Контакт

Македонија

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

Објавено пред

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22 часот до 4 часот утрово, при што казнети биле вкупно 203 возачи.

Како што информираат од МВР, во акцијата учествувале Одделенијата за безбедност на патниот сообраќај во сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Покрај 203 лица кои возеле под дејство на алкохол, откриени се и 213 останати прекршоци за кои се издадени соодветни санкции.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Државниот студентски дом: Истражувањето е од времето на претходната власт, денес состојбата е сменета

Објавено пред

Државниот студентски дом Скопје ја известува јавноста дека истражувањето од МОФ околу исхраната и трошењата на институцијата се однесувало на периодот од 2015 година кога со институцијата раководела претходната власт, откако денеска беше презентиран извештај во кој се вели дека просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови.

Од студентскиот дом преку соопштение велат дека поради недомаќинско работење во изминатите 10 години, институцијата се соочила со долг во висина над 300 милиони денари коj сегашното раководство за нецели 2 години го намалило за повеќе од половина.

„Недомаќинското работење на претходната власт ги запусти домовите до степен на потсмев кај домашната јавност. Раководството кое сега управува со студентските домови се соочи со речиси секојдневни дефекти во инсталациската мрежа поради која студентските домови во зимскиот период многу често имаа недостиг на топла вода и греење.
Денеска по само 2 години студентите ги немаат овие проблеми. Раководството и оваа Влада реализираше и отпочна инвестиции кои во голем дел ги решија дефектите“, велат од студентскиот дом.

Нагласуваат дкеа за ова кратко време наспроти деценијата на претходната власт, исплатени се долговите кои се однесувале на режиските трошоци поради кои студентските домови биле комплетно нефункционални, а намален е и долгот на институцијата и реализирани се инвестиции во сите студентски домови.

„Државниот студентски дом за овој период реализираше активности кои претходната власт не ги направи за десет години. Ова истражување е показател колку биле запуштени и оставени сами на себе студентите во претходните години. Денеска состојбите не се исти, а доказ за тоа се наброените проекти кои се дел од активностите кое раководството со помош на Владата планира да ги реализира. Државниот студентски центар посветено работи на обезбедување подобар стандард за сите студенти во сите студентски домови кои се под надлежност на институцијата“, велат од Државниот студентски дом Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

MОН: Исплатата на повисоките плати во образованието мора да биде во согласност со законот

Објавено пред

Моделот, односно решението за исплата на повисоките плати во образованието мора биде во согласност со позитивните правни прописи во земјата, велат од Министерството за образование и наука, откако Независниот академски синдикат и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) реагираа на повикот да се основа Синдикат на вработените во високото образование кој ќе потпише колективен договор, а со што ќе се овозможи најавеното зголемување на платите за 10 отсто од јануари.

„Министерството за образование и наука не смее, не дало и нема да даде насока како вработените на високообразовните установи синдикално да се организираат“, велат од МОН и додаваат дека согласно Законот за работните односи, со кој е уредува колективното договарање, единствениот начин за исплата на покачувањето на платите е да се склучи колективен договор на ниво на работодавач.

Во овој случај, работодавач е секој универзитет и тој треба да склучи колективен договор со синдикат во кој треба да членуваат најмалку 20 проценти од сите вработени на истиот.

Од Министерството веруваат дека синдикалните организации во областа на образованието ќе придонесат кон надминување на предизвикот, а со тоа, вработените во високото образование ќе го добијат договореното врз база на дијалог 10-процентно покачување на личните примања по основ на работен ангажман во високообразовна установа.

„Дали вработените на универзитетите ќе формираат посебни синдикати на секој универзитет одделно за да потпишат колективен договор со истиот, дали ќе формираат единствен нов синдикат кој ќе потпише колективен договор со сите универзитети или, пак, ќе се приклучат кон СОНК или кон НАКС и ќе го исполнат условот за репрезентативност според кој во синдикатот треба да членуваат најмалку 20% од вработените на секој државен универзитет, тоа е одлука на вработените во универзитетите“, велат од МОН.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Илија Димовски гласаше за создавање на државната видеолотарија

Објавено пред

Илија Димовски гласаше за создавање на државна видеолотарија, а денес конструира случаи за редовни набавки на компанијата, реагира СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој претходно денеска обвини дека државната видеолотарија за две години потрошила 14 милиони евра за набавка на машини за коцкање.

„Компанијата за која деновиве ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки скандали е компанија основана во 2014 година, време на владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, а токму Илија Димовски, кој деновиве неосновано обвинува, гласал за формирање на државната видеолотарија“, велат од СДСМ.

Од владејачката партија додаваат дека набавката била распишана одамна, а поради обемноста, процесот за нејзина реализација траел подолг период. Велат дека за слот-машините не е потрошен ниту еден денар од граѓаните.

„Државната видеолотарија преку законско и транспарентно работење учествува во полнење на буџетот и за разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога државната видеолотарија беше загубар, денес таа е една од најуспешните компании“, нагласува СДСМ.

Според нивните тврдења, тендерите се согласно основната дејност на компанијата и се редовна пракса за обнова на апаратите, кои впрочем се извор на приход на компанијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија3 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Топ3 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец и ја спасува нејзината внука од затвор

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија4 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија5 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија5 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија6 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија6 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет6 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет7 часа

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет7 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион7 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет8 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет10 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет11 час

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија11 час

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура22 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет23 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт23 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет1 ден

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Досие