Македонија
Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат 260 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 9 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека вкупно 260 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ ‘8 Септември’ имало два нови приеми на пациенти, исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден“, стои во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.
Од вкупно 260 пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Здравствените власти посочуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Бочварски: Преку нов предлог Закон го продолжуваме процесот на легализација

Mинистерот за транспoрт и врски Благој Бочварски рече дека сакаат да го продолжат рокот за легализација преку нов Закон, за да може да им се даде можност на сите физичи и правни лица кои досега не ги легализирале објектите или подземната инфраструктура, тоа да го сторат.
Бочварски ова го истакна при денешната работна посета во општина Ѓорче Петров.
“Според новиот предлог Закон, а за кој очекуваме поддршка од пратениците, висината на надоместокот е утврдена со висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште во секоја општина посебно -комуналии- и се зголемува за 50 проценти. Од плаќање на надоместок со предлогот ослободени се примателите на социјална помош, државни органи, единици на локална самоуправа, јавни субјекти како и верските објекти“, рече Бочварски.
Според него за бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја со новиот предлог закон се предвидува да се побара согласност за легализација од органите надлежни за управување со овие подрачја.
Тој напомена дека првично со овој предлог закон крајниот рок за легализација беше за објекти изградени до 1 октомври 2019 година, а беше на барање и со силна поддршка на локалните самоуправи и градоначалниците.
Министерот заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, доделија триесетина решенија за легализација на жители од општината.
“ Остваривме работна средба, на која дадовме акцент на новиот Клинички центар, изработката на проектот за инфраструктура, а истовремено даваме и апел да се одблокира целиот прокет кој е закочен од опозицијата во Собранието. Станува збор за најголемата гринфилд инвестиција која досега ја имала оваа земја”, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
На новинарско прашање за изградба на Клиничкиот центар, министерот Бочварски апелираше до пратениците да не го блокираат процесот за изградба на Клиничкиот центар како стратешка инвестиција за државата.
Македонија
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 671 пациент

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 423 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 67, во ковид центарот во Гостивар 6, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациент, во Кочани 6 во Кичево 8, Кавадарци 40, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 671 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Македонија
ЈСП: Рокот за заверка на важноста на студентските билети продлжен до 31 март

Рокот за продолжување на важноста на студентските билети за бесплатно користење на јавен превоз повторно е продолжен, односно ќе трае до 31 март годинава, информираат од ЈСП.
„До тој термин, сите студенти кои ги исполнуваат условите за стекнување на право на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз, а не го продолжиле од било која причина, можат бесплатно да го користат превозот, но притоа да поседуваат картичка ‘Скопска’ која имаат обврска да ја приложат при евентуална контрола на билети“, се наведува во соопштението.
Во него се додава дека судентите немаат обврска да се валидираат во автобусот, а контролорите не смеат да им издадат записник/казна.
Од 1 април, секој студент кој ги исполнува условите за посочениот тип на билет, а истиот не го заверил, во случај на контрола ќе добие казна, доколку евентуално не поседува друг тип на билет, уредно валидиран.
Од ЈСП Скопје велат дека со ова повторно излегуваат во пресрет на барањето на УСС (Универзитетското студентско собрание) при УКИМ, кое по втор пат побарало продолжување на рокот за заверка на важноста на студентскиот билет, со оглед на актуелната ситуација со Ковид-19, која, како што навеле, на одредени факултети предизвикува потешкотии при организација и распределба на документацијата потребна на студентите за продолжување на важноста на билетот.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер