Контакт

Македонија

Вработените во јавниот сектор може анонимно да пријават притисоци за време на кампања

Објавено пред

Јавниот сектор не смее да работи во служба на некој друг, заробената држава е минато, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Тој со алатка за анонимно пријавување притисоци за време на изборната кампања, го честиташе меѓународниот Ден на јавниот сектор.

Вработените во јавниот сектор преку алатката објавена на веб-страницата на Министерството имаат можност да пријават ако некој им врши притисок.

„Ако некој им врши притисок во работниот процес, вработените во јавниот сектор можат тоа да го пријават, а Министерството за информатичко општество ќе ги проследи сите пристигнати пријави. Јавниот сектор мора да работи без притисоци и беа да биде во служба на некој друг, заробената држава е минато“, рече министерот Манчевски.

Пријавите може да се поднесуваат анонимно, но доколку некој сака да ги остави и податоците, Манчевски вели дека тие ќе бидат заштитени.

За алатката за пријава на притисоци за време на кампања Министерството веќе имало координација до Државната комисија за спречување корупција, со Народниот правобранител, со Агенцијата за вработување и сите засегнати институции.

Манчевски објасни дека ова е нова алатка со посебна намена за време на изборната кампања, различна од досегашната алатка каде што администрацијата можела да пријави притисоци и каде што, со еден исклучок кога имале 10 пријави, бројот на пристигнати пријави бил едноцифрен и биле несоодветни оти се однесувале на приватниот сектор.

Македонија

(Видео) НСДП: Ќе се залагаме за намалување на искористувањето на фосилни горива

Објавено пред

Обновливите извори на енергија за многумина се иднина, за НСДП тие се сегашност.
НСДП ќе се залага за приклучување кон светските напори за намалување на искористувањето на цврсти и фосилни горива, изјави портпаралот на Централниот изборен штаб на НСДП, Владимир Трајкоски.

„Еден од приоритетите е финансиска поддршка на јавните и приватните објекти да извршат замена на постоечките нееколошки системи за греење со технологии засновани на природни извори на енергија, како и технологии за зголемена енергетска ефикасност на самите објект. Државните установи и институции сметаме дека први треба да го направат овој еколошки исчекор. Правото на чист воздух е едно од најважните и сигурни сме дека може да се оствари преку низа мерки меѓу кои: изградба на инфраструктура за централно греење во секој град, стимулирање на производство на струја од соларна енергија“, рече тој.

Трајковски додаде дека нема дилеми околу потребата за обезбедување здрава вода за сите, но претходно езерата и реките мора да се исчистат од хемикалии и пестициди кои несовесно се истураат во нив.

„Се залагаме за зачувување на слатководниот жив свет на природните езера со одредување заштитни зони, за искористување на подземните води за наводнување за земјоделските полиња и градското зеленило. Неопходно е да ставиме крај на дивите депонии, да воведеме систем на примарна селекција на отпадот, да го забраниме користењето на отпадот за суровина и енергенси. Да станеме одговорни кон животната средина, а со тоа и кон самите себе“, рече Трајковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Објавено пред

Обвинителот Гаврил Бубевски кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство во Центар“ и „Монструм“ е заразен со коронавирус.

Тој на судењата е придружуван од обвинителката Фатиме Фетаи, која наредните денови ќе остане во самоизолација по насока од епидемиолозите поради контакт со него.

Судот пак, го одложи утрешното рочиште за убиството кај Смилковското Езеро.

„Предметот во јавноста познат како „Монструм“, заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата насрочена за 06.07.2020 година се одлага. Следната главна расправа е насрочена за 26.08.2020 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката“, информираше Кривичниот суд-Скопје.

Последно рочиште за случајот „Монструм“ имаше минатата недела, а предметот се води кај судијата Огнен Ставрев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зибери: Имаме 25 конкретни мерки за подобар живот на сите граѓани

Објавено пред

Kандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, кажа дека во неговата програма има 25 мерки со кои, како што кажа, ќе се подобри животот на сите граѓани, не само на Албанците.

„Пред една недела, го презентирав мојот акционен план за моите први 100 дена како прв премиер Албанец, тука на истото место, пред зградата на Владата. Дваесет и пет конкретни мерки што ќе ги спроведам со најголем приоритет од првиот ден на функцијата. Дваесет и пет конкретни мерки, со кои ќе се подобри животот на сите граѓани, не само на Албанците“, рече Зибери.

Тој кажа дека со неговиот план за еднаква економска преродба ќе создаде илјадници нови работни места и ќе се постигне еднаквост и во приватните компании.

„Данокот нула на приход за вработените под 35-годишна возраст ќе ги зголеми платите, но исто така ќе ги мотивира компаниите да вработуваат млади. Државниот придонес од 50 проценти од социјалниот придонес на новите вработувања, кои што ја зголемуваат еднаквата застапеност, ќе создаде работни места, особено за Албанците, и ќе ги отстрани етничките бариери. Со грантовите од 20.000 евра за млади земјоделци, ќе се подржи земјоделството како еден од најважните столбови на нашата економија“, рече Зибери.

Меѓу другото тој ја потенцираше исто така и заложбата за обезбедување 20.000 евра државен заем за купување на прв дом, со цел младите да ја изградат нивната иднина во оваа држава. „Ќе обезбедиме за секое семејство во оваа држава да има барем еден вработен и сигурен приход“, кажа Зибери.

Вети социјални пензии за сите жени, кои никогаш официјално не работеле, но, како што кажа, придонеле многу во градењето на нашата држава и нашето општество.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион34 минути

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград,...

Македонија59 минути

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска Влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска Влада, Влада која ќе остане...

Регион3 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ4 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура4 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија4 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион19 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион20 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава21 час

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет21 час

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт22 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија23 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ23 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија1 ден

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија1 ден

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Досие