Контакт

Македонија

В понеделник без автомобили во Гостивар

Објавено пред

В понеделник во Гостивар ќе се одржи активноста Ден без автомобили со цел подигање на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот.

Оваа активност е на иницијатива на градоначалникот Арбен Таравари, а го организира општината во соработка со Полициската станица и невладини организации.

Настанот ќе се одржи в понеделник, при што ќе се забрани сообраќајот во централниот дел на градот, односно на улиците ЈНА (Дебарски пат) од центарот до пресекот со булеварот Браќа Ѓиноски, Илинденска (поранешна Борис Кидрич) од центарот до раскрсницата со булеварот Гоце Делчев (Сити центар), и улицата М.Ч. Филипоски од Витамин Ага до раскрсницата со улицата Борче Јованоски.

Сообраќајот, при реализацијата на оваа активност, ќе го обезбедува Полициската станица – Гостивар.

Од општината апелираат на разбирање и ги покануваат граѓаните да станат дел од оваа активност со одбегнување на користење моторни возила без поголема потреба, особено на овој ден, но и воопшто.

Македонија

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затвор

Објавено пред

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум месеци која му беше изречена од страна на судот за случајот „Труст“ за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Според пресудата Кочан со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Од Кривичен информираат и дека Кочан доставил ново барање за одложување на затворската казна. По барањето ќе одлучува судија откако претходно ќе биде извршен увид во барањето и околностите.

Осудениот бизнисмен Сеад Кочан на 17 јули треба да се појави на капијата во КПУ Идризово од кога ќе започне со издржување на затворската казна.

„Кај судија за извршување на санкции доставено е ново барање за одлагање на извршувањето на затворската казна за кое е потрбно да се извршат неопходни извиди по што судија ќе одлучува, а по донесеното решение странките и јавноста ќе бидат навремено известени“, стои во соопштението на судот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лашкоска: Владата на Заев ги излажа и експерите и Унеско и сите граѓани на Охрид

Објавено пред

Скандалозниот однос на Владата предводена од Заев кон Охрид и Охридскиот регион добива свои уште поскандалозни продолженија, порача пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.

„Предлог законското решение за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион кое што е доставено во Собранието, деновиве можевме да видиме и слушнеме дека не е тоа на кое што било работено изминатиот период со граѓанските организации запознати со проблемот.  Ова значи дека јавните расправи на оваа тема кои што биле правени биле буквално фрлени во корпа заедно со сите експертски мислења кои биле изнесени. Ова само го покажува односот на Власта кон експертската јавност“ вели Лашкоска.

Таа дополнително изјави дека можело да се слушне и види оти Владата тоа што го презентирала пред комитетот на УНЕСКО во Баку не соодествува со тоа кое што сега како предлог законско решение го нуди.

„Владата на Заев со ова ги излажа и експерите и Унеско и сите граѓани на Охрид и Република Македонија. Да потсетиме,  спротивно на сите насоки оваа Влада вметнува одредби со кои новиот Совет треба да одлучува со бадентер што е спротивно на Уставот, а згора на тоа во Советот да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците. Класично политизирање на една тема која треба експерти да ја уредуваат. Да потенцирам, ова не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, туку ова го говорат медиумите, експертите и претставниците на невладините организации“ истакна Лашкоска.

Според неа, Заев покажал дека приоритет му е политичкиот пазар наместо угледот на државата, граѓаните и градот Охрид. Тој на политички пазар, вели Лашкоска, е подготвен да ги стави и културните и природните богатства на Охрид и Македонија само да се зачува на власт.

„Затоа бараме итно да се повлече ова предлог законско решение од собраниска процедура. Закон за Охрид и охридскиот регион има во сила и обврските кои ги имаат надлежните органи и институции и по овој закон можеа да си ги завршат и лани, и пред неколку месеци, но кога веќе ништо не реализирале, им препорачуваме тоа да почнат да го прават уште од денес. Без политизирање неопходно е да се отпочне со преземање на соодветни мерки со цел да се спречи губењето на статусот на градот во УНЕСКО.

Ако не се отпочне веднаш ќе стане очигледно дека и Охрид и Македонија имаат една и единствена дивоградба која го уништува угледот на државата. Тоа е Владата на Зоран Заев, која мора што поскоро да се сруши на избори за да се врати достоинството и на Охриѓани и на сите граѓани на Македонија“ заклучи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мевлут Чавушоглу во официјална посета на Република Северна Македонија

Објавено пред

Mинистерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, денеска и утре престојува во официјална посета на земјава, на покана од неговиот македонски колега, Никола Димитров.

На средбата, се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји, како и за можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес.

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, од страна на министрите Димитров и Чавушоглу, ќе биде официјално пуштена во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од страна на турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

Се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Прикажи повеќе...

Најново

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија7 минути

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затвор

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија59 минути

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 односно за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на...

Македонија3 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава4 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет4 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет5 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион6 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт15 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа17 часа

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт17 часа

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет17 часа

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт17 часа

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Регион18 часа

Ердоган: Испораката на С-400 системите ќе заврши в година

Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател,...

Регион19 часа

Јулски снег во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс. Лошите временски услови ја зафатија Бугарија, а метеоролозите најавуваат обилни...

Македонија21 час

Лидерската средба е неизвесна, власта и опозицијата не можат да ги усогласат темите

Неизвесно е дали ќе има лидерска средба помеѓу првите луѓе на најголемите политички партии, а несогласувања постојат во оснос на...

Култура22 часа

(Видео) Огнен и Марина ја крунисаа љубовта на 46-тата Галичка свадба

Во Галичник денеска се одржа 46-то издание на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која повеќе од 4 децении ги негува...

Европа22 часа

На парадата во Париз се појави „летачки војник“

По повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља во Париз, вниманието го привлече поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата...

Македонија23 часа

Два земјотреси ја стресоа Грција, почувствувани и во делови од земјава

Македонската телеметриска сеизмолошка мрежа денескa регистрира два земјотреса чиишто епицентри се наоѓаат на 220 километри јужно од Скопје во соседна...

Македонија23 часа

,,Како не ти е срам” му порача Милчин на Адеми поради дивоградбите во Охрид

,,Како не ти е срам” му порача професорот, Владимир Милчин  статус на Фејсбук на министерот без ресор, Едмонд Адеми, по...

Свет1 ден

(Видео) Њујорк во мрак, претставите од Бродвеј се преселија на улиците

Менхетен синоќа остана неколку часа без струја поради голем дефект, поради што престана да работи метрото, запреа лифтовите, се исклучија...

Досие