Македонија
Времето денеска сончево и топло со температури до 28 степени, од утре обилни врнежи
Времето денеска е ончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
Под влијание на серија влажни бранови утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг
На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во Хелсингборг, Кралството Шведска, од 21 до 22 мај 2026 година.
Во рамки на состанокот, министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со инвестициите во одбраната, состојбите во Украина, развојот на одбранбената индустрија, како и за други актуелни регионални и глобални безбедносни предизвици.
Разговорите ќе се одвиваат и во контекст на подготовките за Самитот на НАТО во Анкара, што ќе се одржи во јули оваа година, на кој се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата.
Во рамки на посетата, на покана на министерката за надворешни работи на Шведска, Марија Малмер Стенергард, министерот Муцунски ќе присуствува на прием за министрите во присуство на кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија на Шведска, а предвидено е да оствари и повеќе билатерални средби.
Македонија
Без струја денеска делови од Ѓорче Петров и Петровец
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата 31, 102 и 103 во Волково, општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 11.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Катланово, влез на Катланово и Регионалниот пат, општина Петровец.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
РЦУК Скопје известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Дане Крапчев 26, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.
