Контакт

Македонија

Во прекин сообраќајот на патот Велес-Штип

Објавено пред

Од 13.15 часот во прекин e сообраќајот на патот Велес-Штип поради сообраќајна незгода кај сeлото Мамутчево, информира Авто-мото сојузот на Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Објавено пред

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса Алтернатива и со лидерот на ДУИ, Мендух Тачи да се откриваат имиња на кандидати кои би биле во игра, но за него е важно што голем дел од партиите дале зелено светло на идејата да се излезе со заеднички кандидат за претседател на Северна Македонија.

,,Важно е концептот да биде поддржан, гледаме дека има расположение кај партиите, но и откако ќе се договориме за конкретен предлог, тие ќе треба да го пренесат тоа во партијата, повторно да разговараме дали е прифатлив предлогот или не. Ние имаме четири до шест кандидати  кои според рејтинзите се фаворити за победа на изборите, но не сакаме да се истрчуваме со тоа кој е прв или втор. Има време, тоа ќе го дознаете идната недела”, рече Заев.

На прашањето дали за СДСМ би бил прифатлив кандидат кој не доаѓа од нивната партија, тој вели: ,,Ако некој има желба или амбиција да се кандидира, ние тоа го почитуваме и ако има и заеднички договор, зошто да не”.

Заев утре ќе се сретне со Алијанса за Албанците на Зијадин Села и со Биљал Касами од Беса и очекува поддршка од нив, иако се опозициски партии.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тачи: Кандидат од власта би бил прифатлив за ДПА

Објавено пред

„За ДПА, прифатлив кандидат за претседател би бил доколку доаѓа од Владата, со цел да се нормализира состојбата во државата“, рече Мендух Тачи, лидерот на ДПА, по средбата со премиерот Зоран Заев.

Тачи вели дека на маса биле неколку предлози, но дека е рано да се зборува за конкретен предлог.

„Сметаме дека е важно таа личност да продолжи по патот кој е почнат – работа на функционални институции, отворање на преговорите со ЕУ, процесот за прием во НАТО“, рече Тачи.

Претходно, Заев имаше средба и со Беса алтернатива. „Натпартиска личност со интегритет, отколку партиски член, е поприфатлив профил на претседателски кандидат за Беса алтернатива“, изјави Африм Гаши по завршувањето на средбата со премиерот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гаши: Натпартиски кандидат е поприфатлив за нас

Објавено пред

„Натпартиска личност со интегритет отколку партиски член е поприфатлив профил на претседателски кандидат за Беса алтернатива“, изјави Африм Гаши по завршувањето на средбата со премиерот Зоран Заев.

Гаши вели тоа била личност што не давала несреќни изјави во минатото, односно изјави што биле во навредлив контекст кон Албанците, затоа што тие ќе треба да го убедат гласачкото тело да гласаат за него.

„За нас, ова се критериумите до кои ќе се држиме. Пред сè, кандидатот треба да биде прифатлив за сите, пред сè за Албанците, да има добро CV и да има добар рејтинг на анкетите. Сѐ уште немамe преговарано за конкретни предлози. Ова е прва средба на која се договоривме дека ја прифаќаме идејата за консензуален кандидат“, рече Гаши.

По објавувањето на предлогот од СДСМ, Беса алтернатива ќе одржи внатрепартиски состанок, на кој ќе донесе одлука дали го поддржува или не.

Претходно, Гаши изјави дека доколку пропадне шансата за консензуален кандидат, ќе преговараат со Алијансата за Албанците за заеднички настап, а доколку не се договорат и со нив, на изборите ќе настапат самостојно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса...

Крвав четврток2 часа

Игор Југ: За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во...

Македонија2 часа

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската...

Македонија2 часа

Мијалков: Секој ден сме на судење

Несогласување и високи тонови помеѓу обвинетите и обвинителите на СЈО за тоа дали денеска да продолжи судењето на случајот „Титаник...

Македонија3 часа

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија4 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија5 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија5 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија6 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток6 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток7 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ7 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет8 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија8 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет9 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет9 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет10 часа

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет11 час

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ21 час

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија22 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Досие