Контакт

Македонија

Времето ќе биде облачно, со услови за дожд и град

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме и со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје претпладне ќе има променлива облачност, а од пладне повремено ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса, која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во вторник ќе почне да дува и силен северен ветер, а од среда следува постабилен период.

Македонија

Царовска: Имплементирањето на новата концепција ќе се прави постепено во следните 6 години

Објавено пред

Денеска завршува периодот на доставување на коментарите за предложената нацрт-концепција за основно образование по електронска пошта, соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со директорите на училиштата на којашто беше дадена целосна поддршка на спроведувањето на реформите.

„Најголемиот дел од коментарите се однесуваат на тоа дека треба да забавиме со реформите. Секако сметаме дека се движиме полека, затоа што имплементирањето на оваа концепција според она што го предлагаме ќе се случува во наредните 6 години. Односно влегуваме само во прво и во четврто одделение во наредната година и сукцесивно ќе се додава година по година и тоа е најблагиот пристап којшто го  преземаме во воведување на реформите“, рече Царовска.

Директорите на училиштата на средбата ја искажаа потребата од имплементација на новата концепција и посочија дека со неа ќе се даде новина во системот на образование и ќе внесе освежување на системот за образование, но исто така ќе даде можност за квалитетна обука на наставниот кадар и осовременување на наставните програми, што ни е неопходно за да можеме да имаме добри резултати во образованието.
Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група овој тип на дебати ги продолжуваат и наредниот период и со наставниците и со граѓанските организации и со претставници на Академијата на науки и уметности во нашата држава. Дебати ќе бидат организирани и со други засегнати страни и  други универзитетски професори коишто можеби имаат сугестии во врска со концепцијата, соопшти Министерство за образование и наука.

Прикажи повеќе...

Македонија

Видеосредба Димитров – Клус

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше видеосредба со Мартин Клус, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни и европски работи на Словачка.
На состанокот инициран од словачка страна се разговараше за европската агенда и заложбите на Словачка за евроинтегративните процеси на Северна Македонија, како еден од најгласните поддржувачи на проширувањето. Беа реафирмирани цврстите пријателски билатерални односи и разгледани можностите за унапредување во повеќе области, со засилен ангажман на Словачка во областите каде што најмногу може да придонесе.

Вицепремиерот Димитров информираше за актуелностите во однос на предизвиците на патот на евроинтеграцијата и нагласи дека фокусот на Владата останува непроменет во однос на европеизацијата на земјата, со уште позасилена посветеност на домашните реформи во светло на европската агенда. Тој додаде дека „Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ, односно комплетирање на Европа, но и промотор на ЕУ како унија на вредности”.

Прикажи повеќе...

Македонија

72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 45, Куманово – 4, Тетово – 4, Гостивар – 4, Штип – 4, Кавадарци – 3, Струга – 4, Кичево – 1, Свети Николе – 1, Неготино – 1, Дебар – 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1023 оздравени пациенти од: Скопје – 511, Куманово – 51, Тетово – 32, Прилеп – 46, Гостивар – 29, Штип – 17, Битола – 34, Велес – 38, Струмица – 26, Кавадарци – 50, Кочани  -22, Кичево – 11, Свети Николе – 5, Гевгелија – 15, Неготино – 21, Дебар – 22, Ресен – 3, Крива Паланка – 20, Радовиш – 23, Берово – 9, Делчево – 1, Пробиштип – 3, Виница – 4, Валандово – 5, Македонски Брод – 2, Богданци – 6, Крушево – 3, Демир Капија – 2, Пехчево – 11, Дојран – 1.

Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (74, 69, 93 и 87), три од Прилеп (69, 76 и 57), еден пациент од Велес (51), еден од Неготино (80), еден од Дебар (71), еден од Радовиш (66), еден од Македонски Брод (66) и еден пациент од Кратово (76).Од нив еден пациент е починат надвор од, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.463, бројката на оздравени пациенти е 74.800, на починати е 2739, а бројот на активни случаи изнесува 11.924. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 38853, активни 7027
• Куманово 5050, активни 436
• Тетово 4977, активни 456
• Прилеп 4482, активни 267
• Гостивар 3546, активни 316
• Штип 3447, активни 167
• Битола 3174, активни 226
• Велес 2970, активни 310
• Охрид 2664, активни 367
• Струмица 2479, активни 365
• Кавадарци 2411, активни 366
• Струга 2152, активни 175
• Кочани 1702, активни 120
• Кичево 1671, активни 150
• Свети Николе 1061, активни 48
• Гевгелија 954, активни 116
• Неготино 945, активни 154
• Дебар 725, активни 106
• Ресен 712, активни 113
• Крива Паланка 705, активни 72
• Радовиш 676, активни 53
• Берово 567, активни 51
• Делчево 538, активни 155
• Пробиштип 482, активни 33
• Виница 476, активни 40
• Валандово 325, активни 24
• Демир Хисар 241, активни 13
• Македонски Брод 239, активни 14
• Богданци 214, активни 32
• Кратово 209, активни 15
• Крушево 192, активни 33
• Македонска Каменица 189, активни 47
• Демир Капија 179, активни 36
• Пехчево 175, активни 14
• Дојран 81, активни 7

Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-84, ЦЈЗ Скопје – 39, Авицена – 155, Биотек-78, МАНУ – 59, Жан Митрев (Филип Втори) – 89, Систина со PCR метода -100, лабораторија Лаор –61, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 2, ГАК-0, Синлаб – 27, Ремедика – 24, лабораторија болница Козле – 0, ЈЗУ (рапид тест) – 75, УК Пулмологија со алергологија – 0, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 435.361 тестирања на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија30 минути

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република...

Македонија59 минути

72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на...

Свет2 часа

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се...

Македонија2 часа

Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче,...

Македонија3 часа

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела...

Свет5 часа

(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во...

Свет6 часа

Русите тврдат дека нивната вакцина „епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави...

Македонија7 часа

ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и на процентот на позитивни...

Топ7 часа

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува...

Свет8 часа

(Видео) Кина гради голем камп за карантин

Кина забрзано гради огромен камп за карантин, кој може да прими над 4.000 луѓе, пишува Си-ен-ен. Десетици милиони луѓе во...

Свет8 часа

Џо Бајден денеска ќе стане 46. претседател на САД

Џо Бајден денеска ќе положи заклетва како 46. претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и...

Македонија9 часа

Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени во соседна Албанија бил почувствуван во делови од државата синоќа околу 3.29...

Свет21 час

Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со...

Свет21 час

ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација,...

Македонија22 часа

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат...

Македонија23 часа

Во Македонија нови 400 заболени и 11 починати од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на...

Македонија1 ден

Владата го усвои планот за распределба на административните службеници

Владата денеска на својата 40-та седница го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5, соопшти првиот...

Македонија1 ден

Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот

Донесена е одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, наместо до 18 часот како што беше претходно. За ова...

Македонија1 ден

Влада: Нема да се гради ски-центар на Галичица, ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје

Нема да се гради ски-центар на Галичица, а ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје, велат од Владата по...

Македонија1 ден

Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот...

Досие