Македонија
Пратениците Мицевски и Петкова во скафандери пристигнаа во Собранието да гласаат за недоверба

Двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и Ангелина Петкова, пристигнаа во Собранието во скафандери за денешната седница, на која треба да се гласа за недоверба на Владата.
Тие дојдоа со свои возила, а во Собранието влегоа по почнување на седницата.
Пред Собранието беа пречекани од новинарите, а спроведени од службите. На седницата беа сместени во салите за превод, секој одделно.
„Се надевам дека овој пат нема да има кривични пријави за биолошки тероризам“, рече Талат Џафери на седницата по што даде пауза.
Ова е вторпат како пратеници доаѓаат во скафандери да гласаат. Претходно, во април годинава, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска во скафандер и со амбулантно возило пристигна за да обезбеди кворум во Собранието иако беше заразена од Ковид-19.
Тогаш тоа наиде на критики од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.
Поради ова, од Левицата беше поднесена и кривична пријава за биолошки терорирзам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат листите на чекање.
Тој ги повика неговите колеги, без надомест да покажат хуманост, исто како што беше примерот на кардиохирурзите од Ниш, кои од почетокот на годината во саботите и неделите оперираа пациенти.
„Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица“ изјави Меџити.
Македонија
(Видео) Северина направи гужва на „Рузвелтова“

Поради концертот на хрватската пејачка Северина, вечерва во клубот „Мош“ во Скопје, настана хаос во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“
Колона возила и нервозни возачи се движат и по булеварот „Илинден“. Според очевидци, на врата се чекало од 18 часот за влез на концертот на Северина.
Сообраќајот е целосно во застој, а полцијата ги брка сите што застануваат барајќи паркинг место.
Македонија
Змија во центарот на Скопје:„Ништо не е искосено, права џунгла“

Змии шират паника кај скопјани. На социјалните мрежи е споделена фотографија од змија, која, како што е наведено, се појавила на паркинг во центарот на Скопје.
„Змии шетаат во Центар. Ништо не е искосено, права џунгла е“ пишува во еден од коментарите под фотографијата.
Засега нема информации за каков вид на змија станува збор, но луѓето треба да бидат внимателни во овој период кога температурите се повисоки и змиите излегуваат.
Змија вчера беше забележана на кејот на Вардар, каде има поголемо движење на луѓе. Претходно змии имаше и во Аеродром, а ист проблем беше и лани кај МНР.