Македонија
Во Јавното обвинителство презентиран систем за безбедно ракување и размена на класифицирани информации
Во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, пред Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и директорката на Оперативно-техничката генција Марија Јаническа денеска беше презентиран акредитиран комуникациско информациски систем за безбедно ракување и размена на класифицирани информации.
За презентираниот комуникациско-информациски систем (КИС), како што истакнуваат од обвинителството е издаден сертификат за акредитација за ракување со национални класифицирани информации во електронска форма со степен „строго доверливо“ кој обезбедува законска, заштитена, сигурна, брза и ефикасна дигитална поврзаност, комуникација и интер-операбилност меѓу овластените и надлежни органи во процесот за спроведување на мерките за следење на комуникациите.
Воспоставениот систем претставува реформски производ и придонесува кон унапредување на безбедноста и ефикасноста на процесите и промовирање на спроведувањето на контролата и надзорот од страна на надлежните органи и тела, чија функционалност и примена и ќе им овозможи на правосудните и овластените органи брза, ефикасна и сигурна борба со организираниот криминал и корупција, истовремено почитувајќи ги човековите права и слободи и зајакнување на довербата на јавноста како заедничка и системска заложба, се истакнува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Таравари: Со тага утрово ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари
„Со тага утрово ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари, кои денеска ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Прилеп“, напиша министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Прим. д-р радиолог Александар Ристески, спец. гинеколог д-р Никола Василевски и технологот за радиологија, Фанче Јованоска, ги загубија животите додека одеа да ја извршуваат својата благородна мисија, како што е докторската работа.
Најдлабоко сочувство до нивното семејства, пријателите и колегите“, додаде Таравари.
Скопје
Кривичната од МВР е политички мотивирана, градежната дозвола за тениските терени е од времето на Груевски, тврди Општина Карпош
По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина и пет лица вработени во Секторот за урбанизам и правното лице од Скопје поради сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, велат од општина Карпош.
„Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја отфрлаат оваа кривична пријава на МВР, истата ја сметаат за тенденциозна и злонамерна и политички мотивирана.
Имено, стручните служби од општина Карпош предметот за легализација на спортските објекти на Александар Палас со внимание го имаат разгледувано, и истиот е решен согласно законските прописи. Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за се’ што се издава одобрение за градба се врши легализација, а за истите објекти правното лице Александар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар.
Дополнителен аргумент е фактот што за тениски терени изградени на територија на општина Карпош во времето на Никола Груевски е издадено одобрение за градба.
Во општина Карпош работат квалитетни искусни службеници кои совесно си ги вршат своите работни обврски и убедени се дека истата кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски“, се наведува во соопштението на општина Карпош.
Македонија
Тошковски на средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари работна средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов.
На средбата беше потенцирана добрата соработка во изминатиот неколкугодишен период, како и заеднички постигнатите резултати, а беа разменети мислења во однос на поважните тековни прашања, со осврт на можностите за натамошна соработка.
И двете страни изразија уверување дека соработката ќе продолжи и ќе се продлабочува.