Македонија
Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 86 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти. На ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да гласаат на првите непосредни внатрепартиски избори на 21 март, соопшти владејачката партија.
Согласно Правилникот за критириумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на третседател на СДСМ, Централна изборна комисија, на 26 февруари одржа седница на која беа потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ.
„Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за Претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев“, велат од партијата.
Првите непосредни, внатрепартиски избори ќе се одржат на 21 март. Над 80.000 членови со право на глас ќе можат да гласаат за новиот претседател на СДСМ.
Претходно беше отворен јавен повик за поднесување кандидатури за претседател на кој можеше да се пријави секој член кој ги исполнува условите согласно Правилникот.
Македонија
„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ.
Екипа на Брза помош му помогнала на лице место, а во стара Градска болница раката му ја ставиле во гипс.
„Бев качен на средишната жардиниера на булеварот кога ме погоди бекатон коцка в грб. Изгубив рамнотежа и да не паднам во жбуновите се извртев и паднав право во шахта без капак на улицата. Едната нога ми пропадна и ја скршив раката“, вели Столковиќ кој вчера останал до 21 часот во полициска станица за да даде изјава.
Колегите имаат снимка од моментот на ударот и од тоа како паѓа, која Столковиќ рече ќе ја објави кога ќе ја добие.
„Сега сум добар. Ми рекоа дека 50 дена ќе треба за да ми заздрави раката, толку години сум имал“, вели тој.
За повредите на Стоилковиќ јави и МВР.
„Вчера околу 17.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.С.(49) од Скопје пријавил дека, додека бил работно ангажиран како новинар за време на протестот за случајот ’Монструм’, бил погоден со тврд предмет од толпата демонстранти, по што во Градската општа болница ’Св.Наум Охридски’ му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Македонија
Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на вчерашниот протест

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“.
Тие се гонат за кривично дело – учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените се на возраст од 22 и 19 години, информираат од Обвинителство.
„По завршувањето на говорот на организаторот на протестот, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници“, велат од Обвинителството.
Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничените би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Откако Министерството за внатрешни работи ќе ги комплетира кривичните пријави и за други лица кои извршиле насилнички дејствија за време на протестот, Основното јавно обвинителство Скопје и за нив ќе поведе кривична постапка.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер