Контакт

Македонија

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

Објавено пред

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар Марковски, кој вечерта кога се случи пожарот од клубот излегол со повреди на дишните патишта, сведочеше дека вратата кај бината служела преку неа да излезат малолетници во случај на полициска рација. Неколкумина сведоци на минатите рочишта кажаа дека освен вратата преку која влегле во клубот, постои уште една, но за разлика од досегашните сведоци кои кажуваа само дека никогаш не виделе дека некој ја користи, Марковски на прашање на обвинителот одговори дека слушнал оти таа служела како излез за малолетниците при полициските рации, но вечерта не видел дека некој ја користи.

Марковски со неколкумина другари во клубот дошол во 12.45 часот за настапот на ДНК. И тој, како и неколкумина сведоци на претходните рочишта, кажа дека купил билет за кој не добил фискална сметка. Не му побарале лична карта оти се познавал со луѓето кои стоеле на врата, проверувале лични карти и ставале печати на рацете на оние што имаат билети за вечерта. И тој потврди дека во клубот вечерта имало малолетници.

Марковски, кој во „Пулс“ доаѓал откога наполнил 18 години, кажа дека и претходно се користела пиротехника во клубот, а кобната вечер таванот се запалил од прскалките.

„Кога се вклучија прскалките, мислам дека беше околу 02.30 часот, почна да гори плафонот. Настана паника и луѓето почнаа да се движат кон излезот, а пожарот се ширеше со голема брзина бидејќи целиот плафон беше од сунѓер“, рече сведокот Марковски, а на прашање од судијката Диана Груевска- Илиевска како знаел дека е од сунѓер, одговори дека сунѓерот се гледал.

Во обидот за излезе од клубот го зафатило стампедото и паднал во бесознание од чадот, а кога дошол при свест врз него имало тројца луѓе. За да се извлече морал да ги соблече патиките. До утрото помагал во болницата, а состојбата му се влошила следниот ден, кога бил префрлен во болница и паднал во кома. Се лекувал во Словенија, но се уште чувствува последици оти, како што рече, има намален капацитет на дишење.

Марковски кажа дека за време на пожарот забележал како сопственикот Дејан Јованов – Деко се обидува со противпожарен апарат да го изгасне огнот на бината.

По него сведочеше шанкерот во „Пулс“, Дејан Манасиев. Тој 11 години работел во клубот непријавен, од 2012 година до 2023 година кога потпишал договор за работа, но на половина работно време. Манасиев не видел кој ги внел прскалките и кој ги запалил, но кажа дека кога претходно се користела пиротехника, доаѓал човек со бела коса од Скопје кој ја поставувал, а кобната вечер не го забележал во клубот.

Манасиев сведочеше дека во објектот имало план за евакуација кој бил поставен во ходникот.

Најново

Македонија27 минути

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија29 минути

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...

Култура59 минути

Три македонски филмови се снимаат летово, четвртиот почнува на крајот на август

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот...

Македонија1 час

Македонец во Кушадаси сериозно ги повредил вратните пршлени, со владиниот авион ќе биде пренесен во Скопје

Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој...

Забава2 часа

Нутриционисти ги откриваат најдобрите ужинки за деца

Кога децата ќе огладнат помеѓу оброците, родителите често посегнуваат по колачиња или чипс. Сепак, нутриционистите советуваат дека ужинката треба да...

Култура2 часа

„Лабораториум“ го почнува проектот „Лифт“ со бесплатни музички работилници за теремин

Културниот и едукативен центар ЛАБОРАТОРИУМ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика...

Свет3 часа

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, кои Мадрид...

Македонија3 часа

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, тројца пациенти во критична состојба

Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи...

Македонија3 часа

ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка

Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше...