Контакт

Македонија

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 391 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Кожната клиника, двајца на Клиниката за нефрологија и четворица во ковид-центарот на Неврологија.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 9 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на ОРЛ 11 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 19 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 99 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 130 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент. Вкупно 391 пациент потврден и сомнителен за Ковид- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 115 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Македонија

Наутро ќе провејува снег, преку ден сончево и студено

Објавено пред

Наутро ќе има услови за појава на слаб снег на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.

Во Скопје наутро со мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.

Од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни ноќта кон сабота во западните делови и в недела. Претежно во источните делови од земјата утре ќе има засилен северен ветер, а в сабота ветерот ќе биде силен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата ја започна постапката за набавка на 200.000 дози инактивирана вакцина

Објавено пред

Владата на вечерашната седница, ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19.

„ Со заклучок на Владата, Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за набавка на 200.000 единечни дози од САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19, согласно со член 55 став (1) точка г) од Законот за јавните набавки, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас.

Станува збор за нова набавка на дополнителни количини покрај оние од КОВАКС механизмот од 833.000 дози на вакцина за кои Министерството за здравство изврши уплата на авансот и ја обезбеди финансиската гаранција, со што ги исполни финансиските обврски што произлегуваа по основ на склучениот Договор. Според најавите од КОВАКС механизмот првите количини од оваа набавка се очекува да бидат испорачани во првата половина на февруари.

Владата преку Министерството за здравство е во завршна фаза од директните разговори со производителот „Фајзер“ за набавка на уште 800.000 единечни дози за сукцесивна испорака на договорените количини во наредните месеци од кои првите во февруари“ соопшти Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ристова: Итна реформа денес за подобро утре

Објавено пред

За најавената реформа во основното образование, професорката Мимоза Ристова од Природно-математичкиот факултет во Скопје вели дека е промена што се чека 30 години. По денешната средба на професорите од сите универзитети во државата со претставници на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование, Ристова изјави дека од првиот лош резултат постигнат на ТИМСС-тестовите, по независноста, резултатите постојано се влошуваа.

„По 30 години, некој се најде да го подобри системот. Имаме системска грешка која се провлекува кај неколку влади досега, а точно е детектирана грешката. Оваа Влада се нафати да ја исправи грешката. Мислам дека реформата мора да оди бргу и да го поткренеме системот на подобро“, рече професорката Ристова.

Децата образовани според новата концепција нема да бидат националисти, нема да бидат политички оптоварени, ќе бидат интегрирани во општеството и ќе бидат сензитивни кон средината и кон опкружувањето, посочи професорката.

„Новиот човек може да се направи само со поинтензивно образование, со дигитално образование, затоа што денешното дете не е исто како ние кога бевме деца. Концептот овозможува добра реализација и ние од високото образование будно ќе следиме како се спроведува и ќе интервенираме секогаш кога ќе има отклонување од иницијалниот пат“, рече професорката Ристова.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

„Астразенека“ и ЕУ пред договор?

Продолжува драмата околу средбата меѓу претставниците на Астра Зенека и членките на ЕУ. Средбата заврши доцна синоќа, а еден твит...

Свет19 минути

Норвешка целосно ги затвора границите поради новите мутации на коронавирусот

Од четврток на полноќ Норвешка ќе ги воведе најстриктните правила на својата територија од 12 март. Како што најави премиерката...

Регион28 минути

Нов земјотрес кај Петриња

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Хрватска синоќа во 00.28 часот во областа Петриња....

Македонија10 часа

Владата ја започна постапката за набавка на 200.000 дози инактивирана вакцина

Владата на вечерашната седница, ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19. „ Со заклучок на Владата,...

Свет14 часа

„Мртвите“ вакцини како кинеските се поефикасни против новите видови коронавирус

Постои загриженост дека вакцините што се користат во целиот свет може да бидат помалку ефикасни против новите видови коронавирус, што...

Свет14 часа

„Оксфорд“ очекува набргу податоци за ефикасност на вакцината против британскиот сој

Универзитетот „Оксфорд“ очекува дека податоците за ефикасноста на вакцината што ја разви против британскиот сој на коронавирус ќе бидат готови...

Македонија15 часа

Над 20 лекари и медицински лица на Клиниката за нефрологија позитивни на коронавирус

Над дваесет здравствени работници од Клиниката за нефрологија се позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство. Како што се наведува,...

Македонија17 часа

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика...

Македонија18 часа

Војниците ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата

Професионалните војници кои ќе навршат 45 години возраст, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, ќе можат...

Македонија19 часа

Нови 394 случаи на коронавирус, оздравени се 387 пациенти, а починаа 9 лицa

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 190,...

Македонија19 часа

Две котларници на „Фагус“ од Пехчево испуштаат прашина и штетни гасови, велат од инспекторатот за животна средина

По претставка од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина вчера изврши контрола на емисиите во дрвниот комбинат „Фагус“ во Пехчево....

Македонија20 часа

МВР за „Јавна соба“: Жртвите да пријават злоупотреби

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин кој...

Македонија20 часа

По една година одново актуелна групата „Јавна соба“ – илјадници членови споделуваат експлицитни фотографии oд девојки

Една година по обелоденувањето на скандалот „Јавна соба“ за групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии...

Македонија22 часа

Здружението на директори од основните и средните училишта со поддршка на реформите

Текот на наставата во второто полугодие и реформските процеси во образованието беше тема на разговорот со Здружението на директори од...

Македонија22 часа

Непроспиена ноќ во Маврово, почувствувани пет земјотреси

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 километри југозападно...

Европа24 часа

Зaпaден Балкан на листата на шест итни приоритети на новата администрација на САД и на Германија

Западен Балкан е на списокот на заедничките надворешнополитички приоритети на новата американска администрација и на Германија, беше истакнато во телефонскиот...

Свет1 ден

Мадуро промовира капки од мајчина душица како чудотворен лек против Ковид-19

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти. Британските медиуми пренесуваат...

Свет1 ден

Бајден и Путин договорија продолжување на договорот за нуклеарното оружје

Претседателот на САД, Џо Бајден, и рускиот претседател Владимир Путин договорија продолжување на договорот околу контролата на оружјето. Тие во...

Македонија1 ден

Земјотрес во Маврово со јачина од 3,6 степени

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутринава во 7:44 часот во подрачјето на Гостивар. Според...

Свет1 ден

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека...

Досие