Контакт

Македонија

Во Скопје одбележан Светскиот ден на Алцхајмеровата болест

Објавено пред

Под мотото „Сети се“, во организација на Здружението на граѓани „Институт за Алцхајмерова болест и невронаука“ – Скопје, денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје беше одбележан 21 септември – Светскиот ден на Алцхајмеровата болест.

Целта на настанот е подигнување на јавната постоењето на болеста како и социјална поддршка и реинтеграција на болните и нивните семејства во општеството. На настанот, својата поддршка ја даде сопругата на претседателот на државата Ствео Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.

„Да потсетиме дека секој ден нашата свесност и информираност може да им го олесни животот на болните, да не ги оставиме изолирани и надвор од општеството. Деменцијата не засега сите нас. Таа одамна веќе не е нешто што му се случува на некој друг. Нашиот придинес во борбата со неа ги надминува медицинските достигнувања и навлегува во сферата на човечките доблести. Колку повеќе ја поттикнуваме кај себе човечноста, разбирањето и информирањето за болеста, толку влијаеме на создавањето хумани услови за живот подеднакви за сите, особено за оние што го бараат лекот за себе. Секој од нас е вклучен во мисијата да им се помогне на луѓето кои трагаат по сеќавњето и ја губат можноста самите да го креираат својот живот. Можно е да се живее со деменција, најбитна е личноста, а не болеста, што почнува незабележливо и трае долго со неизгледен исход. Мотото на нашиот денешен собир е Сети се! На тоа да се сеќаваме секој ден и во присутсво на секој засегнат. Да ги потсетуваме и да се грижиме за болните, знаејќи дека старите спомени последни исчезнуваат“, изјави Ѓоргиевска.

„Преку музика и инсерти од филмови од 50-60-тите и 70-тите години, ќе се обидеме да ги разбудиме старите спомени, да ги вратиме нашите драги во времето на нивната младост, во времето на игранките во Кермес, затоа што старите спомени , последни исчезнуваат. Алцхајмеровата болест тивко влегува во домот и станува болест на целото семејство. Раното препознавање на симптомите на болеста и навремено отпочнување со терапија, овозможува подобар квалитет на живот, како на болните така и на нивните семејства. Митот кој е причина за малиот процент на дијагностицирани и лекувани, митот против кој активно се бориме веќе неколку години е дека ..заборавањето е дел од нормалното стареење.. За ова сценарио да се промени, потребно е да се подигне јавната свест за постоењето и навременото препознавање на симптомите на Алцхајмеровата на болест, а токму таа порака денеска ја испраќаме “, изјави д-р Габриела Новотни,невролог при Универзитетската клиника за неврологија-Скопје и претседател на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука – Скопје.

Алцхајмеровата болест ја нарекуваат епидемија на 21 век. Таа е најчестиот вид на деменција и претставува огромен медицински проблем, особено што и по 113 години од нејзиното откривање, не постои лек за излекување или успорување на текот на болеста.

Со зголемувањето на животниот век, енормно расте и бројот на заболени од Алцхајмеровата болест. Во 2018 година вои светот имало 50 милиони заболени, а до 2050 година се очекува овој број да се триплира и да достигне 152 милиони лица.

Во Северна Македонија, според светската статистика, би требало да има околу 20.000 болни со Алцхајмерова деменција. Од нив само 20 отсто се дијагностицирани и лекувани.

Македонија

Новиот граничен премин со Бугарија ќе придонесе во развојот на пограничните општини

Објавено пред

Изградбата на нов граничен премин помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и стимулирањето на малите и средни претпријатија во пограничните општини ќе биде главниот приоритет на идната прекугранична програма што ќе ја спроведат двете држави со финансирање од ЕУ.

Ова се главните приоритети и цели кои беа поставени на првиот состанок на Заедничката работна група за развој на програмата за прекугранична соработка INTERREG меѓу двете земји за периодот 2021 – 2027 година, што се одржа во бугарското Министерството за регионален развој и јавни работи, каде претседател беше бугарската заменик министерката Деница Николова, заедно со Димитар Ванчов од Министерството за локална самоуправа.

„ Изградбата и развојот на транспортната поврзаност меѓу двете земји е главен приоритет, што ќе ги подобри социо-економските карактеристики на пограничните области во најголем степен, а со тоа ќе придонесеме и за развој на приоритетите на ЕК во развојот на регионите, рече Николова.

Финансирањето во рамките на програмата предвидува или изградба на граничен премин Клепало кај Струмјани или продолжување на граничниот премин Логодаж меѓу Станке Лисичково и Делчево. Која мерка ќе биде поддржана ќе биде јасна од социо-економската анализа која е во тек, а треба да биде готова до крајот на годината, додека пак следната година финансиската рамка за проектот треба да ја изгласа Европскиот парламент.

Работната група, воведува некои иновации во рамките на програмата, пред  се да се намалат административните формалности, како што се намалување на контролните нивоа, роковите за одобрување на проектот, контролите за спроведување на проектот и др. Исто така се формира посебен мал проект за поддршка на претприемачите за обука, подобрување на производствениот капацитет и друго, соопшти Министерство за локална самоуправа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево време со температура до 30 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 1 до 10 а дневната од 23 до 30 степени, информира УХМР.

Во Скопје, сончево и топло со утринска температура 9 и дневна до 28 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Во петок и сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променет режим на сообраќај, ќе се поставува осветлување во тунелите кај Демир Капија

Објавено пред

На магистрален пат А1, делница Демир Капија-Смоквица, заради изведба на осветлување и сигнализација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2, ќе има времена измена на режимот на сообраќајот. Сообраќајните знаци за изменет режим на сообраќајот ќе почнат да се поставувуваат од 17.10.2019 година, а предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа30 минути

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион1 час

Сараево: Малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и нејзината мајка под...

Свет2 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа2 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија12 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија14 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија16 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа17 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија19 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија20 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија21 час

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија21 час

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет22 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион23 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија23 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет1 ден

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет1 ден

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион1 ден

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа1 ден

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Досие