Македонија
Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец март 2021 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 април 2021 година.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
05.04.2021– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
06.04.2021– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитров за најавените вакцини од ЕУ: Благодарност до пријателска Австрија и ЕК

Откако Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус во шест земји од Западен Балкан, од кои 119.000 дози се наменети за Македонија, стигна порака со благодарност од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров.
Toj посочи дека денеска стапува на сила трипартитниот договор помеѓу Северна Македонија, Австрија и „Фајзер“ / „Бионтек“ за набавка на 119.600 дози вакцини против Ковид-19.
„Им благодариме на пријателска Австрија, останатите земји членки и Европската комисија за солидарноста. Оваа помош за македонските граѓани немаше да биде возможна без несебичното залагање на австрискиот министер за надворешни работи, Александер Шаленберг и еврокомесарот, Оливер Вархеји, на кои би сакал и лично да им се заблагодарам, особено имајќи го предвид предизвикот за обезбедување на вакцини, како во ЕУ земјите членки, така и глобално“, нагласи Димитров.
Од Секретаријатот за европски прашања посочуваат дека оваа конкретна набавка ќе биде испорачана во четири месечни наврати, почнувајќи од првата недела во мај, кога се очекуваат околу 19.000 дози.
Европската комисија во јануари претстави план за механизам за поделба на вакцини, а Австрија потврди дека таа ќе биде координатор на помошта за Западен Балкан и дека оваа дистрибуција може да ја следат и други.
Македонија
Вработени во Агенцијата за вработување нелегално издале пријави за работа на над 80 странци

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје, двајцата вработени во Агенција за вработување, поради злоупотреба на службена положба и овластување.
„Пријавените, во периодот од 20.11.2020 до 22.01.2021 изготвиле и издале 14 образци за пријава на работа на странци на територијата на Република Северна Македонија на правно лице, со што всушност легализирале нелегален престој и работа на вкупно 87 лица странски државјани, без да добијат дозвола за легален привремен престој заради работа на странец и без да засноваат легален работен однос според законската регулатива согласно Законот за работните односи“, велат од МВР.
На тој начин, вработените и’ овозможиле на фирмата да избегне плаќање на давачки кон државата по основ на персонален данок на доход и плаќање на давачки за придонеси по основ на задолжително социјално осигурување во износ од 593.056 денари, за која сума фирмата прибавила противправна имотна корист и воедно за истиот износ пријавените предизвикале штета на буџетите на Фондовите на Република Северна Македонија.
Македонија
Османи во разговор со Кулеба: Даваме недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Украина, оствари телефонски разговор со неговиот украински колега, министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Двајцата Министри се согласиле дека Република Северна Македонија и Украина споделуваат заедничка визија за стабилна, обединета и просперитетна Европа, истакнуваат од кабинетот на Османи.
Од таму додаваат дека во таа смисла а реафирмирајќи ја взаемната приврзаност кон европските принципи и вредности, Министрите се осврнале на европските и евро-атланските интеграции на Република Северна Македонија и Украина, како и на можностите за натамошно унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.
Станало збор и за актуелните состојби во источна Украина, при што министерот Османи ја реафирмираше јасната и недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина, истакнувајќи притоа дека Северна Македонија поддржува целосна имплементација на договорите од Минск во согласност со напорите на Трилатералната контакт група и политичкиот процес на Нормандискиот формат врз основа на принципите и заложбите на ОБСЕ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?