Контакт

Македонија

Во Македонија стигна втората пратка од руската вакцина „спутник в“

Објавено пред

Попладнево во 14:30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигна втората пратка од руската вакцина „спутник в“, наменета за ревакцинација на 3.000 здравствени работници, информира Министерството за здравство.

Првата пратка стигна на 7 март. Од рускиот производител, Македонија обезбеди 200.000 вакцини.

Утрово на скопскиот аеродром пристигнаа и 24.000 вакцини од „Астра зенека“ преку механизот Ковакс. Со нив в среда ќе почне вакцинацијата на лицата постари од 75 години.

Македонија

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Објавено пред

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор. На поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, судот му одреди домашен притвор.

Двете мерки се по предлог на обвинителот Трајче Пеливанов, кој го застапува предметот „Трезор“.

„Судот донесе решение – на Сашо Мијалков му се одредува мерка притвор до правосилноста на пресудата, односно до почнување со издржување на казната затвор“, рече судијката Џенета Бектовиќ.

Со одредениот притвор Сашо Мијалков нема да излезе од затворот во Шуто Оризари за две недели, што требаше да се случи, бидејќи претходната мерка му траеше до 27 април.

„Со околноста дека Сашо Мијалков е моќен човек несомнено се јавува потребата од определување мерка за обезбедување негово присуство, а со оглед на тоа што за овој обвинет во ‘Таргет-Тврдина’ има мерка ефективен притвор, која може да трае до правосилноста на оваа пресуда, односно најдоцна до 27 април, предлагаме по објавувањето на денешната пресуда за обвинетиот Сашо Мијалков, а поради постоење опасност од бегство, да се определи мерка притвор во овој предмет, а притворот во предметот ‘Таргет-Тврдина’ да биде укината. Причините за ваквиот предлог на Обвинителството се делумно идентични како што се произнесовме во другиот предмет, а тоа е дека се потврдени податоците оти Сашо Мијалков има дозвола за престој и адреса во Прага, но и дека поседува две возила, кои се регистрирани на негово име. Во однос на овој наш предлог, би сакал накусо да дополнам дека судот треба да го цени и фактот кој и претходно беше изнесен дека обвинетиот Сашо Мијалков е лице што е добро ситуирано, дека тој и неговите членови на семејството поседуваат приватни бизниси, што создава финансиска можност за организирање логистика и комотно живеење во бегство“, рече Трајче Пеливанов.

Според адвокатите на Мијалков, барањето за ефективен притвор за предметот „Трезор“ е без поткрепа и докази.

Тие тврдат дека бизнисите што Мијалков ги има во земјата се причина тој да остане во државава, а не да бега.

„Пред апелација овој предмет ќе заврши со ослободителна пресуда, убедни во сопственото знаење и недокажување на она што беше од судот образложено, со фрагментирање нелови што не се предмет на обвинение, со што сметам дека јавноста е доведена во заблуда, се поставува логично прашање кој ќе ја сноси одговорноста кога се предлага притвор, а кога за овој предмет одбраната е цврсто убедена дека нема ниту еден релевантен доказ што оди во прилог на обвинението. Одбраната смета и тврди дека тезата на Обвинителството е погрешна и оди во прилог на тврдењето дека Мијалков, кој има повеќе бизниси во државата, нема да се даде во бегство, туку тоа е причина повеќе да остане во државата“, рече адвокатот Љупчо Шврговски.

Предлог за притвор обвинителот Пеливанов даде и за поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.

„Имајќи ја предвид казната затвор од пет години, цениме дека определените мерки на претпазливост, односно одземањето на патната исправа, не се доволни за обезбедување присуство. Од тие причини постои реална опасност од бегство и за овој обвинет имајќи ја предвид казната затвор, па поради тоа предлагаме мерка притвор“, рече Пеливанов.

Бранителот Александар Новаковски, кој го застапува поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, смета дека не треба да му се одреди притвор на лицето.

„Обвинителството не наведе доказ и причина, а предложи притвор. Се работи за обвинетиот кој се води само оваа постапка. Судот има точна евиденција дека не е осудуван ниту за сообраќаен прекршок и не гледам ниту една причина за да се предложи ваква мерка, за која сум изненаден. Судскиот совет, ако го прифати овој предлог, грубо ќе се прекрши законот. Се работи за фамилијарен човек, татко на две деца“, рече адвокатот Александар Новаковски.

Обвинетите Горан Грујевски и Тони Јакимовски веќе имаат мерка притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Притворот на Мијалков истекува за две недели, Обвинителството бара нов поради опасност од бегство

Објавено пред

Бидејќи притворот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кој му е одреден во предметот „Таргет-Тврдина“, истекува за две недели, а според Обвинителството постои можност да избега, обвинителот Трајче Пеливанов побара да му се одреди притвор во предметот „Трезор“, каде што денеска е осуден на осум години затвор. Притвор е побаран и за поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, кој досега имаше мерка на претпазливост – одземање патна исправа.

„Поради околноста дека Сашо Мијалков е моќен човек, несомнено се јавува потребата од определување мерка за обезбедување негово присуство, а со оглед на тоа што за овој обвинет во ‘Таргет-Тврдина’ има мерка ефективен притвор, која може да трае до правосилноста на оваа пресуда, односно најдоцна до 27 април, предлагаме по објавувањето на денешната пресуда за обвинетиот Сашо Мијалков, а поради постоење опасност од бегство, да се определи мерка притвор во овој предмет, а притворот во предметот ‘Таргет-Тврдина’ да биде укинат. Причините за ваквиот предлог на Обвинителството е делумно идентичен како што се произнесовме во другиот предмет, а тоа е дека се потврдени податоците оти Сашо Мијалков има дозвола за престој и адреса во Прага, но и дека поседува две возила, кои се регистрирани на негово име. Во однос на овој наш предлог би сакал накусо да дополнам дека судот треба да го цени и фактот кој и претходно беше изнесен дека обвинетиот Сашо Мијалков е лице што добро е ситуирано, дека тој и неговите членови на семејството поседуваат приватни бизниси, што создава финансиска можност за организирање логистика и комотно живеење во бегство“, рече Трајче Пеливанов.

Според адвокатите на Мијалков, барањето за ефективен притвор за предметот „Трезор“ е без поткрепа и докази. Тие тврдат дека бизнисите што Мијалков ги има во земјата се причина тој да остане во државата, а не да бега.

„Пред апелација овој предмет ќе заврши со ослободителна пресуда, убедни во сопственото знаење и недокажување на она што беше од судот образложено, со фрагментирање делови што не се предмет на обвинение, со што сметам дека јавноста е доведена во заблуда, се поставува логично прашање кој ќе ја сноси одговорноста кога се предлага притвор, а кога за овој предмет одбраната е цврсто убедена дека нема ниту еден релевантен доказ што оди во прилог на обвинението. Одбраната смета и тврди дека тезата на Обвинителството е погрешна и оди во прилог на тврдењето дека Мијалков, кој има повеќе бизниси во државата, нема да се даде во бегство, туку тоа е причина повеќе да остане тука“, рече адвокатот Љупчо Шврговски.

Предлог за притвор обвинителот Пеливанов даде и за поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.

„Имајќи ја превид казната затвор од пет години, цениме дека определените мерки на претпазливост, односно одземањето на патната исправа, не се доволни за обезбедување присуство. Од тие причини постои реална опасност од бегство и за овој обвинет имајќи ја предвид казната затвор, па поради тоа предлагаме мерка притвор“, рече Пеливанов.

Бранителот Александар Новаковски, кој го застапува поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, смета дека не треба да му се одреди притвор на лицето.

„Обвинителството не наведе доказ и причина, а предложи притвор. Се работи за обвинетиот за кој се води само оваа постапка. Судот има точна евиденција дека не е осудуван ниту за сообраќаен прекршок и не гледам ниту една причина за да се предложи ваква мерка, за која сум изненаден. Судскиот совет, ако го прифати овој предлог, грубо ќе се прекрши законот. Се работи за фамилијарен човек, татко на две деца“, рече адвокатот Новаковски.

Обвинетите Горан Грујевски и Тони Јакимовски веќе имаат мерка притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Богдановски: Градоначалникот на Сопиште свесно го кочи проектот за водоснабдување

Објавено пред

Според Далибор Богдановски од СДСМ, на само неколку километри од Скопје, жителитe на општина Сопиште немаат вода за пиење.

За ваквата состојба според Богдановски виновна е локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Стефче Трпковски.

„Граѓаните од оваа општина, поради неспособноста на градоначалникот се препуштени сами на себе во 21 век да решаваат елементарни проблеми со купување на техничка вода од цистерни за хигиена и вода за пиење. Притоа, за да се донесе таа техничка вода во домовите, неопходни се хидрофори, кои престануваат да работат при прекин на електрична енергија. Притоа никој не знае дали водата е бактериолошки исправна. Поради ова жителите се изложени и на чести бактериски заболувања“, вели Богдановски.

Додаде дека Стефче Трпковски останал глув и слеп за потребите на своите сограѓани.

„Поради неговиот игнорантски однос, Владата предводена од СДСМ, со средства од државниот буџет, ќе продолжи со изградба на водоводот Патишка река, кој претставува трајно решавање на водоснабдувањето во општина Сопиште. Одговорно тврдам дека Владата има обезбедено финансиски средства за реализација на овој проект од круцијална важност за жителите на општина Сопиште“, потенцира тој.

Напомена дека за решавање на случајот недостига еден документ кој градоначалникот бил должен да го приложи до Владата, но тој тоа не го сторил.

„Го прашуваме градоначалникот на Општина Сопиште, зошто чека и до кога мисли да ги замајува своите сограѓани со лаги и дезинформации?“, запраша Богдановски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија1 час

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Европа2 часа

ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите...

Македонија3 часа

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените...

Топ4 часа

Во „хамер“ на тетовски дилер пронајдени 100 пакувања кокаин

Во вечерните часови на 12 април, на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А....

Европа4 часа

(Видео) Славење на британските улици, земјата излезе од четиримесечна блокада

Граѓаните на Велика Британија уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци. Со оглед на успешниот процес на имунизација,...

Свет5 часа

СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирусот расте експоненцијално. Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот...

Македонија6 часа

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет6 часа

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион6 часа

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа7 часа

Словенија загрижена: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да може полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд што се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет7 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено, а еден полицаец е ранет

Ученик, кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион19 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет20 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ22 часа

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија23 часа

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет1 ден

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија1 ден

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет1 ден

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија1 ден

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Досие