен само директорот – Агенцијата за медиуми предложи да ѝ биде одземена дозволата

Објавено пред

Директорот на Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги на Советот му предложи да ѝ биде одземена дозволата за телевизиско емитување на телевизијата „Канал5+“ поради неисполнување на одредби од Правилникот за минималните кадровски, технички, финансиски и просторни услови за работа.

Наместо во телевизијата да работат 30 лица, од кои, 10 треба да бидат новинари со завршено високо образование, во медиумот бил вработен само директорот. Агенцијата во неколку наврати се обидувала да добие известување од телевизијата, но освен привиот одговор, сите останати биле игнорирани.

„Канал 5+“, заедно со А2 телевизија и Сител 3 плус беа првите приватни телевизии со сателитска национална концесија кои започнаа со емитување програма во 2008 година.

Телевизијата во првата година имаше информативна редакција. По само неколку месеци уредниците и новинарите беа отпуштени, а телевизијата, и покрај обврската да емитува сопствена програма, продолжи да ги презема вестите од сестринската „Канал 5“, со посебен водител.

Според платформата „Медиа Педиа“, сопственот на овој медиум биле компаниите на поранешниот пратеник Борислав Стојменов. Во 2012 тој ја продал телевизијата на извесен Дејан Митев кога Агенцијата за медиуми започна да го спроведува членот од законот со кој што се забранува политики функционери и членови на нивните семејства да поседуваат телевизии.

Македонија

Утре без вода ќе останат дел од корисниците на Аеродром

Објавено пред

Поради технички зафат утре, 11 декември, без вода од 09 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат дел од корисниците од булевар АСНОМ во Општина Аеродром.

Од „ЕВН Македонија“, пак, известуваат дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат од 08:30 до 15 часот, корисниците од село Глумово, село Шишево и село Матка во Општина Сарај, од 9 до 12 часот корисниците од ул. 10 во село Долно Соње во Општина Сопиште, од 9 до 15, корисниците од улиците бр. 19 и бр. 25 во село Волково во Општина Ѓорче Петров и од 10 до 12 часот корисниците од село  Студеничани и село Морани во Општина Студеничани.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кадиев: Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари

Објавено пред

Адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, по судењето за случајот „Рекет“, изјави дека имало неконзистентност во изјавите и потврди дека на неговата клиентка ѝ оди во прилог тоа што сведоците рекле оти таа не барала пари.

„Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари“ рече Кадиев.

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, по рочиштето за „Рекет”, рече дека сведоците на Обвинителството на денешното судење дале контрадикторни изјави.

“Има неверојтни контрадикторности во изјавите”, рече Дуковски. На дополнително прашање на новинарите дека во обвинението пишува за рекет од 1,5 милион евра, а во судницата се спомнуваат само 710 илјади евра и 350 илјади евра, рече дека тоа е најмалата контрадикторност.

Следното рочиште за „Рекет” е закажано за 25 декември кога треба да сведочат Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Влатко Бошков.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за Законот за употреба на јазиците

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за Законот за употреба на јазиците и негово усогласување со препораките на Венециската комисија, изјави пратеникот Драган Данев.

„Власта ја загрозува европската иднина на Македонија. Венециската комисија јасно потенцира дека Законот за употреба на јазиците е спротивен на Уставот и надвор од европските практики. Почитувањето на препораките на Венециската комисија е обврска за Република Македонија. Нон пејперот на Франција, според кој ќе се изготви новата методологија за почеток на преговори со Унијата, бара и почитување и имплементација на кажаното од Венециската комисија. Забелешките на Венециската комисија се во согласнот со забелешките на ВМРО-ДПМНЕ, кои ние како партија ги поднесовме уште пред една и пол година кога владината коалиција насилно го туркаше злоупотребувајќи европско знаменце“, рече Данев.

Тој го повика владејачкиот СДСМ да ги поддржи амандманите.

Исто така, додаде тој, власта треба да се охрабри и да ги прифати и предлозите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за гласање закон за забрана за амнестија на политичари, како и забрана за занимавање со политика на лица што биле амнестирани.

„Заев се плаши и да прифати закон за утврдување потекло на имотот на политичарите кои преку ноќ стекнале огромни богатства. Доколку Зоран Заев има барем малку чест и храброст, тој ќе го прифати и предлогот на претседателот Христијан Мицкоски за измени во Законот за изборите и воведување кандидат мандатар, со што претендетот за премиер нема да може по избори, да се крие зад пратеничкиот имунитет и ќе си замине од политиката“, рече Данев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија2 часа

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија4 часа

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија4 часа

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија4 часа

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија4 часа

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија5 часа

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет5 часа

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет6 часа

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет6 часа

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет7 часа

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија18 часа

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион22 часа

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ23 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија23 часа

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Македонија23 часа

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата...

Македонија1 ден

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени...

Регион1 ден

Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што...

Спорт1 ден

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на...

Свет1 ден

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулканот, секунди пред ерупцијата

Веб-камера открила најмалку десет туристи во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд, во момент пред ерупцијата, пренесуваат...

Досие