Контакт

Македонија

Во Македонија 393 нови случаи на коронавирус, 20 лица починаа

Објавено пред

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 393 нови случаи на коронавирус, 397 оздравени, а 20 лица починаа, информира Министерството за здравство. Направени се 2.974 тестирања.

Според податоците, девет починати лица од Скопје (52, 54, 54, 69, 75, 80, 81, 82 и 84), по две починати лица од Куманово (82 и 86), Струга (56 и 68) и Велес (69 и 76) и по едно починато лице од Кавадарци (63), Гостивар (69), Кичево (68), Крива Паланка (70) и Свети Николе (62). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.9.2021 до 2.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.846 бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи изнесува 10.785.

Македонија

МВР: Внатрешната контрола ги испита наводите, ВМРО-ДПМНЕ шири невистини

Објавено пред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР ги изврши потребните проверки по наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за планирано физичко малтретирање од страна на полициски службеници вработени во ОВР Прилеп, при што констатира дека во ПС Прилеп, Помошниот оперативен штаб и Републичкиот оперативен штаб локални избори 2021 нема регистрирано пријава од граѓанин или правен субјект дека во предизборниот период, денот на гласањето или во постизборниот период од страна на полициски службеници при преземање на службени дејства е постапувано незаконски или непрофесионално или на кој било начин е малтретиранo лице при вршење на служба, како што беше изнесено на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Во писмениот допис МВР информира дека на денот на изборите, 17 октомври во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што исто така говори дека наведените дејствија, всушност не се случиле.

„МВР е гарант за слободно изразување на вољата на гласачите на изборите од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму. Апелираме , ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја во недела на вториот круг од локалните избори“, велат од оваа институција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во тек е дополнителната исплата на образовен додаток

Објавено пред

Во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата. Со дополнителната исплата се опфатени 3.872 корисници.

Исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година предвидена Согласно член 39-ж, став (5) од Законот за заштита на децата.

Висината на додатокот за образование изнесува 714 денари месечно за ученик во основно образование и 1.020 денари месечно за ученик во средно образование во текот на учебната година.

Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.568 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.240 дeнари.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.142 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.060 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Салата „Расадник“ пропаѓа, а семејните фирми на Данела Арсовска развиваат бизнис со хотели

Објавено пред

Почесната конзулка на Унгарија Данела Арсовска не заслужува да биде ни кандидат за градоначалник на Скопје, затоа што е одговорна за пропаѓањето на спортската сала „Расадник“ изградена со самопридонес на скопјани, беше изнесено на денешната прес-конференција од Градската организација на СДСМ – Скопје.

СДСМ – Скопје тврди дека Данела Арсовска бега од одговори на прашања во врска со нејзиното катастрофално менаџирање на салата „Расадник“, кое било овозможено од власта на ВМРО-ДПМНЕ кога министер за финансии е Никола Груевски во 2002 година.

Претходно, СДСМ обелодени документи дека во 2002, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, спортската сала „Расадник“ била дадена под закуп на 25 години на фирмата „Империјал Данела“ со седиште на улица Благоја Гојан 24 (од 01.01.2002), кога Данела имала само 22 години: „Арсовска (тогаш Јовановска) се обврзала да го развива спортот во Општина Кисела Вода со користење на салата, но, наместо спортот, директорката Данела развивала семејни фирми – дел од нив со седиште токму на спортската сала „Расадник“ – објект изграден на државно земјиште од град Скопје преку самопридонес на скопјани“, тврди СДСМ-Скопје.

На прес-конференцијата беа обелоденети повеќе документи за поврзаност на Данела Арсовска со фирми на нејзиниот татко, дека заедно воделе бизниси во државната сала „Расадник“ и на други места, како што е фирмата „РОЈАЛ ГРУП ДООЕЛ“ со седиште на ул. Народни Херои ББ Спортска сала – „Расадник“.

„Арсовска станува претседател на ССК во 2014 токму како генерален менаџер на „Ројал Груп“ и истата година дава интервјуа како „сопственик на Ројал Скопје“. Наредната 2015 година Арсовска и „Ројал Груп“ се на списокот на донатори за црквата на Никола Груевски, а Арсовска седи на иста маса со Груевски“, укажа СДСМ- Скопје.

СДСМ-Скопје обелодени документ за историјатот на фирмата „РОЈАЛ ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“ од кој се гледа дека Арсовска и татко и претходно биле заеднички сопственици, а била и управител на оваа фирма со седиште во сала „Расадник“:

„Фирмата „Империал ДООЕЛ“ (претходно „Империал Данела“) ја дала на подзакуп салата „Расадник“ на семејната фирма „РОЈАЛ ГРУП“ токму во периодот кога е констатирана кражба на струја. Кога Арсовска станува претседател на ССК во 2014, кога се објавуваат информации за неа како генерален менаџер на „Ројал Груп“, тогаш се крадела струја, а фирмата „Ројал груп“ била подзакупец на Спортската Сала „Расадник“!“, тврди СДСМ-Скопје.

Тие ја обвинуваат Арсовска дека додека салата „Расадник“ пропаѓала како резултат на лошо менаџирање и неплаќање огромни долгови кон ЈП, Арсовска си развивала семејни бизниси – и на државна адреса во сала „Расадник“, но и на Благоја Гојан 24 каде е регистрирана фирмата „Империал Данела“ – првиот закупец на салата „Расадник“ во 2002“.

„Од обелоденетите документи, се гледа дека Данела Арсовска била менаџер на „Хотел Империјал“, на ул. Благоја Гојан 24, каде што биле регистрирани и брендовите „Hotel Imperial“ и „Hotel Royal“ на фирмата Хотели Ројал ДООЕЛ Скопје“, велат од таму.

СДСМ-Скопје обелодени и документ дека фирмата „Хотели Ројал“ е сопственик на „Хотел Ројал“ во Капиштец, и постави директни прашања до Арсовска.

„Колку приватни или семејни фирми на Арсовска имаат седиште на државна адреса во спортската сала „Расадник“, објект изграден од скопјани со самопридонес? Дали тие приватни фирми краделе струја, не плаќале долгови и исцрпувале ресурси од државната сала, за да си развиваат бизнис со хотели и други бизниси?“, прашуваат од СДСМ-Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет31 минута

Два проценти од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група на исклучително богати поединци може да помогне во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од...

Регион1 час

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија2 часа

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на панедмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412, откако вчера беа потврдени нови...

Македонија2 часа

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија, по прогресивност и секако по обединување и ќе даде пример...

Свет2 часа

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија12 часа

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија13 часа

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија13 часа

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка...

Свет14 часа

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија15 часа

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија18 часа

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија20 часа

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија20 часа

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија22 часа

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Македонија22 часа

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија во моментот им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Oд таму додаваат дека Авганистанците...

Македонија1 ден

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е...

Македонија1 ден

Зимското сметање на времето почнува в недела, вечерта пред локалните избори

Зимското сметање на времето почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за...

Свет1 ден

(Видео) Двајца загинаа, а четворица повредени во пукање во трговски центар во САД

Две лица загинаа, а четворица, од кои еден полицаец, се повредени во пукотница во трговски центар во градот Бојси, во...

Македонија1 ден

Во моментот активни над 6.100 случаи на коронавирус во Македонија

Бројот на заразени од коронавирус изнесува 6.187 лица и бележи зголемување во однос на претходната недела. Според епидемиолошки анализи во...

Досие