Македонија
Во Скопје викендов прво прскање против ларви од комарци

Град Скопје известува дека в сабота, во раните утрински часови, ќе се врши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни и во истиот термин, велат од Град Скопје.
Од таму ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи: Очекуваме поскоро формирање на бугарската влада, за да продолжиме со акцискиот план

Северна Македонија очекува што поскоро формирање на Владата на соседна Бугарија, по што би се продолжило со заокружување на акцискиот план за соработка, а со тоа и зајакнување на билатералните односи и довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија. Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Косово.
За време на посетата, тој оствари одвоени средби со претседателката, Вјоса Османи-Садриу и претседателот на парламентот, Глаук Коњуфца.
Се разговараше за иднината на регионот со фокус на регионалната соработка, при што Османи ја реафирмираше пораката дека евро-атлантската перспектива и интеграција на целиот регион останува недвосмислена определба на двете држави.
„Наша заедничка амбиција е целосна интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во Европската Унија. Во оваа насока, како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ, подготвени сме да ги ставиме нашите стекнати знаења и искуства на располагање на нашите пријатели во Косово. Европската интеграција значи пред сè институционален и економски напредок, но уште повеќе, во својата суштина таа носи пријателство, солидарност и сигурност – вредности кои значат траен и долгорочен мир, стабилност и соодветно на тоа севкупен напредок како најзначајна потреба на нашите граѓани“, нагласи Османи.
„Без оглед на предизвиците со кои се соочува, а согласно својот демократски и реформски исчекор, Северна Македонија за време на португалското претседавање со Советот на ЕУ, очекува одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, што ќе означи и почеток на формалниот процес на преговори”, додаде тој.
Меѓу другото, за време на средбите начелно се разговараше и за парламентарната соработка и учеството на припадници на Армијата на Северна Македонија во рамките на мисијата на КФОР во Косово.
Македонија
Филипче: Викендов ќе се ослободат неколку одделенија кои сега се ковид-центри

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека значајно е намален бројот на прегледи и притисокот за прием на пациенти во сите ковид-центри низ државата.
Епидемиолошката ситуација стивнува, а во текот на викендот одредени одделенија коишто беа адаптирани за прием на ковид-пациенти ќе бидат ослободени, односно ќе се вратат во регуларната рутина, подготвени за прием на пациенти.
„Во однос на епидемиолошката ситуација, во однос на капацитетите на болниците, се бележат трендови на опаѓање на бројот на новодијагностицирани случаи, нешто што е многу значајно. Се намалува бројот на прегледи во сите ковид-центри во сите градови, значајно намален е притисокот за прием на пациенти во болничките установи, има голем број слободни болнички кревети, а ние во рамките на таа прераспределба од денес, односно викендов ќе почнеме и со ослободување на дел од одделенијата коишто беа ангажирани дополнително во овој период да третираат ковид-пациенти“, изјави Филипче.
Тој изрази уверување дека овие трендови ќе продолжат, а на почетокот од следната недела ќе стане збор и за типот на рестриктивни мерки што ќе бидат предложени.
Македонија
Прва средба на Маричиќ со новоизбраната претседателка на Врховен суд Адеми

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари работна средба со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. На првата средба по изборот на Адеми за прв човек на Врховен, се разговараше за повеќе актуелните теми и прашања.
На состанокот се зборуваше и за остварувањето на уставните и законските надлежности на Врховниот суд, како и за заложбите за финансиска и административна независност.
Двете институции ќе бидат вклучени во исполнувањето на критериумите и обврските кои произлегуваат од идното отворање на Поглавјата 23 и 24, односно на фундаментални човекови прави и слободи, како и борбата против корупцијата. Токму оваа борба е една од најзначајните работи за Министерството за правда и Владата, а таа не може да биде успешна без активно да се вклучат сите општествени чинители.
Маричиќ и Адеми дискутираа и за состојбата со Ковид-19 во судовите и справувањето со последиците од пандемијата. На средбата беше констатирана потребата и во иднина да има средби од ваков формат со цел унапредување на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?