Контакт

Македонија

Втор уписен рок на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Објавено пред

В четврток и в петок, 13 и 14 септември, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе се врши прием на студенти во вториот уписен рок.

УИНТ е единствен универзитет во Република Македонија каде студентите можат да студираат на англиски јазик под менторство на професорите кои доаѓаат од познати универзитети од САД, Британија, Јапонија, Италија, Израел, Бразил, Индија, Јужна Африка, Франција, Португалија, Белгија, Перу, Малезија итн.

На веб-страницата на универзитетот http://www.uist.edu.mk, можат да се најдат повеќе информации, како за уписите така и за понудените факултетски програми.

Македонија

Владо ништо не дал, пушти му инспекции, му вели Кире на Миле Јанакиески

Објавено пред

Во една од бомбите од 12 февруари 2013 година, соговорничка му вели на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, дека добила 2500 страници со милион броеви од “Телеком” и не можела да се снајде.

Јанакиески ѝ вели дека му треба само статистички податок и дека е важно само да се знае од кој број колку пати е ѕвонето. Кирил Божиновски и Миле Јанакиески на 14 февруари 2013 година разговаат дека во општина Центар има проблеми со финансирањето за кампањата и дека Владимир Тодоровиќ, сопственикот на “Тинекс”, не дал пари за изборната кампања.

Божиновски му вели “Владо ништо не дал… Пушти му инспекции. Стварно нема смисла ова”.

До паузата денеска беа пуштени 83 бомби. Судењето продолжува попладнево со преслушување на останатите бомби во предметот “Титаник”.

Прикажи повеќе...

Македонија

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Објавено пред

Од

Дури 120 лица вчера во текот на ноќта побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница откако почуствувале симптоми на труење со храна проследени со висока температура и стомачни тегоби неколку часа откако конзумирале храна и пијалоци во некои од локалните угостителски објекти.

Од минатиот викенд до денеска во Виница затруени се повеќе од 170 лица, а надлежните институции Центарот за јавно здравјe и Агенцијата за храна и ветеринарство како воопшто и да не постојат.

По минатонеделното труење екипи испрати само Државниот санитарен и здравствен инспекторат од каде што потврдија дека затвориле една сендвичарница. Што воопшто сработија екипите на Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветерина кога една недела подоцна има ново труењето од други угостителски објекти со двојно поголема бројка на затруени граѓани.

Граѓаните бараат одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство дали некој врши контрола на тоа каква храна и пијалоци се пуштаат во продажба во угостителските објекти како во Виница така и низ целата држава.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Македонија

Јанакиески: Остај ги мениците на портирница во штабот кај Бришкоска

Објавено пред

Во телефонски разговор од 2013 година соговорник разговара со ексминистерот Миле Јанакиески. Миле му вели да ги земе мениците и да ги однесе во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Чуј се со Дејан. Земи ги мениците и однеси ги во штабот“.

Во следниот разговор меѓу нив двајца соговорникот му кажува на Миле дека стигнал во штабот и прашува каде да ги остави мениците, на што Миле му одговара: „На портирница кај Билјана Бришкоска“.

Јанакиески ја прашува соговорничката дали може да се префрлат пари од донации од партиската на сметка на партијата отворена за изборите и колку точно пари според Изборниот законик може да донираат правни, а колку физички лица.

Во следниот разговор Јанакиески кажува дека нашле чаре за парите и дека работата е завршена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Дури 120 лица вчера во текот на ноќта побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница откако почуствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија2 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет3 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија3 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ4 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести4 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа4 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет4 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија21 час

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура23 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија23 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија1 ден

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија1 ден

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 ден

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ1 ден

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет1 ден

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа1 ден

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија1 ден

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Забава1 ден

СЗО: Поради консумација на алкохол годишно умираат три милиони луѓе

Алкохолот годишно убива околу три милиони луѓе низ целиот свет, односно прекумерната консумација на алкохол убива повеќе луѓе отколку сидата,...

Досие