Контакт

Македонија

Во Украина ќе се патува без виза

Објавено пред

Владата на вчерашната седница го разгледа и утврди предлог – законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Кабинетот на министри на Украина за условите за заемни патувања на државјаните, кој предвидува олеснување на патувањето на државјаните од Северна Македонија и од Украина без обврска за поседување виза, под услов должината на нивниот престој да не надминува деведесет дена во текот на секој период од сто и осумдесет дена.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео)Манчев : Бранот на неработење и пустош не го одмина ниту Неготино

Објавено пред

„Две години откако СДСМ ја презема локалната власт, а бранот на неработење и пустош не ја одмина ниту општина Неготино. Две години откако градоначалник на општина Неготино е Тони Делков и две години очекување да отпочнат со реализиација неговите ветени проекти во изборната програма“,изјави Петре Манчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите ветувања кои ги дадовте градоначалниче пред изборите останаа заборавени, програмите нереализирани, а нема никаков економски напредок во општина Неготино.Како показател на ова е реализираниот буџет во третиот квартал, со реализација не повеќе од 30%, а капиталните инвестиции не се поголеми од 10%.

Граѓаните се сведоци дека во овој период во општина Неготино нема ниту еден проект, нема ниту една мерка која ја направивте и која ќе остане запаметена. Она по што ќе останете запаметени се само непотизамот, вработување на партиски војници и матните тендери.
Неготино и граѓаните на Неготино, господине градоначалниче немаат веќе трпение за вашите празни ветувања, оправдувања и барања виновници низ минатото. Доста им е од ветувањата кои се само предизборен маркетинг. И не само тоашто немате реазлицација на ветените проекти вие не сте ни во состојба да ги продолжите претходно започнатите.

Нема ниту катни гаражи, нема паркинг простор, нема градски пазар градоначалниче, нема нова градинка, нема атмосферска канализација, а да не зборуваме за повторно активирање на породилниот дом коешто истотака ви беше во предизборната кампања ветување.Граѓаните на општина Неготино видоа доволно за овој период,ама не видоа ништо од вашите ветувања.И понатаму насекаде гледаат само смет и нечистотија, ископани и несредени улици, гледаат нови депонии, неискосени и ненавадени тревници. Во градот се пишуваат казни за погрешно паркирање, а не е обезбеден паркинг.

Градоначалниче секојдневно сме сведоци на се поголем број фамилии кои гледајќи ја ваквата состојба се иселуваат, барајќи ја својата егзистенција надвор од државата. Никогаш повеќе нема да ја вратите довербата кај граѓаните, а тоа ви го кажаа и на последните избори на кој бевте катастрофално поразени“, додаде тој.

Вие и вашето неработење го докажавте во овие две години, а граѓаните ќе си го кажат своето на следните избори. Колку побрзо сфатите дека проблемот е во вас, а не во народот толку подобро ќе биде за градот и за граѓаните. И крајно време е градоначалниче да почнете да работите за барем по нешто да ве паметат граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Специјалците „апсеа“ разбојници што украле артефакти од музеј

Објавено пред

На показната вежба, чие сценарио беше замислено како разбојништво извршено од страна на тричлена група во јавна установа – музеј, од каде што се земени вредни артефакти, припадници на повеќе организациски единици (одделите за специјални полициски операции и за воздухопловни сили, како и припадници на СВР Скопје и Регионалниот центар за гранични работи Север) презентираа полициска операција на лоцирање и елиминирање на разбојниците.

„Ефикасно изведените вежбовни активности се плод на континуирана професионална и стручна едукација, тренинг и обука на полициските службеници, кои се јасен показател дека полицијата е подготвена да ги заштити јавниот ред и мир, сигурноста на граѓаните, безбедноста на државата во целина“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во обраќањето до припадниците на повеќе полициски единици при МВР, учесници на оперативно-тактичката вежба „Плен“, што се одржа во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ во Скопје.

Министерот Спасовски вежбата ја проследи заедно со неговиот косовски колега, министерот за внатрешни работи Екрем Мустафа, кој ја предводеше делегацијата од соседната држава, со која денеска беше потпишан и протоколот за соработка меѓу двете министeрства за создавање работни тимови со цел решавање на прашањата што се појавуваат во текот на меѓусебната соработка.

„Интенцијата е да се динамизира и продлабочи меѓусебната соработка во многу области на полициското дејствување од заеднички интерес за нашите две земји и нашите граѓани, како и размената на информации за конкретни случаи во соработката“, потенцира министерот Спасовски.

Истакнувајќи ја важноста на припадниците на полицијата, министерот Спасовски пред учесниците на вежбата ја истакна заложбата за што поквалитетни предуслови за работа: „Со задоволство можам да ве известам дека во наредниот период, а најдоцна до крајот на 2019, ќе следува целосна реконструкција на кошаркарските и одбојкарските игралишта, овде, во полицискиот центар, а на почетокот на 2020 се очекува тие да бидат ставени во функција. Планирано е на почетокот на ноември да ги промовираме и новите десет интервентни комбиња наменети за единиците ЕБР, ПЕП и ЕСЗ, а до првата половина на декември веќе е нарачана и ќе пристигне спортската опрема за сите припадници на единиците ЕБР, ЕСЗ и за ПЕП, како и 300 комплети опрема за интервенции при нарушен јавен ред и мир, кои до крајот на годината ќе бидат испорачани“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Косово најави екстрадиција на обвинетите за „Монструм“ по завршувањето на правните процедури

Објавено пред

Косовскиот министер за внатрешни работи, Екрем Мустафа, изјави дека обвинетите во случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, ќе бидат екстрадирани кога ќе бидат завршени сите законски процедури во Косово.

Властите во Скопје по Алил Демири и Африм Исмаиловиќ распишаа меѓународна потерница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјата.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Момче од Швајцарија повредено при пад на Матка

Изутринава, во 8.40 часот, од Ургентниот цетар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека вчера со тешки телесни повреди...

Македонија4 часа

Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и...

Македонија6 часа

Вучиќ: Дали за косовското прашање ќе добиеме гаранции од ЕУ какви што доби Северна Македонија?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за австрискиот весник „Стандард“ ја исклучи можноста Белград да го признае Косово во актуелните...

Македонија7 часа

(Видео) Нови вработувања и подобри услови за истражувачка работа бараат од Институтот за хемија

Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, уловите за...

Македонија7 часа

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за набавката на полициски возила

Судијката Добрила Кацарска попладнево повторно го осуди на казна затвор од 9 години поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, откако...

Македонија8 часа

Вебер: Од Скопје и Тирана баравме многу, а сега вратата им е затворена пред носот

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно ја осудија одлуката за одложување на преговорите со Северна Македонија и...

Македонија8 часа

Заев: Не треба да го одложуваме пописот, ќе разговараме со директорот за термините

Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. Тој најави дека следната недела ќе...

Македонија9 часа

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не...

Свет10 часа

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет11 час

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион11 час

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет11 час

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион11 час

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион1 ден

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет1 ден

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија1 ден

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ1 ден

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија1 ден

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Досие