Македонија
Во последните 24 часа нема нови ковид-пациенти на Инфективната клиника

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 249 лица пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие на Инфективната клиника не е примен ниту еден нов пациент. На интерните клиники биле примени седум нови пациенти, а во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ – пет нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени шест оздравени пациенти.
„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев за планот на Радев: Нема потреба од разузнавачки служби

Одговарајќи на новинарско прашање за веќе изнесениот став на бугарскиот претседател, премиерот Зоран Заев истакна дека на никого во државата не му се нарушени правата и ист е случајот како што рече и кај граѓаните кои се декларираат како Бугари.
„Испраќам силна порака до соседна Бугарија, гледам дека претседателот Радев свикал состанок, да бидеме внимателни заради тоа што секогаш сме знаеле да дадеме одговор за било која нивна загриженост, како што и тие знаеле да дадат одговор на наша загриженост. Да не потпаѓаме под било какви инсинуации или неточни иформации“, рече Заев.
Додаде дека информациите секогаш можат да се проверат.
„Ние сме земји членки на НАТО, ние сме сојузници не ни треба испраќање на не знам некакви разузнавачки служби, посебни служби да ги утврдат правата на граѓаните. Правата на граѓаните се светост во нашата земја, верувам и во Бугарија е така и треба за пример да ги решаваме ваквите проблеми“, истакна премиерот.
Изрази уверување, дека состанокот кој го свикал бугарскиот претседател Радев е само информативен состанок од кој што, како што рече, би се собрале информации од граѓани кои се со бугарска определба.
Тие како што рече Заев, би можеле да споделат информација доколку некаде некои права „не се признаени“.
„Недозволиво е прво мешање на туѓа земја во туѓа земја и тоа е декларирано во Договорот за пријателство и добрососедство и соработка со Бугарија. И во разговорите одиме и понатаму, немешање во малцинства затоа што тоа се решава при Совет на Европа. Но дефинитивно ниту има потреба, ниту треба да дојде до судови“, потенцира Заев.
Македонија
На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала пандемијата.
„Од почетокот на пандемијата досега одржавме само еден онлајн-конгрес“, вели Заев.
Тој најавува дека на следниот конгрес на партијата, кој инаку ретко се свикува, тоа ќе се случи.
„Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме во согласност со преспанскиот договор“, рече Заев.
Според него, се разгледуваат неколку опции како тоа ќе се изведе, партијата и понатаму ќе се нарекува СДСМ, меѓутоа зад буквите ќе се кријат други зборови.
Една од опциите за ново име на партијата била Социјадемократи од Северна Македонија.
Македонија
Одложено судењето за организаторите на крвавиот четврток

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, што требаше да се одржи денеска, е одложено за 5 март, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.
„Поради интерес на медиумите и невладините организации што ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април 2017 година, а кои се случија во Собранието на РСМ, ја информираме јавноста дека денешната расправа се одлага со оглед дека е насрочена расправа за предметот К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај селото Ласкарци, каде што постапува ист судија – член на судечкиот совет“, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на судот.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер