Македонија
„Вреди“: По 23 години стагнација, децентрализацијата, конечно, се реализира
По 23 години стагнација, децентрализацијата конечно се реализира. Денеска сакаме да го изразиме нашето задоволство од потпишувањето на Меморандумот за соработка и разбирање помеѓу Владата и Здружението на општини – Заедницата на Единиците на Локалната Самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС). Овој Меморандум е
важен чекор кон зајакнување на децентрализацијата и развојот на системот на локалната самоуправа во нашата земја, велат од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ.
„Коалицијата ВЛЕН секогаш била силен поддржувач на процесот на децентрализација, гледајќи го како една од основните столбови на нашиот владин програм. Веруваме дека длабока и ефективна децентрализација е клучна за зајакнување на локалната демократија и подобрување на услугите за граѓаните. Меморандумот, кој претставува заеднички
ангажман за пренос на поголеми надлежности и ресурси на локалните нивоа на управување, е јасен доказ за нашата посветеност за постигнување на овој цел.
Ние ја поздравуваме одлуката за креирање на годишен програм на приоритетни активности и формирање на заеднички комисии кои ќе вклучуваат надворешни експерти и претставници на администрацијата.
Овој инклузивен и аналитички пристап ќе помогне во адресирањето на реалните потреби на општините и ќе придонесе за подобрување на ефикасноста и транспарентноста во управувањето со јавните ресурси“, посочуваат од коалицијата и додаваат:
„Клучен елемент на Меморандумот е ангажманот за обезбедување поголеми буџетски средства за општините, базирани на приходите од даноците и ДДВ. Коалицијата ВЛЕН силно ја поддржува оваа стратегија и ја гледа како можност за зајакнување на единиците на локалната самоуправа и помош во развојот на капитални инвестициони проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата и квалитетот на животот за нашите граѓани.
Дополнително, ние сме задоволни што овој Меморандум вклучува ангажман за консултации со ЗЕЛС во врска со сите можни промени во прописите за урбанистичко планирање и изградба. Ова ќе обезбеди процесите на законски и регулаторни промени да бидат во хармонија со потребите и реалностите на локалните средини.
Коалицијата ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува и следи примената на овој Меморандум со внимателност и посветеност. Ние сме уверени дека преку оваа тесна и искрена соработка, ќе постигнеме одржлив и фер развој на сите нивоа на управувањето во Република Северна Македонија“, велат од ВЛЕН/ВРЕДИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ контра Кузеска: Оваа Влада вложува во модернизација, претходната потроши 5 милиони евра на службени возила
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбраната, здравството, земјоделието, односно предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.
Кузеска претходно денес на прес-конференција обвини дека власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите.
Македонија
Мицевски: Владата има зголемен буџет за реформи во МВР
На денешната Комисија за финансии и буџет, на амaндманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски кој посочи дека Владата има планирано доволна сума во буџетот за реформи во полицијата, во делот на јавната безбедност и во секторот за внатрешни работи и поради тоа амандманот се одбива.
„Оваа влада има предвидено пари за инвестиции во МВР. Ако погледнете добро, за реформи во полицијата има предвидено зголемување од 238 % во однос на 2024 година, во делот за јавна безбедност зголемување од 14%, во секторот за внатрешни работи зголемување од 58%, во центарот за обука само зголемување од 61% во однос на 2024 годин. Конкретно за опрема и машини повеќе една милијарда денари, а не како што вие барате во амандманот 10 милиони денари, така да десет пати повеќе имаме планирано“, изјави Мицевски.
Тој исто така истакна дека Спасовски додека бил на функција не направил ништо добро за државата, туку баш во тој период имало највисока стапка на криминал и корупција и многу неразрешени случаи.
Во однос на тоа, Мицевски образложи дека апсурдно е покрај сите овие работи, Спасовски да кажува како треба да биде во иднина, а државата е вратена сто години наназад токму поради претходната власт.
„Нели е смешно и срамота, осум години бевте министер за внатрешни работи, сега да кажувате што треба да се смени и што треба да се инвестира. Од друга страна, сакам да ве потсетам што направивте вие за изминативе осум години како што сте министер, дел технички дел министерство МВР? Највеќе криминални пресметки и убиства и нерешени случаеви во историјата на Република Македонија, ниту еден фатен ниту еден ставен во затвор, дадени еден тон пасоши на белосветски криминалци кои шетаа како бизнисмени во Македонија. Во ваше време рекордни шверцувани опојни дроги, ваши најблиски соработници со службени коли фамилијарно одеа по одмори, ваши соработници началници сега се избркани од МВР затоа што давале тајни на криминални групи“, рече Мицевски.