Македонија
Во ковид-центрите во Скопје примени 24 нови пациенти, вкупно се лекуваaт 333 болни

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 333 лица, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 17 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти.
„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 190 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од МЗ.
Од таму информираат дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 736 и има околу 606 празни болнички кревети во ковид-центрите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нови 25 пациенти во ковид центрите во Скопје, се лекуваат вкупно 263 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
„Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 86 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки“, стои во соопштението oд од министерството.
Додаваат, дека од вкупната бројка на 263 пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.
„Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од ресорното министерство.
Македонија
МВР отвори линија за анонимно пријавување лихварство

Министерството за внатрешни работи во изминатиот период почна акција за сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за несразмерна имотна корист со многу висока камата, позната како лихварство.
Граѓаните можат да пријават лихварство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 и тоа анонимно, односно да споделат корисни информации поврзани со санкционирање на ова кривично дело.
Кривичниот законик лихварството го дефинира на следниот начин (член 260).:
(1) „Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години .
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и што неовластено се занимава со давање пари или други потрошни предмети на заем со договор и притоа договара несразмерна имотна корист.
Македонија
(Видео) Сајкоски: Над 100.000 граѓани за 24 часа одлучија дека не сакаат политички попис

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски информира дека за само 8 дена неговата партија собрала над 100.000 потписи за како што рече „европски попис“.
„И покрај бројните опструкции од власта, за само 24 часа во 8 дена, 100.000 граѓани го дадоа својот потпис за вистински и европски попис, спротивен на оној кој сака да го организира власта на насилен начин, со политичка цел. Граѓаните одлучија, не сакаат политички попис, сакаат попис како статистичка операција, што точно ќе може да ја насочи Република Македонија во која насока да се развива“, рече Сајкоски.
Според генeрaлниот секретар на партијата, од самиот почеток власта била исплашена знаејќи дека спроведува попис спротивно од барањата и заложбите на граѓаните и токму затоа како што додаде власта им ја отфрлија иницијативата за поништување на законот за попис.
„Затоа, ВМРО-ДПМНЕ преку своите 44 пратеници, поддржана од над 100.000 граѓани ќе поднесе пратеничка иницијатива за поништување на законот за попис. Граѓаните и Република Македонија заслужуваат европски попис како статистичка операција, колку и тоа да и смета на власта. Оваа власт чиј носител е СДСМ е на самиот крај и оваа поддршка од над 100.000 граѓани за кус период е само почеток на крајот на оваа Влада“, рече Сајкоски.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран