Контакт

Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 35 пациенти

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 348 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија и на ОРЛ. Тројца болни се примени на ТБЦ.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 15 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти, на

Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 92 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 122 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент.

Вкупно 348 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 133 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија

Беџети: Се чудам дека сé уште се размислува со резерва за промените во образованието

Објавено пред

Академик Абдулменаф Беџети ја оцени како многу плодна денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование.

„ Ми останува да повикам на поддршка на оваа иницијатива, бидејќи знаеме колку е комплексно, колку е тешко да се влезе во ваков комплексен зафат. За поздравување е тоа што првпат, дури и при расправа за еден реформски зафат во основно образование, се повикуваат дури и институции од највисоки образовни и научни области како што се претставниците на МАНУ. Од оваа гледна точка навистина сите елементи беа разгледани, расправата беше многу плодна, конструктивна и би требало да биде проследена и од другите“, изјави академик Беџети.

Тој укажа дека има голем консензус во тоа дека проблемите во образованието и образовниот систем започнуваат во основно образование, а како последица ги има и во високото образование.

„ Се чудам дека има сé уште такви кои размислуваат со резерва и на некој начин со предрасуди за да не се влезе во почетни промени во овој дел. Не само дека тоа е законска обврска, која произлегува од веќе донесениот закон пред две години, туку е определба да не се задоцни“, нагласи Беџети.

За академиците рече дека останува да дадат конструктивен придонес за реформата да се одвива во најдобар тек.

„ Дури и најдолгите патишта почнуваат со првите чекори. Ова се само први чекори на влегување во еден многу тежок и комплексен систем, а министерството, работната група и сите чинители во тој дел, на чело со Бирото за развој на образованието многу јасно ги препознаваат овие проблеми и знаат дека и решенијата не се така едноставни, туку тие се доста комплексни од сите аспекти. Почнувајќи од педагошки аспект, од ресурси, од инфраструктура и суперструктура на образование, па се до резултати на учење коишто треба да произлезат од ова“, рече академик Беџети.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицевски се сретна со евроамбасадорот Гир

Објавено пред

Денес во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се сретна со претставникот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата се разговараше за актуелните случувања, предизвици и проблеми со кои се соочуваме како држава поради лошото владеење на оваа власт, се разговараше за катастрофалната економска состојба и огромната задолженост на Република Македонија, како и за неуспешното справување со пандемијата и решавање на последиците предизвикани од Ковид кризата.

Исто така, на оваа средба се разговараше и за актуелните проблеми и предизвици со кои што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во целост се соочува во рамките на Собранието на Република Македонија, конкретно во однос на неговата функционалност и непочитување на процедурите и Деловникот за работа на Собранието. Се разговараше за инклузивноста на опозицијата во процесите внатре во Собранието, за престојниот попис, како и за ускратувањето на можноста на опозициските пратеници за дебата преку злоупотребата на европското знаменце и скратената постапка при носење на законски решенија кои што секојдневно пристигнуваат во Собранието на Република Македонија.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, констатираше и посочи дека во овој момент постои желба за соработка и комуникација помеѓу пратениците од власта и опозицијата, но сепак за продолжување на демократските процеси и конкретни реформи со цел приближување и придвижување на Република Македонија кон Европската Унија потребна е целосна соработка и желба за заедничко решавање и надминување на проблемите со кои што се соочуваме како држава во овој момент.

Имено, на средбата од страна на амбасадорот Дејвид Гир беше изразена подготвеност да се помогне во подобрувањето на односите помеѓу политичките субјекти со цел приближување на ставовите на власта и опозицијата во корист на граѓаните, што ќе придонесе за брзо и ефикасно решавање на секојдневните проблеми и предизвици со кои што се соочуваат граѓаните на Република Македонија.
На крајот, Мицевски изрази благодарност за конструктивната и продуктивната средба со амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир и посочи дека средбите од ваков карактер се здрави за демократијата и демократските процеси. Само ваков пристап и отворена комуникација помеѓу сите субјекти и чинители на политичката сцена во Република Македонија ќе придонесат за Република Македонија час поскоро да биде дел од семејството на Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груби вели дека рамковните административци имаат рок од 7 дена да се појават на новата работа

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, денеска соопшти дека 1.349 административни службеници, вработени по Охридскиот рамковен договор, ќе бидат распределени во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа.

Според Груби, на административните службеници, кои во рок од 7 дена нема да дојдат да си ги подигнат новите решенија, Министерството за политички систем ќе им ги раскине договорите за вработување и ќе ги пренесе на трансфер-листа.

„Трансфер-листата е во Министерството за информатичко општество и администрација, каде што веќе изборот не е нивен, односно од институција што има слободно место им се нуди. Ако тоа го одбијат, им се укинува работниот договор. Немаат веќе право да пребираат и да бараат друго работно место, ова е единствената опција“, рече Груби на прес-конференцијата.

Тој исто така ги наброја некои од институциите каде што ќе бидат прераспределени рамковните вработени, а повеќето ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинската управа.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со...

Европа2 часа

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија3 часа

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен...

Македонија4 часа

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините од Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ5 часа

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија5 часа

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија5 часа

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија6 часа

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион6 часа

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа7 часа

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за Западен Балкан што е можно побргу, рече претседателката на...

Свет7 часа

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите поради...

Европа8 часа

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет8 часа

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет19 часа

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа20 часа

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Македонија22 часа

Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите...

Македонија24 часа

15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на...

Свет24 часа

(Видео) Најмалку петмина мртви во пожарот што ја зафати зградата на најголемиот светски производител на вакцини

Голем пожар избувна денес во Индискиот институт за серуми (SII), фабрика за производство на вакцини во градот Пуна. Пожарот го...

Македонија1 ден

Фетаи: Oд доказите произлегува дека изборот на жртвите е да се Македонци

Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ да бидат осудени на доживатна казна затвор, на Фејзи Азири да му биде...

Македонија1 ден

Собранието го изгласа законот за попис

По 19 години, во април ќе се одржи попис на населението во земјата. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без...

Досие