Контакт

Македонија

Во ковид – центрите во Скопје се лекуваат 440 пациенти

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 45 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 440 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, 11 пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид – центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, а во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 11 деца и 30 возрасни.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Во текот на утрешниот дена ќе се отвори за прием и ковид центарот на Клиниката за очни болести со капацитет од 33 кревети“, соопшти МЗ.

Од таму велат дека сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија

(Видео) Спасовски: Николов можеше да зема огромни пари во странство, нo реши да направи нешто за Штип

Објавено пред

Најважна карактеристка за Сашко Николов е она што избра да го направи во Штип, иако со својата стручност и компетентност може да оди во странство и да зема огромни пари, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, во обраќање по повод локалните избори, кои во Штип ќе се одржат на 13 декември, и кандидатот на партијата на власт.

„Тој избра да биде овде во својот град, да направи нешто добро за државата, тоа е една голема препорака, тоа е патриотизам“, нагласи Спасовски.

Тој истакна дека изборите се прават заради граѓаните, а одговорноста на политичките партии се гледа и тука дали ќе учествуваат или не.

„ВМРО-ДПМНЕ со неучеството на изброите во Штип покажа лицемерство, страв и бегство од пораз“, смета потпретседателот на СДСМ.

Спасовски воедно ги повика штипјани на 13 декември да ја земат иднината во свои раце и масовно да излезат на гласање на фер, демократски и безбедни избори, на кои, како што рече, нема здравствен ризик.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пендаровски: Преку образование 4.0 да ги подготвиме младите за професиите на иднината

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на самитот „Македонија 2025“, кој првпат се одржува во хибриден формат и е посветен на состојбите во светот за време и по глобалната здравствена и економска криза.

На панел-дискусијата на тема „Претседателот и успешни млади: иновации и кодирање“, Пендаровски посочи дека се потребни структурни реформи во образовниот процес и инвестиции во истражување и развој, иновации и нови технологии, односно да вложуваме во професиите на иднината.

„Ќе повторам една изрека што ја слушав и од моите наставници и професори, а тоа е дека најисплатлива инвестиција е инвестицијата во образованието“, истакна претседателот.

Во оваа насока, потенцира тој, самитот „Македонија 2025“ е придонес кон зајакнување на партнерството меѓу државата, науката, бизнис-заедницата и граѓанскиот сектор.

Како позитивни примери претседателот Пендаровски ги посочи проектите „Таленти денес, лидери утре“, претседателскиот центар за политичко образование, како и „Успешни млади“, чија цел е да ја поттикнат научната и истражувачката работа на младите и да го вреднуваат нивниот труд.

„Младите научници, инженери и иноватори се столбот на развојот на секое стопанство. И затоа треба да создадеме услови младите професионалци да ги заземат своите места во образованието, во институциите и во компаниите“, истакна Пендаровски.

Во однос на иновативните проекти што без презентирани од талентирани ученици од основните и средните училишта, претседателот рече дека тие се иднината на нашата земја.

„За да ги подготвиме младите за професиите на иднината, потребно е да инвестираме во модерно образование, а клучни специфики на она што се нарекува образование 4.0 е стекнување иновативни, креативни и технолошки вештини“, заклучи Пендаровски.

Истовремено, како што додаде тој, од круцијално значење е поддршката од државата. Во спротивно, истакна Пендаровски, младите ќе немаат услови каде би ги развивале своите иновативни идеи.

Со денешната дебата заврши деветтото издание на самитот „Македонија 2025”, кој служи како платформа за споделување знаења, поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот на Југоисточна Европа.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Јакимовски: Чепкањето во историјата ќе биде крај не само за Заев туку и за СДСМ

Објавено пред

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), која е дел од коалицијата „За обнова на Македонија“, Стевчо Јакимовски, на протестот пред македонската Влада порача дека граѓаните овие ладни денови се собираат за да го спречат, како што рече, националното предавство, кое неколкумина во Владата сакаат да им го направат на Македонија и на македонскиот народ.

Тој ги повика сите граѓани на Македонија да се обединат и да се сплотат за да го спречат премиерот Зоран Заев во распродавањето на македонските национални обележја.

Јакимовски истакна дека со Бугарите не може да се преговара за историјата затоа што тие ја толкуваат како сакаат во зависност од околностите.

„Како, на пример, кога требаа да платат репарација за окупацијата на Македонија, тие го даваа и цар Самуил дека е македонски цар за Заев сега на тацна да го направи бугарски. Тоа само кажува како им одговара, така си ја толкуваат историјата. Кога требало да плаќаат 25 милиони долари репарации, само за окупацијата на Македонија, што денеска е еквивалент на 25 милијарди долари. Пиринска Македонија ја давале да се приклучи кон Југуславија затоа што не ја сметале за нивна, секогаш нас Македонците не сметале за своја монета за поткусурување“, рече Јакимовски.

Според него, Заев и неговиот однос кон Бугарија може да направи голема беља на Балканот.

„Штетата што ја предизвикува СДСМ не е само македонска туку е и балканска. Затоа, ве повикувам, сите граѓани на Република Македонија, без разлика на вера, нација и политичко убедување, да се обединиме и да покажеме сила и да ја одбраниме Македонија“, посочи Јакимовски пред Владата.

Тој очекува во наредниот период протестите да се зголемуваат и покрај тоа што, како што рече, распродавањето го прават во време на корона.

„Еднаш ова го правеа на најсветлиот ден за македонскиот народ, на Илинден, кога сите се на одмор, го потпишуваа најсрамниот договор за Македонија“, рече Јакимовски, кој додаде дека тој е длабоко убеден оти со чепкањето во историјата ова ќе биде крај не само на Зоран Заев туку и на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија5 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија6 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија6 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија9 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен10 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ10 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет11 час

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет11 час

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија12 часа

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет12 часа

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион13 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ13 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа13 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет14 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет14 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион15 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа1 ден

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет1 ден

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт1 ден

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Досие