Македонија
В недела во парк осма традиционална манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест
Со слоганот „Подај рака“, в недела, на 8.10.2023 на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 10.30 часот, ќе се одржи осмиот по ред хуманитарен хепенинг за поддршка на лицата заболени од ретката болест Вилсон, со слоганот „Подај рака“.
Целта на настанот е подигнување на јавната свест за ретките болести, вклучувајќи ја и Вилсон, и поддршка на заболените, но и нивните семејства во справувањето со предизвиците со кои се соочуваат. Организаторите на оваа манифестација, Здружението на граѓаните за поддршка на лица со ретка болест „Вилсон“, веќе 8 години по ред на овој начин се трудат да едуцираат и информираат дека кога станува збор за оваа ретка болест, навременото откривање и редовната терапија се клучни.
Во рамките на хепенингот ќе се одржат традиционалната штафетна хуманитарна трка, посебна детска трка, а втора година по ред и трката за домашни миленици. И годинава хепенингот ќе биде збогатен и со настап на реномирани домашни изведувачи.
Од основањето на Здружението „Вилсон“ во 2015 година до денес, главен поддржувач на традиционалната штафетна трка е општествено одговорната компанијата „Окта“. Од Здружението ја потенцираат важноста на оваа поддршка велејќи дека „без неа, пациентите со Вилсон би останале невидливи за општеството“.
Болеста Вилсон предизвикува нарушување во метаболизмот, што доведува до таложење бакар во црниот дроб, мозокот и очите, процес што се одвива постепено, со години, пред појавата на првите симптоми. Натрупувањето бакар во централниот нервен систем може да доведе до проблеми со говорот и голтањето, тешкотии во координацијата, тремор, неконтролирани движења, мускулна вкочанетост, промени во однесувањето. Сепак, Вилсоновата болест може успешно да се лекува. При навремено откривање на болеста и редовна (доживотна) терапија пациентите со Вилсонова болест може да имаат нормален живот, со минимални диететски рестрикции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени 10 возачи, петмина возеле без дозвола
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без возачка дозвола (двајца малолетници), четири под дејство на алкохол, а еден во забранета насока.
Двајца возачи во Тетово (еден малолетник) и по еден Неготино, Битола и прилепско (малолетник) управувале возило без возачка дозвола.
По еден возач во Скопје, Кавадарци, Охрид и Кичево возеле под дејство на алкохол. Додека, еден возач во Битола управувал возило во забранета насока. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.
Македонија
Велковски во посета на Центарот за социјална работа во Велес: Помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна
Заменик – министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес оствари работна посета на Центарот за социјална работа во Велес, со цел да изврши увид во спроведувањето на задолженијата поврзани со постапките за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност за старите лица.
Во рамки на активностите, центрите за социјална работа имаат обврска итно и координирано да спроведат проверка, утврдување и потврдување на статусот и исполнувањето на условите кај корисниците на овие права.
Согласно законските рокови, директорите на центрите формираат стручни тимови составени од социјални работници и други стручни лица кои ги повикуваат корисниците, вршат непосреден увид преку разговор и проверка на документација, ја утврдуваат фактичката состојба и предлагаат мерки согласно закон.
„Нашата цел е јасна – средствата предвидени за социјална заштита да стигнат до оние на кои навистина им се најпотребни. Само со одговорен, транспарентен и професионален пристап можеме да изградиме систем кој ќе биде праведен и ефикасен за сите граѓани“, истакна Велковски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони
Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони, а кој не, телефонски повик меѓу раководители на институции не е криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ на која побараа оставка од јавниот обвинител и обвинија за телефонски нарачки на премиерто, Христијан Мицкоски.
„Обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, јавно сведочеше дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, оделе навечер во тогашните канцеларии на СЈО, и на обвинителите Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефанова им диктирале кој предмет да се работи, кој не, и кој поединец да биде опфатен со одреден предмет, а кој да биде изземен од политичкиот прогон кој го извршуваа, благодарение на Катица Јанева. Поранешен судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски јавно изјави дека бил разрешен откако не дал позитивно мислење за случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска, утредента на вонредна седница на Судски совет, веќе бил разрешен од функцијата. Во кратки црти, Катевеновски бил разрешен затоа што не постапил по политичка директива. Да не го заборавиме и Кацарска судството која делуваше по насоки на Заев, за што и стана Уставен судија, и за Русковска обвинителството, која по насока на Заев бараше 200 години затвор за уставобранителите, за дело кое не соодвествува со реалноста. Тогаш СДС молчеше и не ги осудуваше тие случувања.
Сега СДС реагира за телефонски разговор помеѓу претседател на Влада и државен јавен обвинител. Што е тука криминал, ако премиер побара да се информира за скандалот со ослободување од одговорност за милионски криминал во ТЕЦ Неготино? Вака СДС директно се вклучува во одбрана на Васко Ковачевски кој е ослободен во бегство од политичкото обвинителство водено од Ислам Абази, кадарот на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче“, пишува во реакцијата.
