Контакт

Македонија

В петок и сабота локалите во Штип ќе работат со продолжено работно време

Објавено пред

Локалите во Штип в петок и сабота ќе работат со продолжено работно време по повод одржувањето на културната манифестација „Макфест“, соопшти Општина Штип.

Како што се додава, на 18 (петок) и 19 (сабота) работното време се продолжува за два часа, односно до 3 часот по полноќ.

Македонија

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Објавено пред

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање да им се исплати надоместокот на плата за опасност при работа. Велат дека сè уште немаат одговор на писменото барање што го упатиле до првиот човек на Градот. Најавија дека ќе преземат посериозни чекори, односно дека за остварување на своите права ќе се обратат до Владата.

„Чекаме од градоначалникот да одговори написмено дека не е во состојба да ни го реши прашањето за нивелирање на платата. Со оглед на фактот што нема слух за нас, одлучивме дека нема ефект од чекање овде. Затоа, ќе преземеме други мерки, а тоа би било да се обратиме до Владата. Како што ни соопшти градоначалникот, спорно било да се промени одреден член од Законот за пожарникарството за да си ги добиеме нашите 20 %. Ако е тоа проблемот, нека ни даде писмен одговор и тогаш ќе одиме до повисоките институции и ќе бараме да се смени тој член за нè исплатат како што одлучи судот. Да бидеме јасни, не бараме покачување, како што некои медиуми објавија, ние сакаме пресметката на платата да биде по судските пресуди, а тоа значи – ако сега земаме 80 % од платата, би требало да ни ги вратат тие 20 % што ни следуваат“, изјави Дејан Исаевски, командир во Бригадата за противпожарна заштита.

Денешните протести продолжија по вчерашната тензична средба меѓу градоначалникот Шилегов и пожарникарите, на која не постигнаа заеднички договор.

Шилегов им рече дека проблемот со начинот на исплата на платата на пожарникарите е стар повеќе од 15 години и не станува збор за недостиг на волја, туку дека нема законски основ да може да се исплаќа платата како што ја бараат тие.

Најави дека се вршат измени во Законот за пожарникарството, кои треба да стапат во сила во јуни 2021 година, а со кои барањата на пожарникарите ќе добијат законски основ за нивно реализирање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Mедиумската писменост треба да стане дел од формалното образование

Објавено пред

Неопходно е учениците од најмала возраст да се едуцираат за медиумите, за да се стекнат со вештини и да умеат да пристапат до медиумите, да ги развијат способностите за нивно користење и да имаат критички пристап во читањето за да ја разбере информациите. Затоа, имаме реална потреба медиумската писменост да стане дел од формалното образование, истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска, која денеска учествуваше на онлајн дебатата „Потребата и можностите за вклучување на медиумската писменост во формалното образование во Северна Македонија.

„ Остануваме и понатаму на владините политики за поддршка на сите иницијативи граѓаните да се стекнат со добро разбирање за медиумите, добро да ги читаат и препознаваат скриените агенди, и да се стекнат со вештини за селекција на информациите. Сето ова овозможува на граѓаните активно да учествуваат во јавните дебати и да влијаат врз промените, а тоа треба да се научи низ процесот на образованието“, рече Царовска.

Министерката истакна дека МОН и Владата во соработка со Бирото за развој на образованието продолжуваат активно да работат на вклучување на медиумската писменост во некои предмети во основното и средното образование и целиот овој процес се прави со повеќе институции и граѓански организации.

На дебатата којашто е организирана од Македонскиот институт за медиуми и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиусмки услуги учествуваа и директорката на МИМ Билјана Петковска, директорот на АВМУ Зоран Трајчевски и националниот консултатнт при Регионалната канцеларија на УНЕСКО за наука и култура во Европа Борислав Вукојевиќ.
Настанот е дел второто издание на Денови на медиумска писменост што годинава се одржува од 26 октомври до 2 ноември.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поставени уреди за мерење на загадувањето во Скопје 24 часа на ден

Објавено пред

На две локации во Скопје денеска се поставени уреди што ќе собираат примероци за квалитетот на воздухот 24 часа на ден во текот на секое деноноќие во наредните 12 месеци. Со анализа на овие податоци попрецизно ќе се откријат поединечните извори на загадување на воздухот во градот.

Собраните примероци од уредите поставени во Карпош – урбана област и Лисиче – област со индустрија, сообраќај и резиденцијална зона, кои ќе земаат агрегирани 24-часовни примероци на ситните фракции на честички ПМ 2,5 ќе бидат анализирани со користење референтни методи и строги аналитички протоколи и врз основа на тоа, ќе бидат изработени модели што овозможуваат поврзување на измерената маса на одделни загадувачки материи на дадена локација, со групи на извори на загадување.

Како дел од проектот „Справување со загадувањето во Скопје“, финансиран од владата на Шведска, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, со ова почнуваат теренските истражувања во рамките на студијата за пропорционирање на загадувачите.

Студијата треба да обезбеди информации за одделните поединечните извори на загадување на воздухот во агломерацијата Скопје, како и придонесот на поединечните извори, индустрија, согорување на биомаса, сообраќај, управување со отпад итн. во вкупното загадување на избраните репрезентативни локации, а кои треба да бидат основа за креирање ефикасни и реални политики за контрола на загадувањето.

Финалните резултати ќе бидат објавени кон крајот на 2021 година.

Како дел од проектот „Справување со загадувањето во Скопје“ во финална фаза е и оценувањето и изборот на 100-ина домаќинства во Лисиче, кои ќе бидат поддржани со грантови до 10.000 американски долари од домаќинство за унапредување на енергетската ефикасност на домовите. Тоа предвидува замена на начинот на греење, замена на прозорци, врати, фасади и покриви и други мерки, со цел да се зголеми нивото на енергетска ефикасност и да се намали загадувањето во овој дел од Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија50 минути

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија56 минути

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија2 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет2 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија3 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет4 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија5 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет5 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет6 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет6 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа6 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет16 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија17 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа19 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија20 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија20 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија21 час

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт23 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет23 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Досие