Македонија
Во тек е конкурсот за наградата „Жан Моне“ за новинари и фоторепортери

Делегацијата на Европската Унија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници го објавуваат конкурсот за 18-тото издание на наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”.
Наградата „Жан Моне“ ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории:
Најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми, телевизија, радио и/или на интернет);
Најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет);
Најдобра аматерска фотографија.
1. Конкурс за најдобра новинарска сторија
Во оваа категорија може да учествуваат стории коишто се однесуваат на темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”, а чиишто автори се новинари од државата. Сториите треба да бидат објавени во домашни весници, списанија, телевизии, радио или на веб-страници, во периодот меѓу 1 јануари 2020 и 31 декември 2020 година.
Сториите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
Да се однесуваат на темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”; Да се објавени во периодот меѓу 1 јануари 2020 и 31 декември 2020 година; Да се потпишани со вистинското име на авторот.
Копии од новинарските стории во дигитален ПДФ формат (видеофајл за ТВ и радио), заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: [email protected], најдоцна до 11 април 2021 година, до 18.00 часот. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.
Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.
2.Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од државата, кои може да поднесат до три (3) фотографии на тема „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”, објавени во периодот од 1 јануари 2020 до 31 декември 2020 година.
Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
Да бидат поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”;
Да се објавени во периодот од 1 јануари 2020 до 31 декември 2020 година;
Да не се користени за комерцијални цели.
Копии од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да биде 3-5 MB), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: [email protected], најдоцна до 11 април 2021 година, до 18.00 часот.
Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.
Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.
3.Конкурс за најдобра аматерска фотографија
Конкурсот е отворен за сите фотографи аматери од државата кои може да достават една фотографија на тема „Заедницата – тоа сме ние“. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да биле претходно објавени.
Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
Да се однесуваат на темата „Заедницата – тоа сме ние“; Да не се користени за комерцијални цели.
Кандидатите за оваа категорија треба да ги испратат своите пријави на следнава електронска адреса: [email protected], најдоцна до 11 април 2021 година, до 18:00 часот. Секој кандидат може да испрати по една (1) фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB), како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата со испраќање изјава во писмена форма на истата електронска адреса. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.
Награда: диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 500 евра.
Забелешка: Оваа активност е организирана во соработка со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Делегацијата на Европската Унија нема да се смета за одговорна за каква било законска обврска што произлегува од какви било спорови околу авторските права, за кои исклучиво е одговорен пријавениот натпреварувач. Делегацијата на Европската Унија го задржува правото да ја поништи квалификацијата на пријавената творба околу која се спори и да ја повлече доделената награда и паричната награда. Оваа активност не ги одразува ставовите на Европската Унија.
Дополнителни информации
За добитниците на наградите ќе решава жири-комисија составена од пет члена. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 28 април 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Осудените во „Трезор“ ќе треба да ја надоместат штетата во буџетот, која се проценува на 860 илјади евра

Со конфискуваниот имот на фирмата „Финзи ДООЕЛ Скопје“ од која УБК преку ексдиректорот Сашо Мијалков набавувала опрема, ќе се надоместува дел од штетата нанесена врз буџетот на Македонија.
Бидејќи штетата е поголема од конфискуваниот имот, обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Небојша Стајковиќ ќе треба во рок од три месеци по правосилноста на пресудата, да ја надоместат.
Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.
„Од ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје се конфискуваат парични средства од 838.106 денари и од девизна сметка во износ од 145.619 евра. Двете сметки се во Охридска банка. Од правното лице се конфискува патничко моторно возило марка „ауди А4“, со проценета вредност од 1.026.285 денари. Се задолжуваат обвинетите, солидарно да ја надоместат штетата на буџетот на Македонија, во износ од 21.158.296 денари, се во рок од три месеци по правосилната пресуда. Обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Тони Јакимовски се задолжуваат солидарно да ја надоместат штетата на буџетот на Македонија во износ од 16.012.520 денари во рок од три месеци од правосилноста на пресудата. Судот појаснува дека по однос на точка 1 на диспозитивот на пресудата, со преземените дејствија за правното лице ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје која надминува вкупен износ од 26.568.276 денари за кои износ нанеле штета на буџетот на Македонија. Конфискуван е имот на ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје во износ од 10.819.959 денари. Разликата од 1.158.296 денари ги задолжи обвинетите солидарно да ја надоместат штетата на буџетот на Македонија, по однос на точка 1 од диспозитивот на оваа пресуда. По однос на точка 2, обвинетите, со преземените дејствија прибавиле имотна корист која надминува значителна вредност од 21.422.500 денари. За разликата од половина од конфискуваниот имот, ги задолжи обвинетите да надоместат штета на буџетот“, рече судијката Џенета Бектовиќ.
Инаку, првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради неговото бегство, пресуда е донесена и за поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој доби 15 години затвор. На второобвинетиот, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, изречена му е казна затвор од пет години. На поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, судот му изрече затвор во траење од пет години.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Поради криминалната афера „Мафија“, Македонија може да го загуби безвизниот режим

Издавањето на официјалните пасоши и документи од страна на МВР на светски криминалци, нарко босови, мафијаши и припадници на ИСИС е загрозување на безбедносниот систем на другите земји, а не само на македонскиот, истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Македонија поради Зоран Заев и Оливер Спасовски како што рече, стана европски и светски безбедносен проблем.
Последиците од оваа афера може да бидат далекусежни и за Македонија како држава и за нашите граѓани, вели Ѓорѓиевски.
Според него Европската Комисија веќе посочила дека нарушувањето на безбедноста на личните документи од вакви размери како што се случи во Македонија со оваа афера „Мафија“, го загрозува клучниот услов за либерализацијата на визниот режим за граѓаните на нашата држава.
„Со други зборови неисполнувањето на овој услов го доведува сериозно во прашање безвизниот режим и слободното патување на граѓаните на Македонија без визи во земји од Европската унија. Впрочем давањето на закрила на терористи, мафијаши и криминалци од страна на власта на Заев го гледаат и надвор од границите на Република Македонија. И таму веќе знаат дека не е возможно босови на турска, италијанска, албанска, црногорска, српска и шпанска мафија да добивале пасоши од обични полициска чиновници од МВР. Некој од високите функционери морал прво да им обезбеди влез во Македонија, бидејќи биле барани на меѓународни потерници, да ги спроведе до полициска станица, да им обезбеди официјални документи со злоупотреба на лични идентитети, матични броеви и потоа да им дозволи слободно да ја напуштат државата и да хараат насекаде по светот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој посочи на одговорност како политичка така и кривична и според него најголемиот проблем е што поради криминално-институционалната спрега во Македонија ќе страдаат и граѓаните, но и стопанствениците кои ризикуваат да го изгубат стекнатото право без визи да патуваат во Европа.
Македонија
Филипче: Ситуацијата е сериозна

Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид-центрите, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
„Состојбата во болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето нови места за хоспитализација. На утринскиот состанок со директорите на клиниките разменивме информации во однос на состојбата. Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид-центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број нови хоспитализаци“, напиша Филипче на „Фејсбук“.
Според него, мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш