Македонија
Во тек е процедурата за прибирање документација за лицата со попреченост за повластено паркирање за 2024 година
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје со потсетување до граѓаните дека во тек е процедурата за прибирање барања од страна на лицата со попреченост (ЛП) за користење повластени услуги за паркирање за 2024 година.
За таа цел, ги повикуваат лицата со попреченост, жители на град Скопје, да достават уредно пополнето барање и во прилог да ги достават следните документи:
1. Копија од важечка сообраќајна дозвола со која се утврдува дека возилото е регистрирано;
2. Лична карта од лицето со посебни потреби на увид;
3. Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза во оригинал, не постара од 1 (еден) месец;
4. Инвалидска книшка на увид;
5. ПИОМ-решение за степен на телесно оштетување на увид;
6. Лекарски наод од специјалист на увид.
Лицата што веќе се имаат стекнато со дозвола за повластено паркирање за ЛП за календарската 2023 година при поднесување на документацијата за 2024 година потребно е да ги достават само документите наведени под реден број 1, 2 и 3.
Во согласност со програмата за повластено користење паркинг-услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје од страна на лицата со попреченост за 2024 година“, право за повластено користење имаат лицата со следните дијагнози:
– Дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), слепите лица со оштетување на видот над 90 %, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80 %, утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
Доколку лицето со попреченост не е во можност лично да ги достави документите, тоа може да го направи негов роднина или близок, со потпис од корисникот на барањето и комплетната документација во прилог.
Ги повикуваат сите заитересирани лица да ја достават потребната документација во канцеларијата на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на улицата Ѓуро Стругар бр. 15 а (во зградата до катната гаража „Беко“) до 7.12.2023.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради магла има до 30 метри на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и планинските превои Ѓавато и Плетвар до 50 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без вода дел од општините Центар и Гази Баба
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе бидат дел од општините Центар и Гази Баба.
· поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф- 80 мм на улицата Коле Неделковски бр. 32, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица како и улицата Стефан Јакимов- Дедов во општина Центар;
· поради промена на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на улицата Јани Лукровски бр. 2, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Јани Лукровски, 16-та Македонска Бригада и Трифун Хаџијанев во општина Гази Баба.
Скопје
Дел од општините Центар и Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од улицата Тетовска во општина Центар;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на последната автобуска станица на ЈСП – линија 57, во населба Нерези во општина Карпош;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Орце Николов, Крагуевачка, Драган Ѓаконовски – Шпато, Беджих Сметана и Миладин Поповиќ во општина Карпош.