Контакт

Daily news

Во компјутерот на Грујовски СЈО нашло упатство за сведоци

Објавено пред

Апелацискиот суд отвори расправа  за жалбата на  Горан Грујовски, поранешен директор  на Петтата управа во МВР, кој за разлика од претходните обвинети, не беше присутен и го застапуваа неговите бранители. Додека траеше расправата во Судот дојде Сашо Мијалов, неговиот тогашен претпоставен.

Грујовски е првообвинет  за учество во незаконското прислушкување и за уништувањето на опремата, односно  за случаите „Таргет“ и „Тврдина“, што се на дневен ред денеска. Конкретно, тој  е обвинет за злосторничко здружување, за злоупотреба на службената положба и за фалсификување на службена патна исправа.

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, во расправата  соопшти дека при претресот кај Горан Грујовски е најден нотес со евиденција кој сведок во колку часот влегува во СЈО, од кои обвинители  се испрашува и слично. Во одземениот компјутер имало упатство насловено „СЈО“ за тоа како да се однесуваат лицата кои даваат исказ во Специјалното обвинителство . Најдени се и службени белешки,  а форензички биле вештачени компјутери  на Управата за безбедност и конраразузнување. Таа нагласи исто така дека Грујовски  не се појавува на рочиштата во судот и во СЈО бидејќи тврди дека боледува од депресија и анксиозност, што за СЈО не е  аргумент кој го ослободува од оваа обврска.

Обвинителот на СЈО,  Трајче Пеливанов, се пожали дека секогаш кога оваа институција бара снимки од видеонадзор од УБК, снимки не се обезбедуваат. Инаку,  преку снимките СЈО сака да да се види  дека Грујовски оди на работа.

Против Горан Грујовски има едно обвинение за два предмета што одбраната ги нарекува „тетратка“. Одбраната праша  како се појавила т.н. „тетратка“ во весникот „Фокус“, на што Пеливанов одговори дека содржината од нотесот не е објавена никаде. Во нотесот, според него, има информации за следење на обвинителите на СЈО, при што Грујовски пет дена до една недела внесувал вакви податоци, сè  додека не е поднесено обвинението.

Одбраната притоа излезе со куриозитетно тврдење дека СЈО може да ја загрози националната безбедност. Артан Ајро од СЈО на тоа реагираше со зборовите дека Грујовски магистрирал на тема надзор на следење на комуникациите, а нема еден таков извештај во УБК.

В. Маглешов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

Објавено пред

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува за Њујорк, каде што треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Преговорите продолжуваат со посредство на медијаторот Метју Нимиц, а средбите се најавени за в четврток и в петок.

Коѕијас, пак, кој од вчера е во Вашингтон, веќе се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео и индиректно потврди дека Атина не размислува за последниот предлог – Република Илинденска Македонија.

„Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц. Не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози (Република Македонија (Скопје)) и одиме напред кон усвојување на еден стратегиски план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, изјавил Коѕијас.

Од друга страна, пак, премиерот Заев вчера изјави дека предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа и побара грчаата страна уште еднаш да размисли.

– Тие информираа дека не пости парламентарно мнозинство за оваа работа, но се надевам дека преспиваат и добро размислуваат. Илинденското востание нема територијални претензии. За нас е важно зашто ова име го јакне идентитетот, а Грција добива одредница и уставни промен. Ова е вин-вин ситуација. Очекувам длабински да се разгледаат работите, да му дадеме шанса на овој предлог кој верувам дека е решение за 25-годишниот спор, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Daily news

Притворен 23-годишен маж за нападот во Виена

Објавено пред

Австриската полиција соопшти дека притворила 23-годишен маж, осомничен за нападот со нож во Виена, при што беа повредени четири лица.

Порпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер, соопшти дека осомничениот бил притворен набргу кога 20-годишен маж прободен со нож бил хоспитализиран со повреди опасни за живот. Полицијата и понатаму истражува дали истото лице го нападнало и тричленото семејство што синоќа беше избодено во центарот на Виена.

Службените лица не објавија детали за идентитетот на осомничениот.

Во полициското соопштение се наведува дека сите членови на семејството, 65-годишен маж, 56-годишна мајка и нивната 17 годишна ќерка, имаат повреди опасни по живот и се одведени во болница. Нивните имиња не се наведени.

Синоќа непознат напаѓач со нож нападна семејство, по што побегна, а за време на бегството повреди уште едно лице.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Заев се сретна со Папата: Кирил и Методиј се темел за врските меѓу Македонија и Ватикан

Светите браќа Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан. Ваков е заклучокот од...

Македонија1 час

Каруселот од плоштад преместен во паркот кај авионот во Аеродром

Од плоштадот во центарот на Скопје, вртелешките и возот се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се...

Македонија3 часа

Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека...

Македонија5 часа

Џафери: Груевски е во психолошка криза

Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола...

Европа6 часа

Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

Од денеска стапи на сила општата уредба на Европската Унија за заштита на личните податоците која Европскиот Парламент ја усвои...

Вести7 часа

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“...

Вести7 часа

Ким му одговори на Трамп

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле...

Македонија7 часа

Продолжуваат преговорите за името во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги...

Македонија8 часа

Пoсебен сообраќаен режим во Скопје поради празникот Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06 до...

Македонија8 часа

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет1 ден

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Борисов на заедничко чествување на Свети Кирил во Рим

Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација  денеска, во рамките на посетата на Република Италија и...

Топ1 ден

Ракометар на „Металург“ нападнат по синоќешниот натпревар

Дваесет и двегодишниот ракометар на „Металург“, Ф.К. од Битола бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу неговиот тим и...

Свет1 ден

„Имате 48 часа да ги напуштите САД“ – Америка протера двајца венецуелски дипломати

САД наредиja протерување на двајца венецуелски дипломати, како одговор на одлуката на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да протера двајца...

Македонија1 ден

20 години затвор му се закануваат на Груевски со останатите 4 обвиненија

Доколку експремиерот, Никола Груевски, биде осуден за останатите 4 обвиненија кои му ги поднесе СЈО, може да добие максимална казна...

Македонија1 ден

Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија, кои...

Македонија1 ден

Нова рунда преговори за името во Њујорк

Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржат нова...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајка во Штип загина 21-годишна девојка

Во тешка сообраќајка во Штип, утрово животот го загуби двесет и едногодишна девојка од Свети Николе. Сообраќајката се случила на...

Македонија1 ден

Денеска дожд и грмежи, од утре потопло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни...

Македонија1 ден

ЈСП со изменет возен ред поради двата празника

Денеска и утре возниот ред на автобусите од јавниот превоз ќе биде изменет поради двата празника, 24 Мај – Денот...

Досие